Едноставна е прилично тетоважата (не сакам сложени, мн цртани, боени сликовници), не ми е мене да одам кај најдобриот, ама гледам за хигиена да е на високо ниво, а овој е супер во однос на то. Да одам во друг град, прво не познавам никој, ајде ок ќе се распрашам ќе пронајдам некој мајстор, ама сепак ќе ми е шубе за чистота и добра работа. Ова е нешто што го редиш еднаш во животот, после џабе каење ако не испадни добра... Изгледа ќе морам да заштедам плус некој денар...
Што поголема тоа поскапа, мојата е колку кутија од цигари и е 50тина евра. Сенчање и додавање и други бои тоа си е дополнително и цената расти. Мојата е обична. Ама многу треба да се внимава на хигиената на мајсторот, како работи, колку внимание посветува...поарно да платиш повеќе отколку да се заразиш, недај боже. Барем ќе можиш да спиеш мирно. И немој да се лажиш да одиш на друго место, кај човек што не го познаваш, ако го познаваш него, немој да се мислиш.
Е мојата не е ни половина од кутија цигари и замисли ми бара до 1800, а ти повеќе од дупло поголема 3000 си ја платила. Плус ако е крст (мислам дека спомна) сигурно е малце исенчан нешто, а мојава е само цртана, слаби линии... Ќе размислам, ќе видам некоја опција плус...
Нела претпоставувам дека си од Охрид. Јас се тетовирав кај Митко, тетоважата ми е нешто поголема од кутија цигара,боена плус сенчана е. Ми зема 2000 денари мене,а пред тоа ми рече околу 50 евра дека ќе биде. За хигена и умешност,нема коментар за него, ѕвер е..Па по ценава шо ја кажа претпоставувам дека кај него планираш.Заштеди уше некој денар,барем сигурна си.
Да, за Митко зборувам Кај него редев пирс пред скоро две години па видов дека многу добро работи и колку е среден и хигиеничар, па одтогаш го планирав за тетовирање него како избор. Ова со првичнава цена изгледа финта му е некоја... се надевам ќе ми смали и мене накрај, во секој случај ќе си имам стокмено јас плус пари 30е не ми се дава за оваа тетоважа, ама тоа е
Ја одбрав наредната моја тетоважа На истото место, само место faith ќе биде или иницијалите или целото име на синчето, затоа што само љубовта кон детето е бесконечна
Малечка и тоа на некое подискретно место кое за одредени ситуации може да се прекрие ми е ок, но кога видам девојка со огромна тетоважа во боја ама ич не ми се допага
Хм, јас ги оправдувам тетоважите. Ако премногу сака другарка ти, зошто да не? Прво и основно, колкаво е чупето? Сеа нормално дека 10 годишно девојче нема да шета со ишарано раче, ноже, половинче или вратче хаха . А и јас најдов да зборам, имам 14 години а имам две тетоважи, над левата задница и на вратот И да, ги оправдувам тетоважите, ако другарка ти е над 13 години, од мене ја има целата подршка, тетоважата според мене го прави телото по специфично, го прави ем помодерно, ем поразлично од другите на тренди начин
Бела на 14 години имаш 2 тетоважи??? Добро девојче со кој ги редеше тетоважите? Секој нормален тату-мајстор што работи легално тетовира само полнолетни или малолетни со придружба и дозвола на родител/старател. А чисто сумљам дека родител ти дозволил да ставиш, пак две... Неможам да ја сварам замислава, дете да го гледам исцртано бе, и то ради мода и тренди тело И јас сум оупенмајндер за вакви работи ама ова е премногу. Мене ми требаа години да се решам за тетовирање за некогаш да не жалам за то... вие ја гледате тетоважата како нешто банално, од денес за утре...
Па да, како што кажа, со дозвола од родител .. Кајмене ми дозволија али тоа шо велиш изцртано ...Ехх сеа да не претеруваме ! Имам мала пеперутка на вратот и тоа ептен мала минијатурна, а за 2 прста поголема е тетоважата над задникот. Секако кој како му дозволуваат од дома. Кајмене една другарка се истетовира на глуждот и мене ми се бендиса и прво земав дома им раскажав шо како и шознам не ми правеа проблем . А и според мене не глеам нешто чудно Спојлер
Искрено, не знам дали да речам браво колку современи и либерални родители имаш или колку жално е што се дури толку многу либерални... Невкусно, недолично, за мене. Ваша работа сепак. Не дека јас не би и дозволила на ќерка ми да стави, ама нема шанси да ја оставам под 18 години. За понатака не и треба моја дозвола, али би ја подржала, но нормално ако има добра смислена тетоважа и има цврсто решено дека некогаш нема да зажали. Кога ќе помислам на прелиберални, модерни родители и со толку опуштен однос со децата ми идe слика на Озборнови. Кој го гледал нивното шоу знае на што мислам.
