НЕ СТРОГО НЕ ! За ваквите тетоважи со кана дечко ми се истотевира во Грција на раката и после пола месец му се направи како да е од внатре истетовирано буквите се познават вака исто само без црно му стане црвено и буквите му беа подигнати отиде на дерматолог и му дадоа еден крем малце му се повлечи црвенилото и му се повлече некако.Не препорачиувам ваки глупи тетоважи !! добронамерно го кажувам ова
Тетоважа сакам да си направам, но некаде после 18 години. Не ми се допаѓа кога ќе видам на 16 години, ставиле тетоважа, а уште одат научилиште. Не ми се допаѓа пред професорите, што ли ќе си помислат. Во моето училиште има многу девојки кои имаат тетоважи, но на повеќето им се на грбот, па се крие. Тоа е добро, може да ја покаже само со маичка со гол грб или фустанче или корсет. Сакам мала тетоважа, на раката или на ногата. Многу сум чувствителна, се ме боли, па ми е некако страв, но помислата на тетоажата некако ме охрабрува. Не ми се допаѓаат некои големи тетоважишта, добро секоја тетоважа има значење за некого. Исто не ми се допаѓаат луѓе, на кои цели тела им се нацртани со тетоважи, па не се гледа гола кожа воопшто. Кога би си правела тетоважа, би одбрала птици, ластовици, црна боја. Птицата го претставува мојот слободен живот, плус јас сум слободна личност, опуштена, дружељубива. Може воздушен балон, симбол на мојот авантуристички живот. Можеби fighter, борец сум.
Значи, ко прво и основно, не ми е првпат, секогаш кога идам на одмор кејф ми е да си направам колку да ми помине.. минатото лето заедно со братучетка ми направивме и исто и се направи и се издува кожата во форма на звезди зошто звезди си истетовира!! Така да, до човекот е, послем се дозна дека има алергија од нешто што го има во каната..јас ги сакам тие тетоважи, па сеа..
Мислам дека тетоважата треба да претставува нешто, да ти значи, да биде ставена со причина, не ради мода и збес, сепак цел живот се носи и треба да биде некаков си симбол..по мое мислење
Само што закажав за тетовирање , ќе ја правам на грбот горе и ќе биде отпечаток од рачето на мојот син. Се надевам ќе излезе убава па ќе ја споделам со вас преку слика .
Сакаме со мм да тетовираме бурми, искрено цената не ни е важна, колку треба толку ќе си платиме.... Туку јас разбрав дека Игор од http://www.tattooskinart.com.mk/mak/info.asp бил ептен добар...па најверојатно кај него ќе идеме. Само треба да почекаме малку, зошто не се препорачува тетовирање за време на доење.
Лолита.. Јас двете ги направив кај Симон, новот студио му е големо, чисто. Прецизен се е топ, ти го препорачувам, ако ти треба инфо пиши ми лп.
Обожавам тетоважи кои се во граница на нормалата јас би сакала да имам истетовирано здравје да е кога ќе дојде време пр датумот на венчавката,име на тогашниот сопруг, дата на раѓање на дете или пак име на дете нешто такво што ќе има големо значење во мојот живот
Јас обожавам тетоважи но би направила некои од како би ја одредила својата професија бидејќи тетоважите може да штетат на работното место
Јас тотално ги оправдувам тетоважите, а и ќе си ставам една, некаде каде што може лесно да се покрие и открие, но за тоа ќе причекам малку, моите ми ветија дека ќе ме пуштат да правам што сакам но после мојот 18 роденден... Тогаш ме чека и мојата ветена кола... И, да би подржала секој што сака да си стави тетоважа...
Сакам тетоважи но не од оние преголемите.. Ако се тетовирам во идно време, би ставила некоја мала тетоважа шо ќе ми значи нешто, а нема ни да се приметува..
Некое знакче,буква,име напишано со мали букви..може но кажи и да не претерува бидејки ке изгледа многу вештачки )
И јас сакам да се истовирам срце и внатре бројот 8 осмицата се врти како во круг , нема крај ,.. нешто како бескрајно
сакам да ги истетовирам имињата на дечињата,ако ги имам понатака во животот птици,пеперутки,и кои рипката која означува сила и трпеливост. обожавам вакви работи
Па тетоважите не се ставаат за да ти биде интересно.Тоа е нешто што го носиш цел живот, се ставаат за да зачуваш нешто значајно, за некој спомен, а не за да биде интересно.Поради тоа ги мразам страшно тетоважите ставени без значење, чисто за да се има.Ужасно.
Не ја направив тетоважата за да му биди интересна на некој , туку дека ми значи мене. Тетовирањето не е мода да се разбериме еднаш.