Јас барам идеја за тетоважа поврзано со тема "Dreamer" Има една страничка на која обично си барам слики, ама не најдов нешто посебно. Имам и свои некои идеи, ама сепак би сакала нешто за искомбинирам, и да размислувам убаво пред да се решам. Ова ми е најубаво место за тетоважа, ако некогаш би се решила.
Имам троа повеќе татуфки на мене.. Имам една на зглобот, на вратот и цел грб (ама се испофалив) Планирам сега на ногата да си ставам нешто дисктретно..дефинитивно е зараза. за болење-боли, секогаш кога идам си викам никад више не се нормални овие шо се тетовираат како ја можат оваа болка?? ама после 6 месеци до година заборавам...и пак си се појавувам кај мојот тату мајстор )
Јас сакам тетоважи! Пред неколку месеци нешо глеав на ТВ и мн ги засакав и татко ми ме пушти да ставам една ама да е мала и да не се гледа мн! И така сеа јас си ијам едно мало срценце на половината!
Девојки..ќе може ли некоја д ами каже што да правам со тетоважта кога се бањам?? ја имам веќе 3 дена и незнам дали смеам да ја намокраам ??
Да смееш да ја намокриш, потоа кога ќе ти се исуши од вода ја мачкаш повторно со гентамицин маст и ставаш фолија ако носиш тоа и така, само не ставај гел и сапун на неа зошто сепак тоа е уште како рана не е зарастено.
Ако ми дозволат родителите сега за 18 роденден ќе си ставам трајна тетоважа. Веќе подолго време ми е желба да ја имам тетоважата на Ријана, па се надевам дека нема да се покаам. Само мојата нема да е толку долга.
Со намера сум на есен да правам една тетоважа. Само што уште немам одбрано што ќе пишува, сеа за сеа само местото го знам.
Девојки да ве прашам за совет, сега планирам да ја ставам втората тетоважа и планирам на грбот да биде мала не голема во боја и ми побараа 100 евра..јас мислам дека за таа големина е многу...дали може да ми репорачате каде да се тетовирам бидејки на тоа место каде што одев несакам пак да одам
Мене ми текна нова идеја за тетоважа,сакам да си го истетовирам цитатот кој Тупак често го споменува во песните: Through every dark night, there's a bright day after that So no matter how hard it get, stick your chest out Keep your head up, and handle it И на крајот некоја нота,и одоздоле да ми пишува Тупак...таман 3 работи ќе ми се содржат во тетоважата:цитатот,љубовта кон музиката (нотата) и кон Тупак. Сакам да ми биде на раката,за да можам да си ја читам секогаш кога ќе ми биде тешко.