Не сум се тетовирала ама мнооогу сакам!!!Голема желба ми е да се истетовирам на задниот дел од вратот или на дланката.Тетоважата сакам да има некакво значење како например да имаме иста тетоважа со најдобрата другарка или пак да си напижам некоја реченица посветена на НЕГО.Знам дека за ова последното луѓето се каат многу често,но младост лудост.Сега мислам дека треба да имам нешто што ќе ме сеќава вечно на него по макар било што..
Алал да ви е вас што ги тетовирате дечковците и девојките. Особено на оние чии коментари ги прочитав дека се малолетни и се нецела година заедно ама во озбилна врска биле. За тоа стварно треба муда. Апел од мене: додека ја мислите тетоважата во чест на партнерот, гледајте си и некоја друга поголемка со која би ја покриле првата кога ќе раскинете
Обожавам тетоважи. Само да не се јакуза тип што го покриваат целото тело Имам две тетоважи - едната е цитат од мојата омилена книга (на врат), а другата е птицата Феникс (на рачниот зглоб). Мојот сопруг има 5 тетоважи, секоја означува некое поглавје во неговиот живот - 144 Давидов Псалм (Господ Бог кој им дава сила и заштита на војниците во војна), амблемот на корпусот и сл. Едната е посветена на негов пријател кој загина во Ирак.
Во последно време ептен имам желба да ставам тетоважа, сакам да истетовирам иницијали или целосни имиња на личностите кои што ги сакам- на моите и дечко ми. Само незнам дали тоа ќе ми претставува проблем за работа во иднина и губење кг или здебелување да не ми ја измени тетоважата па на ништо да не личи.
Јас сакам да си истетовирам 15 11 2013 но со римски броеви.Мислам дека би требало да биде отприлика вака XV XI MMXIII но би ве замолила ако може некој што знае точно да ми кажи дали е вака точно или поинаку? Многу ми е битно, ве молам за брз одговор
За некоја година планирам да ставам мала тетоважа, над глуждот. Има посебно значење за мене Во некоја ваква форма ќе биде:
Имам една, скорашна, од летово ми е. На стомакот ми е, долу, дијагонално надолу од кукот. (ама објаснив ) Текст е. Сакам уште една, од страната, вака нешто
Сакам тетоважа а со дечко ми ветивме дека наместото на бурмите ке си ја тетовираме првата буква од името тој мојата јас неговата Сум видела вакви примери и изгледа преубаво А друго нешто што одамна имам си кажано името на моите деца... здравје боже до тогаш но би сакала во иднина да ги истетовирам нивните имиња со мал фонд некаде на раката или позади на вратот
Emotional тетоважите можат да изгубат форма доколку се поставени на места каде доаѓа до најголемо растегнување во текот на бременоста - стомакот и градите. Ова секако е индивидуално, зависи од типот на кожа и од бројот на качени килограми. Што се однесува до проблеми на работното место поради тетоважа, постојат работни места каде не се дозволени тетоважи кои се видливи. Затоа најсигурно би ти било да ја поставиш тетоважата на дел од телото кој подоцна ќе можеш да го покриеш со облека.
Имам едно прашање, дали се уште функционира тату студиото во Буњаковец што се наоѓа, и каде поточно е лоцирано ако работи?
Skin Art? Не знам дали функционира сеуште, јас бев таму пред некои 3 години. Се наоѓа на 2 кат и гледа према Партизанска, веднаш до Браво кафичот. http://tattooskinart.com.mk/
Фала ти, ги контактирав, новото студио им се наоѓа на прв кат, веднаш над Дестан, додека старото е на втори, ти каде што си била.
Имам една на вратот позади и презадоволна сум. Има големо значење за мене.. ..понекогаш дури и заборавам дека ја имам.
Јас би сакала некоја малечка тетоважа која ќе збори за мене,ама да биди во граници на нормала.Само ми е страв за изложување на сонце и за алергиски реакции.