Captain-Omni,Можеби ( и има) конзервативни газди и фирми што налагаат правила за видливоста на тетоважите .Доколку се случи некој да има белег од нешто на видливо место (го споредувам со место на тетоважа ) би било проблем за да работи и дали тоа би се сметало за чалам ? (нели на видно место е ако гледаме така... ) Тетоважата секој ја става од различно задоволство.Чаламот е само измислен израз.Тоа не оправдува да се етикетираат сите што имаат видливи тетоважи дека сакаат да се истакнат,докажат и покажат .Има личности што имаат комплекс поради белег (па ставаат на тоа место тетоважа ) Така се чувствува по самоуверено и по убаво .Имам блиска личност што во несреќа изгуби некој што многу и значи па направи мал портрет (на по )видно место .Јас знам колку таа тетоважа (и) значи,не го сметам за чалам нити пак како пречка дека тоа ја променето како личност (карактер) .
Со тенденција да не изгледам обележана како поранешен затвореник, сакам странично на ребрата под десната града, со римски бројки да ја истетовирам годината на раѓање на моите родители. Мал потсетник за сето она што досега го направиле за мене. Низ глава ми се врти и некоја идеја, да ставам поголема тетоважа на централниот дел од грбот. Сакам нешто поврзано со Ekatarina Velika, најверојатно симболите- вода, оган, воздух и земја. Ме променија многу, за краток период созреав со нив. Од левата страна кај колкот кон струкот, сакам да ставам цитат од Placebo или The Smiths, и двата подеднакво ми значат, не знам на кој ќе падне крајниот избор. За вторите две ќе почекам, ама за првата искрено се надевам дека идејата ќе ја спроведам накаде на есен.
Убаво ми изгледаат малечки тетоважи,на пр. ваква некоја ама мразам тетоважи по цело тело или вакви оваа како изделкано дрво изгледа
Воопшто не сакам тетоважи од типот ѕвездички, срценца, цветчиња... како племињата што се шарале по телото. И такви што се како "украс", без некое посебно значење. Би ставила тетоважа под вратот или некаде подоле на грбот, не би сакала на раце/нозе. Можеби текст, можеби некоја слика, но сеуште не сум спремна за нешто такво. Не би сакала да избрзам и после да се чудам каде ми бил паметот тогаш.
Многу голем обожавател сум на тетоважи и имам тетоважа на колкот која ми е од големо значење, минијатурна реченица е , не е воопшто голема. Несакам големи тетоважи, поубаво ми изгледа малечка некоја. А за болката, секого различно го боли. Јас и другарка ми кога ги правевме бевме заедно. Мене ме болеше, ама не толку многу, блага болка, издржлива. За разлика од мене таа неможеше да издржи.
За трајни тетоважи НЕ!Има многу убави што стојат подолго време за тие не сум многу против,Сакам да си најдам некоја леплива со знакот на бесконечноста,али си цртам некогаш со црно гел пенкало Сепак,за летен период една леплива не е проблем,ама трајна не.
Од 1ва година сакав тетоважа да праам ама немав никаква идеа. И сега во 4та ставив и многу ми значи. Сепак јас сум за оние тетоважи што нешто ќе значат, а не оние обични што скоро пола Македонија ги има као инфинити, срценца ѕвезди и слични. Ова се случи спонтано. Татко ми почина и направив ваква. Омилена ми е сакам пак да правам, портрет на плешка од татко ми.
Тетоважи! Оваа тема е малце непозната за мене ако може помош, бидејќи планирам да правам тетоважа ама прво сакам да знам дали може да има некои несакани последици и ако може да дадете совет за некој салон кај сто прават квалитетни тетоважи и не се многу скапи.
Не боли многу, јас се тетовирав на грбот ама се издржува болката. После околу недела дена ќе треба да се мачкате. Е сега кај што има коска повеќе боли, пример грб горе кај вратот или по рбетот.... ама ништо страшно.
има многу коментари, ми е мака да читам се да ве прашам вие што имате ставено тетоважа каде најмалку боли, би сакала буква да истетовирам некако разиграана, на иста буква ни се имињата со дечко ми, па секој за себе да си ја има првин, па после за другиот дали над зглобот на ногата е добро место, или предложете ми вие идеа. Ви благодарам
^^Секаде боли нема врска со местото. Можеш зад рамото и кај вените,би изгледало интересно. Овие се многу убави
Како што ми имаат кажувано на зглобовите секогаш боли. А не болело на рацете и на плешките од грбот. Ама колку што ме лажат и мене и јас тебе те лажам. Секаде ќе почувствуваш болка пошто тоа е игла.
Како што јас знам највеќе боли на дланките, на клучната коска и на стапалата ама не сум сигурна така се ми кажувале пијатели. Јас мојата ќе ја направам на стапалото безразлика колку и да боли.
за девојката што прашување за буква да тетовира- на зглобот на стапалото најубаво стои посебно кога носиш штикла , и ја сум во план само кога ќе имам време и пари
Морам во скоро време да си ставам ваква тетоважа! Преубава ми е Не е голема и баш е женствена И сакам да ја ставам на долниот дел од стомакот,баш како на сликава Спојлер
И што значи тетоважата?Многу ми е глупаво кога ќе видам дека некој ставил тетоважа оти ете му била убава и женствена, како што велиш ти.Абе тетоважа се става за нешто што ти значи, за нешто што ете сакаш да имаш спомен на телото, а не вака оти е модерна, оти срцкаста била, оти не знам што.