Да се стави тетоважа е добра интересна работа додека си на помлади години.Вистина е дека кога ќе ставиш некое кило повеќе таа веќе не изгледа баш како што отсекогаш си сакал да биде , но сепак треба да се стави у варијанта дека еден ден таа тетоважа можеби ќе ти присмета...Сигурно не е нешто прекрасно да видиш постара жена со деца и тетоважа на градите. Имам сосетка која има 35 години и заради нејзиниот пајак на градите за време на летото носи позатворени блузи за да не се гледа..Но сепак тоа е личен избор и зависи од размислувањето на родителите....
Ај кога сум веке тука да ставам слика и од мојата, мислам дека не сум ставила овде? Левото рамо назад. Добро велат ако еднаш се боцнеш, ти нема спас, зараза е. Веке ми е смислена и втората, ке ја направам најверојатно на есен.
Ајдееееееееееееееееее Сеа излезе дека лажам, а? Да, 14 сум за три-четири недели полнам 15, и имам 2 тетоважи, така е. Инаку, зборувате за тоа на 14 год. да се има тетоважа како да е најлошо нешто, а не знаете колку полоши работи прават децата на моја возраст! Тинк абаут ит.
Не,трето е светот е у курац.Мала ми е гајле,сакаш истетовирај се од глава до пети..муабетот е друг: не е нормално.Прво си недораснато створење шо до 18 години ќе измутира не за 360 туку 360000 степени.Тетоважите шо ги имаш ќе ти здосадат.Ќе ти здосадат зошто на 18 ќе ти биде друг филмот,а сега не си способна да размислуваш за твојот стил,а камо ли да ти значат нешто тие тетоважи.И да,и ти и родителите твои сте у курац ако ти дозволиле на твоето недооформено тело трајно да се шкрташ. А муабетот на Црешичка дека од твоите тетоважи се заклучува иднината..е лајна од нужникон.
Овде како и во повеќето западни држави е забрането со закон тетовирање додека не се навршат 18 години, ни со дозвола од родител/старател не можеш да се истетовираш. Јас сакав да ставам тетоважа кога бев 17 години, законот ако ми го дозволеше тоа ќе имав слична на таа што ја имам ама на многу по видливо место, иако имаше значење големо за мене самата тетоважа сепак на тие години мислев дека ќе ми биде интересно на сите да им објаснувам што и колку ми значи тетоважата. На 18,5 кога се тетовирав одбрав помалку видливо место (се гледа само кога сум на плажа) затоа што значењето на тетоважата ми беше важна само на мене и немав никаква потреба на било кого да му ја објаснувам што и колку ми значи таа тетоважа. Година и пол не е којзнае колку време за да созреам ама на 17 сеуште бев на училиште а на 18,5 веќе почнав да работам и имав други приоритети и обврски. Ако навистина има детето на 14 години 2 тетоважи и тоа станува тренд тогаш би требало и во МК да се донесе закон сличен како и во западните држави, затоа што не е нормално да се става трајен печат на толку нежна детска кожа, а за родителите кои го дозволиле тоа апсолутно немам коментар.
Абе незнам дали ми ги читате мислењата или само зборите...ТЕТОВАЖИТЕ НЕ СЕ ТРАЈНИ!! Бај д веј, beached грешка читам или ти ми се обрати со мала ? Жими се, не сум баш сигурна што е ојдено во курац. Ваквото понашање на една полнолетна зрела личност или ТЕТОВАЖИ (КОИ НЕ СЕ ТРАЈНИ) на 14,9 годишно девојче. Нема веќе да коментирам во темава, бидејќи знам дека не сум згрешила! Да беа трајни па ај да се покајам, али не се и немам гајле. Инаку со тебе beached само во ова би се согласила: Поздрав девојки, и сите што имате нови тетоважи со мерак да си ги носите, а тие што планирате, со среќа
Bella и ти не знаеш што зборуваш, еднаш рече само едната е привремена, сега и двете не се трајни. Одлучи се. Не дека сум нешто посебно заинтересирана за тоа, ама барем ако ништо друго научете да лажете правилно. А само да искоментирам во однос на тоа дека ако накачи 4-5 килца ќе и се измени тетоважата, тоа е тотална глупост, за да се измрда тетоважа потребно е кожата да претрпи некаква траума. Најлошо што може да се случи со тетоважата при накачување на телесна маса е „растење“ на тетоважата, значи ќе се прошири заедно со кожата ама нема да ја изгуби формата. И тоа ова се случува кај минимум 10 килограми разлика. Е сега конкретно за девојќево што е во пубертет, не се знае колку ќе се смени, ама тоа дека тетоважата нема да и личи на ништо, сепак најмногу зависи од локацијата, ама нема да претрпи огромни промени. Повеќе промени се јавуваат при драстично намалување на телесна маса.
Бела јас колку што прочитав, ти имаше пишано само дека пеперутката не е трајна, а за другата не. Како и да е, ако не се трајни, можам да сфатам, ма јас и да беа трајни сфаќав, и ти и твоите сте изветреани, без навреда, ама стварно. Моите роодители би имале поинаков став, исто и јас како родител во иднина, би имала тотално поинаков став, и не само јас и моите туку 99% од опшествово поинаку гледа на овие ствари. Но...јас неможам, несакам и несмеам да судам. Според мене тетоважа не е слика ниту украс на тело, туку лично обележје на една личност, која има значење во нејзиниот живот, или во одреден период тој знак, реченица, симбол значел многу. Неколку пати сакав да се тетовирам, навидум многу комерцијална тетоважа со огромно значење за мене, но секојпат одложував, иако знам дека нема да зажалам никогаш доколку би ја ставила, сепак сеуште не сум доволно спремна психички да се обележам за цел живот. Ич не ги почитувам тетоважите ставени ко украс, ете да стои, инспирирани од трендот кој е актуелен, копија на некоја претходна. Сакам тетоважа која на прв поглед ќе изгледа досадно, обично и комерцијално, а од друга страна само јас ќе го знам нејзиното значење, не сакам да ми се гледа, премногу ми е фалбаџиски тој момент, туку сакам на некое „поскришно“ место да биде. Првенствено ради себе, второстепено ради околина, таква ќе ми биде професијата јавна и опшествена, а нешево опшество уште е отпорно и преконзервативно спрема тетовирањето.
Бела Хани. Првенствено имаш многу лошо изразување. Ќерка ми што е помала од тебе 8 години се изразува покултурно. Второ среди си ги мислите и размисли што планираш да кажеш и за да излажеш за да останеш забележана. Трето научи да прифатиш критика. Ако не задржи си се на образованието што го имаш наведено. Туку јас после 10 ти ја правам таа со апаратот на прст како прстен и на другата рака на еден прст сакам тетоважа како оваа само што ќе пишува Мила и до нејзе ќе стои клуче. Или пак нејзиното име во знакот на бесконечност.
Леле сега го забележав ова. Ете ти мајки, не знам што да кажам јас планирав да го вметнам цело име на ќерка ми.
Ти не знам како свати што сакам да кажам, нема ни да пробувам многу да ти објаснувам. Како и да е муабетот ми беше дека не ги оправдувам нејзините родители што и дозволиле тоа да го направи толку мала , и проблемот всушност е во нив па не ме чуди и нешто друго да и дозволат ХкММм! (значи не е напишано тоа за буквално да се свати ама јебига има и такви). Да не сум офтопик темата не е тетоважите на бела хани, не е она ништо битно па да се објаснувам нај накрај! п.с. Потполно се согласувам со Најубава од збор до збор. А ти одлучи се дали ти се трајни или не, и доста лажеш овде. Не си јака ако имаш на 14 години 2 тетоважи и планираш трета, туку напротив виде на какви коментари наиде. Сега ке отворам тема за привремени тетоважи па коментирај таму и не стварај збунки, не за друго и јас бев погрешно сватена и цитирана за без врска.
Јас искрено се надевам дека си од генерацијата растена со амерички батаци и други мезиња полни хормони, зошто освен ако не ти е целосно развиено телото за неколку години те чека големо изненадување од изгледот на твоите тетоважи. Не е тоа прашање на либералност, тетовирање на мала возраст не се препорачува затоа што кожата расте и ќе ти се изобличат. Греота.
Убава реченица Инаку за тетоважи,ми се допаѓааат мене ситни,мали тетоважички НО да бидат со некакво значење,а не туку така само од лепота,но сепак јас не би се истетовирала
http://www.idividi.com.mk/panorama/bizarno/757530/index.html http://zazabava.com/tetovirani-i-goli-foto