Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тетоважа

Дискусија во 'Тело' започната од magic, 23 декември 2009.

  1. Rock.Lady

    Rock.Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Многу сакам тетоважи, особено такви кои имаат некое значење за личноста која ги носи. Рандом пеперутчиња и срциња во боја не ми се баш меѓу омилените, но, ако некој си сака - нека си ги носи!
    Веќе некое време сакам да си ставам тетоважа на стапалото, со некоја мотивирачка порака.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Моментално имам некои други работи за реализирање, од финансиска гледна точка, но, желбата е тука - ќе биде и тетоважата наскоро! :D
     
  2. Yves

    Yves Нов член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Девојки дали би можеле да ми кажете каде би можела да најдам некој што ќе ми преведе точно на Арапски, најдов на интернет но не сакам да е погрешно затоа што цел живот треба да го носам. Ве молам да ми одговорите или доколку има некој овде што знае и би можел да ми помогне би му била благодарна.
     
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.021
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓаат малите, на пример овој знак:
    [​IMG]
     
  4. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79
    Се мислам веќе една година дали да ја ставам...
    Ви се допаѓа ли? :)
     

    Прикачени фајлови:

    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Дааа, преубава е. :)
    Хм... јас "разговарав" со тато и ништо. Си се радував јас, и на крај ништо. Ќе чекам дваесет и некоја. |(
     
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.472
    Допаѓања:
    42.562
    Пол:
    Женски
    Епа нормално дека ништо кога си 14 години.Знаеш ли дека кожата уште ти се растегнува и расте, јас од 14 до сега сум 100% физички изменета во телото.Значи мала си како прво за да размислиш дали нешто ќе сакаш да го имаш цел живот или не, а друго ќе ти се распие тетоважата.Јас мојата на 18 скоро ја ставив и еве веќе малку е избледеана и се каам што толку рано ја ставив.Не дека се каам што ја имам, бидејќи ми значи, ама можев уште малку покасно за да си го задржи обликот и бојата.
     
    На sweetyB му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    ^
    Неее. Никако уште сега. На 17 планирав да се тетовирам, но ништо од плановите.Ако, ќе си почекам. :)
     
  8. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам тетоважи... и планирам во скоро да се тетовирам, но не нешто многу големо, онака нешто малко и убаво, нешто по симболично. Уште како мала сум ги сакала и нема шанси до крај на животот да не се истетовирам :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    ТОЧНО 100% !
    Немам тетоважа а сигурен сум дека не би ставил сега за сега.Има луѓе што по свој стил се препознатливи со тетоважа (тетоважи ) вклопени по нивниот карактер и стилот на живот .Убаво изгледа-ат но тетоважите им носат дискриминација и проблеми :doh:


    [​IMG]
     
  10. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Таа дискриминација се јавува заради тоа што оние кои имаат тетоважи премногу ги експонираат, демек "Еј види, јас имам тетоважа".

    Доколку истата е на некое место кое не се гледа кога личноста носи соодветна облека за работата која ја работи, не гледам причина за дискриминација. Пример, зошто некоја службеничка или службеник би бил дискриминирани, доколку има тетоважа на грбот, стомакот, газот, ногата? Овие делови од телото се покриени и всушност тетоважата нема никој да ја види, а ниту пак, да знае дека личноста има тетоважа. :)
     
    На sweetyB му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Тоа е таа дискриминација ,јас како граѓанин не би се замарал ако службеник во банка има тетоважа на раката .Важен ми е професионализмот што ке се понуди и да си ја завршам работата по што сум појден а не да проценувам дали тоа е културно и во ред или пак навредливо и неубаво .
    Зошто не (им) пречи кога некоја фуфа има тетоважа на ци**а и работи во кафуле (ова се подразбира и за тетовиран дечко )? :geek:
    Лично познавам луѓе од платена-та војска и полиција во МКД со ОГРОМНИ тетоважи ,убаво изгледаат но според законот и договорите несмеат да имаат тетоважа .Каде е праведноста тука ?
    Ако си тетовиран си црна овца факт е тоа :!:
     
    На sweetyB му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    ^ Се сложувам со ова за банките. Има теткици кои се пред пензија, шансите да имаат тетоважа се минимални, а услугата е испод секое ниво.

    За кафулињата, веројатно затоа што работата како келнер кај нас е потценета и се смета за прилично неозбилна...

    А во врска со војската, го знам тоа, дека не е дозволено да имаш тетоважа, без разлика што таа нема никаква пилитичка, расистичка или не знам веќе каква содржина, заради која да речеме би можело да настанат некакви конфликти (заради нашето мултиетничко општество), туку, да речеме ниту цвет не е дозволен. Тоа е дефинитивно дискриминација, и се согласувам со тебе. ;)
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Stefiks

    Stefiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Јас мислам другарка ти воопшто да не се мисли и да ја направи тетоважата... Јас обожавам тетоважи и не сум против тетовирањето... Нормално освен да не биде претерано тетовирање :!:
    Позз
     
  14. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Преповршно ги гледате работите во последниве неколку коментари.

    Прво, сите знаат дека тетоважата може да биде проблем при вработување зашто голем број работодавци се конзервативни и тетоважата ја сметаат за нешто лошо. Сепак, пак се тетовираат на глуждови, на врат, по нозе...
    Според мене, да се тетовираш на екстремитети и лесно видливи места е чаламџиштво, тетоважите не би требало да се моден додаток, не се ланче или саат, па ги ставаш и вадиш, тетоважа стои до крајот на животот, треба да те претставува тебе во секој момент и она кое е нацртано или напишано треба да биде дел од тебе и не треба да ти е важно каде стои и дали некој го гледа. Се тетовираш за себе, не за другите.

