Свесна сум дека сум мала (13 години ) за тетоважа , но сонувам по една мала дискретна и со големо значење. Многу сакам некои работи да ги зачувам на пример : моливот со кој пишувала мојата симпатија , чувам многу работи во посебни кути , водам дневник кога несакам никому ништо да кажам ( многу нормално ) . Едноставно се врзувам за таканаречени ГЛУПОСТИ .......... Па затоа нензам дали понатаму да ставам мала странично од левата страана на вратот д аизгледа како клуч отвара некое катане од некаков Споменар или пак дневник или мало виолинско клуче ...... Можеби ќе ја ставам на 18 години но сепак јас да си прашам , сакам милсења и од други ..
Кога би ставала тетоважа сигурно ќе биди многу малечка, и да има некое значење, барем за мене. Сигурно ќе биди некоја буква, на личност шо многу ми значи, Би ја ставила на истото место како оваа тетоважа, ама буквата да биди убаво изработена.
Ќе дојде ред за тетоважа кога ќе ми се деси некој пресврт у животов. Сакам тетоважи безразлика дали се големи или не, дали се ѕведи што веќе биде клише или некоја буква. Кога ќе дојде време би сакала да биде тоа некоја мала и дискретна тетоважа, чисто да овековечам некој момент или личност. Пред да го напишев мислењево се мислев дека е глупост да се тетовира буква, инизијали или име на личност, но откако размислив мислам дека и не е толкав кич. Сепак никад не би тетовирала име на некој што го сакам као дечко/сопруг и тн. Би тетовирала спомен од баба ми бидејки има посебно значење за мене, не би името или иницијалот. Сакам некој предмет шо ме потсеќа на неа(ги има еден куп). И да, никако во боја. Се ежам од таквите тетоважи, не ми се допаѓаат воопшто. Исклучиво црно мастило на моја кожа.
Мене мислењата ми се 50:50 за оваа тема и еве една тетоважа која би сакала да ја имам на моето тело доколку некогаш се одлучам за ваков чекор:
Еден ден ќе ја имам. Во чест на човекот кој имаше огромно влијание на тоа како јас се развивав како личност и кој ми е на врвот од листата на омилени писатели заедно со уште неколку и во чест на една длабока поема која ја знам на памет и на англиски и на македонски, поема која ме инспирира и која ја читам секој ден. Би ја ставила на внатрешната страна на глуждот. И гавранчето да биде попрецизно.
Сакам да, и ќе ставам тогаш кога ќе успеам да победам една работа во животот која стално ме кочи. Тогаш ќе ја направам, а знам дека ќе биде во скоро време и тетоважата ќе ми биде симбол на еден нов почеток, без еден голем товар. Сакам да го има ова напишано, ама не сум уште сигурно дали ќе биде тоа.. Но сепак има време.. Мене ми е само еден проблем што постојано ме кочи кон ова остварување фактот што посериозни фирми праат проблем ако имаш тетоважа на видно место.. Со оглед на тоа што сум човек што не размислува од денес за утре, туку и за долгорочни последици во иднина тоа ме кочи некако. А ете коа бев на интервју за работа кај Американциве една девојка не ја примија ради тетоважата, а имала тетоважа на стомак .. па не е тоа некое видно место ептен ама ајде и рекла заради тетоважата ќе се гледала можда од униформата дека аплицирала за нешто покрај базент да работи.. Тоа ме кочи не сакам утре заради тоа да имам проблеми од ваков тип, па не дај Боже да треба да дојде до тоа да ја вадам тетоважата што е многу поболно од самото тетовирање. А да, морам да кажам ми иде нагон на повраќање од тие звездички тетоважи.. тоа ти е сакам тетоважа да глумам фраерка, а поим немам шо сакам да значи, па шарај нешто по мене
и мене не ми се свигаат цели ишарани али малецка и скромна мислам дека добро ке стои секому . и јас кога би била постара би ставила