Како и се движат цените кај Емилија??? Планирам да се истетовирам, па се распрашувам каде по колку се цените, знам дека цените се поставуваат според големината на тетоважата ама пак одприлика некоја бројка ми треба ако ме разбираш, да си знам
Интересни ми се оние што сакаат да истетовираат What doesn't kill me makes me stronger, а не го прават тоа од страв од игли.
A секако и оваа неможам да ја разберам како тоа секој 2р човек ја има ... зарем толку мнн грешници има???
За мала тетоважа решена сум дека ќе ставам само си дадов време да размислам убаво во врска со тетоважата бидејки тоа што сакав не можам да го направам во помала верзија и баш на местото на кое што сакам и затоа сега разгледувам други тетоважи .. И кога ќе се решам дефинитивно ќе ставам, немам некој страв од тетовирање, татко ми има тетоважи и добро е запознат во врска со сигурноста при тетовирање затоа кога ќе одам да се тетовирам тато рака под рака и со мене
Мразам вакви огрмони тетоважи, прегрди ми се, и шо дека ќе си го ишараш телото со глупости или цели раце истетовирани. Чисти глупости. Јас сакам некоја малечка тетоважа која ќе има големо значење за мене, некоја си буква од личност шо мене ми е стварно многу драга и сл, некој цитат, на рака долу кај дланката или грбот, единствените места што ми се допаѓаат за тетоважи. Сакам многу тетоважа, ама мајка ми ми рече дека ќе ми ја исечи ако ме види со тетоважа. Ама се во свое време.
Јас сакам тетоважа. Некоја голема или некоја мала со добра порака. Само болката .. Овие со ѕвездички многу се слатки. Како помала се тетовирав со оние од сакавчиња, само ѕвезди и срциња. Оохх, колку ми е убава. Срциња, баш онака за женско. Прекрасна е. Мислам дека се заљубив. Сликичкиве ги постирав во случај некој да сака да се тетовира, можеби ќе му се допадне некоја.
Мене ме интересира дали повтарањето на тетоважата се наплаќа повторно или тоа ме следува ? Треба да одам да ми ја повторат повторно,па ме интересира да си знам ?
Јас имам тетоважа скоро 7 години. Крст на задниот дел од десното рамо 7х5см (отпилика). И воопшто не се ни каам и не ми ни смета. Само се мислам некогаш да ја подукрасам...
јас мојата ја направива лани летото на долниот дел на половината не ме болеше многу , ме тетовираа околу 2 часа ...Мн. си ја сакам
Единствени тетоважи кои ми привлекле внимание се во овој стил. Али преголем залак ми е за сега, за ваков голем Чекор мора многу да се размисли.....а и мажулево премногу ме разубедува, ми уништува филм
Мојата комшика има вакви крилја истетовирано.Кога прв пат го гледаше спотот од ДНК ми се чини имаше во спотот една девојка со такви крила ја виде и рече - јас утре ке направам ваква тетоважа и никој не и веруваше и утредента стварно имаше направено , инаку и зеле околу 120 евра за истата димензија како на сликата во црно бела варијанта . Потоа ја фати зависност од тетовирање и мегу крилјата стави крст , па на вратот го стави тој знакот црно и бело (јинг јанг ) , па долу на ногата пеперутка и сега најново има напишано несто на зглобот на раката со арапски букви... Е што е многу , многу е ...но таа никогаш не се има покајано.Што знам ,мене тоа некако ми е многу за девојка , а и пари се фрлат многу...
долго време ја меркам тетоважата на cheryl cole Планирам да направам слична таква..многу ми е sexy како подвезица ми делува како ви се допаѓа вам? ова е нешто слично