Хохохо...Моиве родители се премногу модерни и либерални како тие шо ги кажуваш Озборнови, или пак ти си малце назад со времето? Сестра на моја другарка која е 10 години има тетоважа на рамото . А инаку тетоважата над задникот ја имам и јас и мајка ми бидејќи тој симбол нешто ја асоцирал и затоа и мене ми рече да истетовирам. А малава пеперуга на вратот беше мој избор. И да, ако мислиш дека не сум постапила правилно, задржи го мислењето за себе. Крај краева можиш ли да ми објасниш шо е толку лошо во тетоважите?!?! А и јас не сум сликовница, две тетоважи бе и одма почнавме фаци како „ “ „ :geek: “ „ “ „ “ ..Секој си има различен стил на живот, некој тетоважите ги смета за глупост, а некој не. И да, во скоро време најверојатно за летоска, планирам трета. Ај сеа прати ми го ова смајли „ “ Наместо да ја добијам подршката што ја очекувам од феминките на форумов, јас добивам критики за моите две ТЕТОВАЖИЧКИ од кои таа на вратот не е трајна ахахаха. Те молам nela.oh просветли ме!
^ Па нормално е така да реагира, посебно кога дете под 14 години има тетоважи. Среќа е привремена, која пак си бара нега. Мене ми е нелогично родител да дозволува дете да прави тетоважа. Полнолетство, 18 години па донесувај одлуки, иако јас сега со мои 25 години кога се навратам на свои 18 сваќам дека нималку не сум знаела а ни денешниве деца знаат правилни одлуки да донесат на таа возраст, а не па на 13. Човече јас на 10 години лепев тетоважи од мастики. И на 14 уште лепев. На 18 се лажев со оние тетоважи од кна. А вие од 10 години имате тетоважи? Е прости ми ама што разбира дете од 10 години што сака во животот и што сака да носи на своето тело? Што? Или е имитација на тетоважа од познатите или е пеперутка, ѕвездичка ил некое симболче. Да не имате вие малолетниците став за животот па да го истетовирате на телото? Не е нормално дете да има тетоважа од здравствени пред се причини, а бидејки дете до 18 години расне, а самата тетоважа може да го изгуби својот лик. Телото не е лист хартија кој се шара, а потоа ако не ти се допаѓа само сврти го листот. Обожавам и почитувам тетоважи, но за се во животот има време и нема потреба од избрзување. Јас никад не би подржала тетоважа на дете, ни сега ни за 50 години. Освен ако не е тетоважа од чунга лунга
Ти ја давам цееелаа подршка што ја очекуваш, онака групно како од сите феминки! Дури ако сакаш и ќе дојдам лично да ти дадам подршка, онака, може да ти се соплаче во моментот,деца плачат, да сум тука да те тешам. Јас на твои години плачев што немам дозвола да шетам покасно од 11 ипол. Ама еј, вие сте современи, ние сме заостанати, јас ли најдов ум да ти солам?! Ајде едно големо браво за пораснатото девојче со зрели размислувања и сфаќања и да не ги заборавиме прекрасните родитеи! Толку од мене за тебе. Ајт поздрав
That's me, accept me or go away. Немам шо да кажам веќе, се си кажав во претходните мислења. Поздрав!
Де бе па и вие сте се фатиле со 14 годишно девојче да исправате криви дрини. Никој не ги разбира, нема ни да ги разбере,а се додека добиваат дозвола за секоја нивна моментална желба, за 20 години хероинот и екстазите ќе се легални, ве уверувам во тоа.
Прво- тетоважата точно дека го прави телото поспецифично и ке праиме муабет пак по 4-5 години кога ке почне да ти избледува и кога ке се здебелиш макар 3 кила ке ти се растегне и ке ти стане како залепена мастика на асфалт- НИКАКВА. Ти очигледно неможеш да сватиш дека тебе телото уште ти се менува и се развива на 14 години и според мене и ти и мајка ти а и татко ти може слободно да одите во неповрат бидејки ова не е здраво. Второ- имаш тетоважа пеперутка на вратот уште на 14 години. Општо познато по светот на тетоважите е дека за пеперутката се вели дека е tramp stamp, а истото се вели и за тетоважите над задникот односно на половината. Од твоите тетоважи заклучувам дека имаш светла иднина пред тебе (ако свакаш на што мислам) бидејки родителите ти се толку кул и современи што ништо чудно да ти дозволат да се проституираш. Трето- од мене имаш целосна поддршка за твоите сегашни а и идни тетоважи бидејки запомни дека јас ке бидам секогаш тука да ти бришам солзи кога ке сватиш што си направила и да ти дадам морална поддршка кога ке сакаш да подлегнеш на ласерско отстранување. п.с. Јас еве како те замислувам, само што девојчево е доволно паметно да стави лепенка-тетоважа за разлика од тебе. YOUR ARGUMENT IS INVALID
Добро, значи ако не сум кажала ќе кажам, мој проблем е што ќе биде после 4-5 години Хахаха и фала што ќе бидеш овде да ми ги бришеш солзите, ама не верувам дека ќе ги има . И не сваќам зошто воопшто толку ме напаѓате??Немора ни да сватам! Не сакам веќе да објаснувам ништо, тоа е МОЈ ПРОБЛЕМ. Си имам 2 тетоважи на 14 години,да така е, и тоа го напишав бидејќи темата гласи „Тетоважа“ да се каже искуство, дали се оправдува или слично, а не да се критикува некој кој си ставил тетоважа на порана возраст! Секако, не ни прашав како да ја отстранам тетоважата, нема ни да прашам! И ај ќе ве молам, не ми го цитирајте и ова мислење, се осеќам глупо веќе, како да сум будала на која не може да и се докаже. А и онака ме фати ем инат а и мрза и несакам да објаснувам. Си имам тетоважи и си ги имам за мене. Тоа е тоа. Фала многу, пријатно.