Другарка моја. Многу јаки тетоважи прави и е една од попознатите во Македонија но е и скапичка. Јас многу сакам тетоважа да ставам но доколку би ставила за мене треба да има некое значење а како што се менуваат работите секој ден знам дека многу би се каела затоа што ништо не е вечно освен тетоважата. Тетоважа која нема значење за мене е како да ставаш само поради тоа што сакаш да ти биде видена или пак да си у моду. Долго време го следев Ами Џејмс на телевизија, јутуб како прави неверојатни тетоважи на луѓе кои имаат приказна кој вреди да се раскаже. Така да thumbs up за тетоважите.
Секако дека ти се гади од нив кога имаш само 11 год девојче и мене на тие години ми беа страшни.Пред се според мене тетоважите се дел од уметноста, зошто треба стварно талент и умешност да направиш добра тетоважа.Ти на твои години уште незнаш каде си во животот, па затоа полека со вакви навредливи коментари, зошто испаѓа дека ти се гади од луѓето што ги имаат.
Колку скапичка? Пиши ми во лп како стојат цените и дали треба да се закажува однапред, ако не ти е проблем секако.
Девојки ај прашање до поискусните односно оние кои имаат тетоважи. Се тетовирав пред четири дена, е сеа тетоважата треба да почне да се лупи или? Тоа горниот слој? Не ми е јасно? Паничам низ дома!!!
http://25.media.tumblr.com/tumblr_m6gou ... 3_1280.jpg Aј некој што знае ве молам нека ми каже колку би чинело ваква некоја тетоважа (потпис) ,оваа големина, црна ама трајна?
Зависи кај правиш , 1500 отприлика.. Можеш и за 500-600 да најдеш се зависи кој те тетовира..кај подобри TATTOO мајстори секако поскапо...
Имам слушнато за тетоважи што траат 6 месеци ,но исто така се правеле со игличка и сега ми е страв да ставам бидејќи можеби нема да избледи за 6 месеци и ќе остане , а мене се бргу ми здосадува па така да и тетоважата можеби ќе ми здосади . Па доколку некој знае нешто повеќе за ова или има искуство би го замолила да ми даде некој совет
Знае некој кај можам по Скопјево да најдам добар tattoo мајстор? Секако ако има некој и искуство уште подобро би било да ми каже шо како... Сум слушнала многу пофални зборови за Емилија Пендева, ама сепак сакам да имам повеќе на располагање ) Сакам да истетовирам малецка тетоважа, ништо големо и комплицирано ама скептична сум
Конечно ми се исполни животната желба и тоа кога најмалку очекував.Значењето на мојата тетоважа е :"Слободна како птица"
Tumblr,многу е убава Јас ептен многу им го имам меракот Ама како што сум плашлива,не сум баш сигурна дали да си ставам( а планирам да си ставам на полнолетство) ...на едно чупање веѓи плачам,а каде ли тоа...Инаку би сакала и јас нешто како птици,и знакот infinity.
Tumblr прекрасна тетоважа . Јас ќе си почекам уште една година сеуште не сум одлучила што да си истетовирам пошто нели засекогаш е .. сега само со маркер си цртам