    Второ, кога одиш на интервју за работа, никој не може да знае дали имаш тетоважа ако ти не сакаш да ја покажеш.

    Трето, јас како работодавец, не можам да вработам некого како пиар менаџер ако има истетовирано некаде „Аца Лукас 4 лајф“ или да вработам некого како доктор со тетоважа „Nо mercy“.

    Затоа тетовирајте се мудро и на места кои не се видливи од авион. :emo:
     
    На sweet-star, mimiiiii, imelda и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Дека има дискриминација - има, ама јас стварно не ја гледам логиката во истата.
    Никаков фактор не ми е мене тетоважата за тоа дали некој е квалификуван за работата и дали добро си ја врши должноста.
    Тие што имаат стереотипи, со здравје нека си ја носат ограниченоста која верувам дека во иднина многу грешно ќе им влијае на расудувањето.

    Имаше едно време убава пропаганда со вакви слики [​IMG] што се вртеше низ интернетов, ама не можам да ги најдам споредбите со сите униформи. Жива вистина. 8)

    [​IMG]
     
    На <3 pleza4e <3, glosipgirl, sweet-star и 3 други им се допаѓа ова.
  16. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам дека општеството треба да диктира што правиме со сопственото тело. Секој има право да се тетовира каде што сака, и како вас што чаламџија ми е оној што се истетовирал на поизложени делови од телото, така мене премногу скриени тетоважи ме асоцира на несигурност во изборот и покајание за делото. Да заокружам, сосема небитно ми е каде е личноста e тетовирана се додека се квалификувана за работата и е професионалец. Ова е дискриминација на новата ера, сега кога отпадна расизмот и слично. Тотално бесмислен ми е ваквиот акт. Предрасудите владеат во ова општество, нема начин да се искоренат. Ама тоа е така заради малограѓанството, заради потребата да се озборува и да се најде маана.

    Муабетот - металци, наркомани се то треба да се шиша. Се тетовирал, дрогаш низаеден, факултет завршил он на мене.
     
    На Lolo5, ariela09 и Madam-A им се допаѓа ова.
  17. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    So you wanna fight, huh? :) цитирај ме мајку му...

    Викаш, не е чалам коа типот истетовирал бодликава жица на бицепс и носи маичка без рукави? Или кога цурава ставила пеперутки на рамо и носи маичка со една прерамка? Ставиле тетоважа за да се чаламат. Ама тоа не ми пречи воопшто и сметам дека не треба никому да му пречи, особено не на интервјуа за работа. Чаламџии имало и ќе има во различни форми. Ја сум чаламџија тука на форум, тука ми е мерак.

    Ама, кога некој ќе дојде на работа да се чалами, тој чалам може да биде лоша репутација или лоша работа за институцијата. Како што си либерална и отворена за луѓето кои одбираат дали и каде да се тетовираат, така мора да бидеш отворена и да прифатиш дека некои луѓе едноставно се конзервативни и тоа им е стил на живот. Па, на пример, ако девојката работи како негувателка во старечки дом, не можам да ја примам да работи со мртвачки глави нацртани по рацете зашто тоа ќе ги возбуди пензионерите и ќе умираат побрзо и помалку профит ќе правам. :lol:

    Значи барам да се гледаат работите разумно, а не да се гледаат или црно или бело.

    Мадам-А, на истата сликичка со доктор помислив и јас, ама не се потрудив да ја најдам. +1 за тоа што ја заврши мојата работа. ;)
     
    На BeautyAndTheBeast, eliesaab и Madam-A им се допаѓа ова.
  18. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    YES, I wanna fight sooo bad !

    Сакав да кажам, мене таквата дискреција заради осудување ме асоцира на незрелост. Одма ми текнува на тинејџери кои носат долги ракави во лето по дома да се скријат од татковците.
    Никому не би сакала да ги му наметнам сопствени ставови, но мисам дека конкретно ова е целосно личен избор кој нема афект врз другите на било кој начин и со тоа не е вреден за дискусија ниту за дискриминација. Не би било фер некој да биде одбиен за работна позиција само заради тоа што има тетоважи.



    п.с Кретенските тетоважи и кретените кои ги носат на себе се сосема друга тема на разговор.
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ако смеам да се закачам за ова, кревам знаменце, два прста... :wasntme:

    Не е фер, е фразата на адолесцентите. Се знае животот не игра на фер. Еве јас не сакам да носам хулахопки на пример и обожавам, како золвата го вика, курвински лак за нокти. Ама знам дека општо прифатено и презентативно е дека жена која ја носи косата соберена(доколку и е долга), носи хулахопки, затворени кондури, ноктите и се некој пастел боја ако се воопшто лакирани, при интервју со слични искуства и квалификации, ќе ја добие работата, пред онаа со џиш црвен лак, тапирано кремче и сандали на платформа каде и излегува палецот два сантима. Тетоважата што ѕирка под ракавот пак екстра. Не мора ни да е намерно, потсвесно се бира изборот на угледен човек и така функционира тоа, па кој се лути нека тетовира „не е фер„ на рамо. Тетоважа со гола жена на подлактица едино може да е предност ако си избацувач во ноќен клуб. Да изгледаш таф :muscle:

    Јас не сум за било какви тетоважи. Има нешто во мене што вика, ако сакаш арт, не цртај на тебе, цртај на канвас, или купи слика закачи ја на ѕид, кога ќе ти здосади, фрли ја.
     
    На Mishela и mimiiiii им се допаѓа ова.
  20. Stefiks

    Stefiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    :clap: :clap: :clap: :clap: :clap: :clap: