И јас сакав тоа да прашам...дали може да не те примат на некое работно место само поради тетоважа? (еве јас стриктно си прашувам за полиција,можно ли е да не те примат поради тетоважа?)
Немој летно време да ставаш зошто штетно е од сонцето нормално ако идеш на одмор и од водата исто така не смеела да се натопи тетоважата така да септември ако ставаш тогаш стави
Па искрено сакав да си ставам летово, ама се замислив кога ми кажаа дека летно време можело инфекции да се фатат, а и еве ова ти сега што ми кажа со водава и сонцево.. а одам на одмор летово, така да ќе си почекам до есеноска таман и убаво да си размислам за каква сакам и на кое место
Вака зависи на кое место ја имаш а сега ова колку е точно стварно не знам ми кажа другар ко демек на полиција за да влезеш ги проверувале дали има тетоважа чисто сумњам ама ај или пак ако сатавш стави ја на некое место кај што нема да се види ))
Па најчесто влијаат, ама зависи дали ти е на видно место или не. Ако е некаде каде што е покриено со облека и нема шанси да се види не знам зошто би претставувало проблем, но ако е на видно место најчесто прават проблем. Мене тоа ме оттрга од преголемата желба да си ставам тетоважа. Инаку јас планирам при крајот на годинава или почетокот на следната да си ставам тетоважа, мајка ми ми дозволи, иако она повеќе стравува од мене за болката. Планирам да е infinity знакот, најверојатно од левата страна кај ребрата. А можно е да ставам фраза на латински, секако некоја ако ми се допадне сега откако ќе почнам да учам латински.
Циа може да ти направат проблем доколку тетоважата ти е на ептен видно место, јас затоа два пати се подразмислив кога сакав да се тетовирам на зглобот на раката. Во еден муабет со еден „чичко“, ми кажа како во секоја државна институција важи правилото за пристоен изглед, негде во униформа негде во строго определена гардероба, и како доколку имаш тетоважа која се гледа нема да изгледаш пристојно ко што требало. Никој не може да ти ускратува право да се тетовираш на грб, стомак, газ... Е сега не би требало и за другиве места да има „забрани“ ама ајде оди па докажи дека со тетоважа не рушиш углед и дека денес е нормална ствар, поготово на некој чичко социјалист или комунист.
па нормално е тоа колку повеќе ставаш тетоважи уште поголема желба имаш за повеќе и повеќе,јас си ставив една од десната страна на грбот и секако планирав сега од левата па на ногата па на стомак ама некако мислам и една ми е доволно но секако ако сакаш те поддржувам зошто да не позз
Jaс би ја поддржала зашто и јас сакам да си ставам или на грбот или на раката некоја мала тетоважа со некакво значење
и јас сум ЗА тетоважите... моите се против тетоважите но кога ќе напонам 18 сигурно би ставила И тоа ќе биди ова ... и ќе имаме скоро иста половина тетоважа со Вукашин Брајич
Мојата втора во изработка, во моментот на болка, 4 и пол саати душа ми излезе, си го барав, си го добив
Моментално и мене ми се предизвик тетоважите. КАТ ВОН ДИ од ЛА ИНК ми е мајстор за тетоважи, по цели денови може да ги гледам, прекрасни идеи