Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тетоважа

Дискусија во 'Тело' започната од magic, 23 декември 2009.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.557
    Пол:
    Женски
    Не се тетовирајте летно време ! Се шират крвните садови и со тоа може да има и повеќе крварење во текот на тетовирањето , а може да дојде и до инфекции и чуда , подобро кога не е толку топло и побрзо ќе заздрави местото
     
  2. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    А колку време отприлика треба да заздрави тетоважата?
     
  3. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Една до две недели... Носи нешто што не те стега на тоа место каде што си се тетовирала,носи нешто удобно,лабаво. Мачкај ја со маст за изгореници (многу нежно). Колку повеќе ја одржаваш толку побргу заздравува.
     
  4. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Зависи од типот на кожата и од големината на тетоважата. Обично околу една недела.
    Самиот tattoo artist ќе ти објасни што треба и не треба да правиш и како да ја одржаваш тетоважата додека да заздрави. Советите варираат од еден мајстор до друг.
    На 3 саата треба да се мие со бебешки или антибактериски сапун и да се намачка со антибиотска крема. Ако е изводливо, убаво е да не биде покриена, за да дише кожата. Кремата помага не само против појава на инфекции, туку ја хидрира кожата и го намалува чешањето (кое после 2-3 дена е најголем pain in the a**).
    Првите неколку седмици не трпи изложеност на сонце - затоа и не се препорачува тетовирање во лето.
    Всушност тетоважите баш не љубат сонце и потоа секогаш кога ќе одиш на одмор за нив треба да се грижиш како за кожата на лицето :)
    После околу 5-7 дена кожата самата ќе си го исфрли вишокот боја.
     
  5. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Сакам да си ставам тетоважа, малечка нормално но се плашам од болката... а и кожата ми е многу нежна. Се плашам да не има некакви инфекции после тоа, да не ми се направи нешто се плашам. А многу сакам тетоважи! Ај некоја поискусна околу ова ако може да ме информира за болката, после ставањето на тетоважата и слично. Фала однапред :*
     
  6. Taccka

    Taccka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Јас некое време размислувам за тетоважа, но еве никако да се решам да отидам. Може ли некој во ПП да ми даде контакт од Симон? Емилија ја најдов на Fb. И некој кој има искуство ако може да препорача евентуално други добри тату мајстори? :^)
     
  7. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    13.307
    Пол:
    Женски
    Многу сакам вакви тетоважи :) За некоја година ќе ставам обавезно :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

  8. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Мене ме интересира дали некаде во Скопјево,може да се направи тетоважа ама да не биде трајна.Туку да трае да речеме 6 месеци,12 месеци не е битно колку време само да не е трајна.Зашто знам дека ако се истетовирам со трајна ќе се покаам за 1 месец.
    И зборам за квалитетни тетоважи,а не оние ко на плажа што тетовираат од километар што се познава дека не е трајна. :) :)
     
  9. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Веројатно веќе некој ти испратил, ама еве, Симон не е тајна организација, не мора скришум да се дели негов контакт. :) ТУКА треба да има контакт телефон, ако не, пораче.

    Сигурно нема да се покаеш. 8) Инаку, не знам кој црта сега „вон сезона“, ама пошто знам дека ја сакаш за на одмор, на местото каде што ќе отидеш, сигурно ќе има некој што црта. За месец, два, шест, нема тетоважи, оние кои цртаат привремено, цртаат со к`на и бојата трае една недела, а веќе втората се брише.

    Така што, мој совет, тетовирај нешто многу ситно и многу важно за тебе на место кое не е лесно достапно, бедра, ребра, тил... за да видиш како ќе се осеќаш, па после одлучи се за поголеми нешта. ;)
     
    На BeautyAndTheBeast му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Фала. :)
    Но не ми е тетоважата за на одмор.Туку поентата ми беше да истетовирам нешто и да видам како ќе биде,зашто главен проблем ми е што не знам што би тетовирала а ми е ќеф.Плус се осеќам веќе 'старо' :lol:,и мислам ако почекам уште некој период дур да ми текне што би тетовирала ќе поминат години и години и ништо од тетоважа.
    Немам нешто одлучено да го сакам пример,па да знам дека цел живот нема да се покаам што сум истетовирала некоја глупост,не сакам ради реда да се тетовирам .Па се надевав дека има некои привремени тетоважи што траат подолго време ама ништо од бизнисот :lol: :lol: .
     
  11. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Се истетовирав на 16 години без да знаат моите,дознаа одма после една недела и не ми викаа којзнае колку, добро си поминав хехе :lol: Сега имам 19 години и си ја обожавам тетоважата! Не се каам ни за малку за болката, за тој предизвик. Крст со криља на грбот, прилично големка :) Вреди да се проба :*
     
  12. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Кога - тогаш, морам да си направам тетоважа. Планирам малечка месечина, само уште немам одлучено на кое место од телото. Зошто месечина? Рак сум во хороскоп, а ракот е управуван од постојано променливата месечина.

    Нешто слично:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  13. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  14. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.926
    Допаѓања:
    89.751
    Пол:
    Женски
    Оваа е 'твоја' нели :?: :rofl:
     
  15. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    |(
     
    На zalosna и ariela09 им се допаѓа ова.
  16. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    :?:
     

    Прикачени фајлови:

    • macedonie.jpg
      macedonie.jpg
      Големина на фајлот:
      14,8 KB
      Прегледи:
      482
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Еј, читам низ темава грешни препораки за нега на тетоважа. Според мене број еден закон е хидроциклин, замена е пантексол маст и крем, па во поодминати денови глицерин или вазелин. Не си играјте со детски креми, парфимирани. Всушност, тој што ве тетовира детално ќе ви објасни, ама не се мачкајте со се и сешто на своја рака. Нанесувајте тенок слој неколку пати во текот на денот. На плажа задолжителна е крема со заштитен фактор 50, помага да се зачува бојата.

    Измивање исклучиво со антибактериски сапун. Од докторс се одлични. Внимавајте тој дел од телото да не дојде во контат со средства кои обично ги користите за нега на кожа како млеко за тело, гел за туширање или стандарден сапун, дури и по цена целото тело да го измивате со антибактериски сапун некое време.
     
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.472
    Допаѓања:
    42.551
    Пол:
    Женски
    Мојата идна [​IMG]
    За силната врска меѓу мене и брат ми, всушност за единството мајка, татко и дете.Планираме со брат ми да си ја направиме и двајцата, а и мајка ми изразува нешто желба па ќе видиме.
    Одамна сакав тетоважа за моите најблиски, зошто единствено таа љубов и врска никогаш нема да пресуши или да се прекине.Возбудена сум :)
     
  19. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Го знаеш ли вистинското значење на симболов ?

    п.с Мојот најголем "проект" досега конечно е завршен во петокот. Уште размислувам дали недостига бела боја во внатрешноста. Следните 2 недели планирам нова.

    Заради оригиналното ( а не извитоперено ) значење на симболов.

    [​IMG]


    Ај ако некогаш се решам може ќе ставам фотографии од сите.
     
    На Trnche и ariela09 им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.472
    Допаѓања:
    42.551
    Пол:
    Женски
    Па по доста разгледување на интернет и во една книга ако сум сфатила како што треба ова е тринити знакот, има различни значeња, порано во христијанството го сметале за знак на светото тројство Отецот, Синот и Светиот Дух, во некои култури се сметало за симбол на некоја божица, а во некои се поврзува со врската и љубовта меѓу членовите од фамилијата.
    Дали сум во право или погрешно сум сфатила, да не утнам нешто :D