Јас сакам тетоважи,баш би сакала да си ставам некоја трајна тетоважа на рамо или врат но се плашам од тие игли и слични работи.Инаку во 4 или 5 одд во Охрид на одмор бев кај еден човек на плажа што правеше тетоважи ама не беа трајни туку со к'на мислам дека ги црташе и со чепкалка за заби.Имав делфин на рамо.
Сакам јас тетоважи многу ама и ќе си ставам...само долго би размислувала имам идеи неколку ама не е мала работа да знаеш дека цел живот ќе ја носиш на тебе... убаво некаде прочитавЧ цитирам : Убаво размисли пред да се тетовираш , замисли ја мајка ти со тетоважа на Ариел сирената на рамо ? хахаха
Тетоважи Дали сакате тетоважи.Доколку сакате кажете какви јас искрено многу сакам и тоа големи и тоа особено на грбот сакам една !!
Летово 2012 незнам каде, ама на некој англичани кожа им пресадувале. Мислам во Грција. Понатаму незнам што, ама знам дека беа на операција и лежеа во болница, бидејќи тоа бојата била толку отровна... Јас сум против тетоважи, да се разбереме.
Па ако се тетовирале нехигиенски или со некои кој знае какви бои нормално, а доколку е се по пропис нема да има никакви проблеми.
Боите у принцип се РАСТИТЕЛНИ бои баш за да не дојде до некакво труење во крвта или пак алергија. Е сега ако нив ги тетовирале со боја за туш....кој им е крив .
Барам препорака за добар тату артист, некоја феминка со искуство што е била? По можност за Скопје. Сакам мала тетоважа на глуждот, мојот хороскопски знак овен.
Јас буквално сум ЛУДАААА по тетоважи ги обожавам ги сакам се возбудувам кога ке видам девојка или момче со таттоо и самата имам 3.И би сакала уште да направам.Од дома секако не ми дозволуваат но ја си терам по мое young wild and free-thats me
можеби ама сепак не ама тетоважата да има некакво посебно значење во мојот живот, а не туку така да се шлакам па да не личам на човек и доколку би се тетовирала тоа ќе биде на глуждот на ногата, ама немам храброст за тетоважи
Ти ја препорачувам емилија Пендева топ е екстра работи вчера ме црташе и сум презадоволна најди ја на Фејс а ако сакас број пиши ми ЛП ќе ти пишам поздрав
Јас би ти е препорачала Емилија Пендева,гледав слики на фејсбук како тетовира и можам да кажам дека сум воодушевена.Инаку сум слушала дека била малку повеќе пари,но според мое мислам дека вреди. И не би ти препорачала да се тетовираш на некое видно место,бидејќи некогаш во идинина ќе имаш проблеми за вработување,сепак не е мое да ти судам ти најубаво си знаеш. А што се однесува до мене,и до тетоважите.Јас воопшто не ги сакам значит,неможам да се замилслам да имам такво нешто на мене.Како помала ме маваа многу филмови за тетовирање и бла,бла но како што минуваат годините,како што созревам мислењата и ставовите се менуваат.Така да си останувам на моето не за тетовирање.
И Емилија Пендева и Симон се најдобрите во Македонија. Лично дека си женско би ти кажала да одиш кај Емилија доколку тоа ти значи нешто, онака да не се се срамиш ако потече некоја солза. Јас бев пред пола година кај Симон, братучед ми да се тетовира, не дека се исплашив од болката која се трпи, туку од машинката, многу гадно брмчи, ко на заболекар да си. Тие што не сакаат заболекар, верувам, нема да им се допадне звукот исто како и мене !
Зависи големина ,во боја ,црна , и најбитно што сакаш да тетовираш на моја другарка за обична црна ѕвезда на раката и земаа 2000 ден. Нешто вака и беше тетоважата без другите ѕвезди.
Е да , богами многу се скапи. А да се оди на некој што не е толку прочуен,фален, познат, не ја знаеш сигурноста, дали се чисти иглите и да не дојде до некоја инфекција. Сепак треба во таа работа многу чистота...
Симон is it. И двете тетоважи ги правев кај него, човекот е многу професионален, совршен артист, остава на твоја идеја и дава сугестии, сега новото студио му е совршено средено, просто уживанција е да се тетовира човек кај него. Си држи цена, но вреди за квалитетот.