Можеби ако се одлучам сигурно би била некоја мала а не двометарска,црна боја би било а не шаренило врз мене ама сега за сега не сум за
Ја имам оваа кој е иницијалот на ќерка ми, со нејзиниот најубав збор пеперутка како преобразба не краткотрајност.. Планирам да ставам иста како девојкава апарат на прстот, зошто мислам дека никогаш повторно нема да ставам венчален прстен така да ќе си бидам во вечна љубов со апаратот, и една поголема на грбот, со дрвја (долговечност), птици (слобода), и ќе виси апарат, и мало девојченце ќе се лула.. ја цртам и осмислувам ама наредно одење во Скопје, ќе завршам и со тоа. Не е ради реда туку ми има значение.. огромно, си ја поврзувам со струката моја, желбите, и хедонизмот кој природата ми го дава, склопено со фотографијата.
Љубам болеше многу на вратчето тетоважата? Најгадните тетоважи. Чисто помодарство. Што значење? Ѕвездено небо? И еден ден кога ќе бидеш баба, ма не многу е баба, кога ќе имаш 10 години плус и кога ќе те прашаат што се ова ѕвездиве што ќе речеш? Се шаркав во младоста без везе и имам ѕвездички. Лилааа колку слатко. Без навреда ама цветичи обични, ѕвезди и тетоважи копија на познатите се срање. А нај нај грди се тетоважи со сопственото име или иницијал. Сопствен бе Тетоважата ќе ви го краси телото цел живот, одберете со УМ тетоважа, да го краси телото како што кажав, а не да се срамите од неа за некоја година. Јас љубам тетоважи кои се оригинални и кои се со цел ставени, кои кријат приказна во себе. Еден ден сигурно ќе имам некоја на телото, мислам дека ќе претставуваат порака за луѓето кои ми значат во животот а тоа се моите, сестра ми и еден ден децата мои. Кога ќе имам во животот причина добра и некој нов почеток нов старт сигурно ќе го крунисам со игла и боја на моето тело.
Во главно сум против тетоважи само од помодарство, без никакво значење и идеја, но нажалост сé повеќе и повеќе такви гледам. Најтрагично ми е што кога ќе прашам дали им се допаѓаат, голем дел се несигурни или паметно успеваат да го избегнат одговорот. А страшно ме интересира дали девојките што се тетовираат во пределот околу стомакот имаат во план да раѓаат деца или не??? Јас лично имам само една и тоа од естетски причини која ретко кој ја забележува. Друга сега за сега не би ставила зашто немам идеја, но не ја исклучувам можноста тоа некогаш да се случи.
Својата прва тетоважа ја направив на 17 години , испуштив многу прилики во животот заради неа , како што се фини сериозни момци , ме одбија и на полициска академија , но НИКОГАШ не се покајав , бидејќи дого време сакав да ја ставам и никогаш нема да се покајам ... А што се однесува до тоа дали ќе ме прашале на стари години што ми значи тоа , не ми е гајле бидејќи децата и внуците сигурно нема да ми го видат газот гол
За осумнаесетиот роденден дефинитивно си ставам тетоважа. Малецка реченица, на арапски напишана, која има голема поврзаност со она што сум и она низ кое сум поминала, а и сеуште поминувам.. Само сеуште се двоумам дали на левата страна од клучната коска или на левата плешка. А за понатаму, може некоја уште помала на врат. Не ми се допаѓаат оние енормни тетоважи по целото тело, па уште ако е некоја глупава и шарена слика..
На Мiami Ink гледав девојка што тетовираше ѕвезди долж стомакот. Кога ја прашаа зошто се решила на ѕвезди, одговори дека во ирската мислам дека беше култура ѕвездата означувала здравје, а воедно и нешто што од далеку е убаво,а од блиску не толку. Понатаму ја започна својата приказна како била опседната со своето тело долго време.. сите мислеле дека е океј, но таа во себе полека умирала. Кога дошла на работ на анорексија, сфатила дека нешто мора да промени. Всушност ѕвездите се во името на нејзиното здравје и на годините кога поминувала низ пеколен период. Taка да не треба да се има одредено мислење за некои симболи, само затоа што се популарни. Секој со својата приказна. И да ставаат за мода си одбележуваат период од животот... кога биле attention whores и после тоа ..
Се сложувам со тебе дека не се шкртка туку така било што на своето тело. АМА, можеби некое цветче или звездиче кое тебе ти е смешно, за некого има многу посебно значење.Какво? Тетоважите се многу лична работа. Лично јас, мразам кога ќе ме прашаат што значи мојата тетоважа.Јас си знам и тоа е доволно.И гордо си ја носам веќе 8 години,иако не е баш на видливо место. И да, во склоп на тетоважата го имам и мојот иницијал
Aпсурдно е да се зборува за значењето на нечива тетоважа. Демек сеа во мода се ѕвезди, па има еден куп тетовирани со ѕвезди..ама не значи дека на сите тие тетоважата им е од мода ставена. Крај краева,тој шо ја ставил,тој ќе ја носи и негов проблем. Инаку,јас среќна и задоволнa..успешно помина првата тетоважа.Се напнав после тетовирањето заради инфекции и слични срања,али во ред е. И да,премногу ја сакам тетоважата.
И јас би ставила тетоважа на некое скришно местенце , само за мене да си е, оти што знам... не сакам да бидам бабата со тетоважа. Тетоважите во младоста ми се океј и кул, одраз на free spirit и карактер, а кога ги гледам на стари луѓе ми се.... грозни. Па да не должам, би си истетовирала едно вакво, ем ја носи мојата почетна буква, ем е симболот за шкорпија, мојот знак и подзнак, ем тоа машниче ми делува детско и witty, ептен јас, шлакнато. А оние клише пеперутки, ѕвездички, ружа пуна трња , кинески букви, трајболи ми се страшно одбивни, ама секој си има вкус и приказна, па што знам... иако мора да се признае дека е бајаги неинвентивно.
Тоа за значењето на тетоважите зависи од кој аспект ја гледаш тетоважата. Некој тоа што му значи го тетовира и автоматски има значење, некој на тетоважата гледа како на украс на телото и како таков го става. И двете до некаде си имаат смисла.
Со сето должно поштовање, ама зошто би те одбиле на полициска академија, ако тетоважата ти е на задникот??
Се сложува со starfish. Тие правила кои биле порано сега не се гледаат толку, затоа што таму се влегува на друг начин, а не со дисциплина и според правилата. Ако важи тоа правило, не треба да имаш ни повеќе од 2 обетки на телото, да имаш средена фризура без фарби итн, нема деколтеа... така да тие правила ги убија чичкофците Мито и Корупција. А и јас се прашувам што ќе ти бараат на газот? И бај д веј, еден предлог за тетоважа.