за трајна тетоважа баш и не би се осмелила да ставам само еднаш се имам тетовирано од оние тетоважи што траат недела-две беше црна мачка
Вака...прво кажи и на другарка ти да размисли затоа што цел живот ќе и биде на истото место ( и кога ќе остаре). Ако е сигурна за тоа и ако тетоважата има некое значење за нејзе тогаш нека ја направи... Со среќа
обожааавам тетоважи имам две ена на плешката и една на врат(пајажина), и сеа сакам да си ставам уште една ама уште не сум се одлучила каде. Инаку да секоја тетоважа треба да има свое значење, зошто сепак ако е трајна ќе ја носиш цел живот(освен ако не ти ја отстранат хируршки), јас би ја подржала другарка ти да се тетовира. и само да ве информирам на врат боли мнооогу, ама затоа е закон после
А има некој искуство со тетоважите што траат година или две? Ако некоја има , да каже нешто околу тоа
јас се распрашав за овие тетоважи и во многу салони не ги правеа , не знам зошто. Инаку ми кажаа дека се прават така што маслото не го боцкаат многу длабински во кожата, туку по површински, за да може да се избрише после некој период. Цените зависат од големината на тетоважата и се приближни како трајните тетоважи.
За година-две не знам дали има, ама знам дека има за три до пет години. После третата год. почнува да ти избледува тетоважата и ако не отидеш да ти ја повторат, тогаш самата ќе се тргне со тек на време. Цените се во зависност од тетоважата ама не се поскапи од 2000 ден.
Ох. Обожавам тетоважи! Ги обожавам и луѓето кои се целите тетовирани. Ги сакам,Ги ОБОЖАВАМ! Гледам ла инк и мајами инк. Им завидувам. Колку само сакам тетоважа. И имам намера таа желба да си ја исполнам. И не само една. Две,три, можеби и четири. Многу често лугето имаат прерасуди за тетоважите,но незнам зошто? Зошто толку сметаат тетоважите? Ме излудуваат машките со тетоважи!
Па во салони кај што прават трајни тетоважи, можеш да си прашаш за таква од 3 до 5 год. и ќе ти кажат дали прават и колку им е цената. А и во козметичките салони прават такви полутрајни.
Ме заинтересиравте за оваа тетожава за неколку години. Трајна сеуште не би се осмелила да ставам затоа што немам некој симбол кој би имал за мене некакво значење, а подоцна можам да се покаам
мене ми се допаѓа тетоважа на долниот дел на вратот. Некоја мала, интересна, не многу упадлива. Еве нешто вака слично, можеби и уште малку подолу
jas obozavam pirsovi i tetovazi, na 18 staviv pirs, na 23 se resiv da se tetoviram, eve pominaa nekolku meseci posle tetoviranjeto i sakam uste edna samo ne bi se tetovirala kaj bilo koj, samo kaj provereniot tattoo majstor, t.e. majstor-ka
Имам 3 тетоважи, а верувајте немав намера да ставам толку. Нема крај, ако ставиш една, сметај дека нема да е последна. Првата тетоважа ми е на зглобот на левата нога - Ф ракописно латиница (има значење, не само поради тоа што и моето име е на Ф ). Оваа тетоважа ја знаат сите. Втората тетоважа ја ставив 2 месеца по првата, "I was born from two stars, so the moon's where I land!" многу ситно, на почеток на 'рбетот, на средина, тука каде што завршува вратот (и беше мноогу болно!) третата тетоважа ја направив пред 3 месеца, уште не знаат многу луѓе за неа. Но ставена е поради периодот низ кој поминав и означува крај на секаков вид криза за мене. Се наоѓа на скриено место и ретко кој знае дека постои. Тетоважата е Nоthing's over while I'm breathing, но се наоѓа на доста интересно место, скроз десно од крсниот предел, точно оној дел од кожата што е покриен со гаќички.. Така да, ако не го покажам, нема шанси никој да го види. Што се однесува до тоа дека за време на бременост може да ми се уништат, може да ми се уништи само 3та, но бидејќи по природа сум ПРЕМНОГУ слаба, не верувам дека кога ќе бидам бремена ќе бидам здебелена до тој степен за да дојде до деформирање на тетоважата. Доколку дојде - ќе одам да ја корегираат или да направат нова врз таа. TOa e моето мислење на темава.
мислам дека другарка ти треба си клај тетоважа, ама само ако стварно сака. Јас имам тетоважа веќе 4 години и ден денес си ја сакам исто како првот ден, ко стана дел од мене позз
види вака тетовазите колку се корисни толку и се штетни а иначе она ако е толку упорна во тоа нема да мозе да ја разубеди никој.иначе преуаво изгледаат ама мозе да се добие и рак на козата од тетовазата зависи до човекот што ја тетовира треба се да му биде стерилно и чисто.има и една моја другара две тетовази едната и е под вратот одпозади а едната и е на раката . поздрав до ситее
па објективно од тетоважата сама по себе немаш корист, ја ставаш само да овековечиш нешто, да ти значи, али корист буквално немаш. А инаку може да се закачат инфекции , хепатити и сл. и затоа треба кај проверен човек да се оди. И се сложувам со горенаведеното, дека ако веќе се решил некој да стави , тешко може да се одврати од таа помисла.