јас веке си направив една тетоважа и исто како трендафилка си направив онакво знакче само без панделка и токму поради тоа што сум шкорпија во хороскоп а и тоа е и првата буква од моето име.а и сакам да ставам на стомакот исто како на сликата само без цветот и се разбира да не е толку голема колку глушецот од компјутерот да е одприлика и се разбирам сакам ѕвезди не затоа што во Ирска се користи за да се симболизира добро здравје или пак дека во древниот Египет тоа бил симбол за небесното небото,туку затоа што ми делува женствено,а и една случајно пребарувајки на нет најдов дека во астрономијата тоа е симбол на женственоста.А и да се двоумам затоа што некогаш ке треба да сум трудна и мслам дека ка ќе се уништи но сепак мн сакам да ја направам.
Некогаш посакувам да имам мала слатка тетоважа само не на многу експониран дел од телото. Ама пичка сум, страв ми е да направам. Едно страв од болка и друго уште побитно страв ми е дека ќе ми здосади уште одма, ќе се предомислам кога веќе ќе ја имам. Не викам не, никогаш не се знае. И еве нешто интересно за местоположбата на тетоважите:
Еден ден ќе ставам. За неколку години можеби. Мала, убава, на интимно место. Сама си ја осмислив, спој на неколку работи што ме чинат мене. Тетоважата ќе го вришти моето ЈАС .
Немам и не сакам никаква тетоважа. Бидејќи најчесто се тетовира нешто кое ни значи и ни е мило, јас се` што ми е значајно си го чувам во срцето само за себе. Не сакам никому да го покажувам. Постојат и некои симболи, цитати, но ние луѓето сме променливи; денес можеби ми се допаѓа, ама утре не. Па потоа треба со сила да ја носам тетоважата или да ја бришам. Си го сакам телото вакво какво што ми го дарила природата, и не сакам со ништо да го обележувам и шарам. Не ми пречи кога некој е со многу тетоважи на него. Секој си има право на избор. Иако денес тетоважите се повеќе од хир, отколку од реална потреба за нешто.
Ако еден ден се одлучам за тетоважа тоа би биле само првите букви од имињата на моите две деца. Се друго мислам дека не е доволно силно и вечно за да го врежам на својата кожа. А името на мм?Па ,можеби ни тој нема да е вечен со мене и за мене ,така да само децата. Лоша сум нели?
Јас имам тетоважа,мала на грбот поточно на последниот пршлен.Ја направив кај Боби ( Слободан Ангелов ) и немав никакви проблеми. Не ме болеше,некоја мала тапа болка осетив,ништо повеќе.Само после тоа треба редовно да ја мачкаш со екодерм и да ја бришеш со бекутан влажни марамчиња затоа што тие се без алкохол.Никако не смееш да ја оставиш сува тетоважата во првите 10 15 дена.И треба да биде прекриена со памучна облека да не се трие за да ти остане темна,да не избледе многу брзо не се мисли,одма на тетовирање
Сакам да направам тетоважа на левата рака под дланката кај вените и да го има симболот т.е белегот на Хари Потер што го има на челото.Тоа ќе го ознaчува дел од моето детство.Хари Потер ме натера да сватам некои нешта.И токму поради тоа сакам тетоважа со неговиот белег. и dreamcatcher на вратот одзади
Тетоважата ми е најголемата неостварена желба... засега Ветив првата работа која ке ја направам кога ке наполнам 18 е да ставам тетоважа, не дека имам страв од моите... татко ми веќе ме поддржува, дури и ми вика ај заедно ке одиме Епа имам уште малце време да размислам каде и што ке биде.. еве неколку кои ми се вртат во паметот ама сакам тоа да биде нешто посебно и уникатно и да ми значи.. не сакам да е голема и да се гледа од сто километри, сакам малечка.. можеби на левото крило или на вратот или на зглобот.. еве некои примери: што е до мене јас цела би се истетовирала ама не е убаво, не сакам потоа да си имам проблеми хахах а и не знам зошто на некои им пречат тетоважите, пример ако одиш на интервју за работа.. тетоважата не мора да значи дека не си доволно добар.. тоа се апсурдни предрасуди :geek:
Јас ако ставам тоа ќе биде на десното стапало, барем така планирам сега, и ќе биде симбол на нешто што ми значи. Би почекала уште некоја година за да бидам сосема сигурна, не да жалам дека сум избрзала. Спојлер Еве некои што мене ми се интересни
Местово за тетоважа, ич не е паметно одбрано...а тетоважичето е о.к. Meggy, претпоследната постирана тетоважа е совршена...
Зошто тоа место не е ок? Јас би сакала на истото место да се тетовирам или малку погоре.. Еве нешто интересно:
http://a1.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos- ... 4949_n.jpg женски ви се свиѓа тетоважава? сакам ваше мислење )
Мене лично е безвезна. Прво многу ретко ми се допаѓа тетоважа во боја,потоа не ми се допаѓа како е изработена и трето..не ја знам поентата.Можеби си има поента,ама за мене тетоважава за вакво место е утка.
Meстото ми се свиѓа и мене, пошо ваљда тука некаде ќе ми е мене втората тетоважа. АЈ за бојата како било, ама прогуглај..ако веќе не сакаш нешто симболично,има многу подобри тетоважи