Ајде бегај не ке ти објаснувам тебе мое мислење е тоа не ми ги исфрлај мене комплексите. Мене ми е глупаво и што? Толку имаш проблем? Ти стави си чунга лунга полошо се однесуваш од мало дете.
Уф бе многу сакам тетоважи. Коа ќе бидам така поголема сакам да си ги истетовирам целите раце(и на прстите да ми пишува нешто) и на вратот знакот ∞(infinity) или †.
Извинете,јас ќе се вметнам со прашање што мислам дека од згора преку листање на темава не го сретнав Сте слушнале ли за тетоважи со бело мастило? Јас сакам да си ставам две такви. Имиња на личности што ми го прават животот. Дали некоја од вас можеби има на себе? Затоа што доста поделикатни се колку што јас се информирав за тоа белото мастило на нет. Митко (професионален tattoo мајстор) дека не се за на дланка,за зал,зошто јас таму сакам! Ќе паднело! Ама ај си викам,ако ја чувам може ќе потрае. Затоа кажете ми да не познавате некој со бела тетоважа или може имате на себе? :geek:
Таква тетоважа може да ти направат било каде во тату студијата, само проблемот со белата и основна причина зошто не се користи (освен за хајлајт кај црно-сиви или тетоважи во боја) е дека многу брзо кожата „ја впива“, пигментот брзо се метаболира и за брзо време скоро и ќе немаш тетоважа, за разлика од црниот, зелениот и црвениот пигмент кои и покрај метаболизмот, заради јаката пигментација се задржуваат во клетките, односно полесно се забележуваат. За белата баш пробај и со темпера, малку разреди ја и нацртај нешто на рака, ќе видиш дека тешко ќе се чита напишаното, самата боја лесно се претопува со бојата на кожата, што не е случај со другите бои каде има силен контраст. Со прости зборови, тоа е тоа избледување на тетоважата со тек на време, ако си видела како изгледа избледена црна тетоважа, замисли што ќе биде со белата.
Ако некогаш ставам тетоважа, тоа ќе биде со некое посебно значење за мене. И сигурно ќе биде малечка, на не толку забележливо место. Тетоважите со пеперутки, птици, ѕвезди, глуварчиња, за мене немаат никаква смисла. Значајните датуми ги паметам, така што нема потреба да го обележувам телото со бројки. Ако се решам утре да ставам тетоважа, тогаш би била слична на оваа Би ја ставила во име на силата која на моменти сум ја покажала, а не сум ни знаела дека ја имам. Би била во име на сите моменти кога сум се чувствувала распарчена, а сум стегнала заби, затоа што ете, друг избор не сум имала. Би ја ставила на зглобот, за да можам во секој момент да ја погледнам. И тогаш кога се чувствувам немоќна, да се потсетам на се што досега сум преживеала.
Iva-Mici кажи ми каде ја правеше тетоважата на зглобот на раката? колку пари те чинеше? и те болеше многу? сакам и ја таму да си ставам мала тетоважичка
Оваа уште не е заздравена. Побледо изгледа кога е заздравена, не е толку јака. Според мене ти е пропадната инвестиција, ама ако сакаш иницијали може некако да пројде, нема голем ризик во губење на формата, секако само ти ќе знаеш дека ја имаш, не е толку забележителна, па тоа е еден добар момент, баш онака интимно
дааа знам дека не е заздравена,уште е розевка одстрана баш како што кажа,сакам две именца и само јас да си знам дека ги имам...
Јас мислам подобро да не ставаш дата. Место тоа можеш да ставиш некоја мисла, реченица што би одразувала што чувствуваш или нешто по што брат ти бил препознатлив. И јас исто ќе си ставам тетоважа на истото место, за брат ми, но јас многу време поминав смислувајќи ја тетоважата, за да ја направам лична и да биде одлика на брат ми, на мене...Или веќе ако сакаш датум подобро да биде датумот на раѓање, зошто датумот на смртта не е среќен датум...