Па да можеш да се одјавиш. Јас разбирам секој да си има свое мислење, ама тетоважа не се става од тие причини како твојата, затоа стана помодарство.
Ајде ајде сега некој ќе ме "учи" поради кои причини се става тетоважа Свати,некој става ради украс некој става од некакво значење,ок? Толку од мене.
Јас вака само да прашам, чисто ме инрересира зашто луѓево почнаа да тетовираат илуминатски, масонски симболи што треба да значи тоа?
Mимс и тие неоти знаат што значи...така од чалам и оти стана едно огромно помодарство да се има тетоважа, па не е битно што значи, дали има значење за него лично, макар и да ја има ставено само поради уметничката убавина на истата, ама не, битно е да се има и да се правиш фраер ете тоа е.
Може ли да ми кажете зошто се тетовираат пеперутки? Тоа е во преносно значење дека тетовираната е цвет, а овие и застануваат или нешто друго? Нормално, може да се работи и за опсесија со пеперутки, во стилот стотици собрани дома, со различни форми, бои и големини.... Ама реално мислам дека не е така.
Обично со пеперутки се тетовираат жените.Ја претставува физичката убавина,симбол се на љубов,цвеќиња , непостојаност,но и симбол на трансформација (од гасеница до пеперутка).Во Кина е симбол на брачна среќа, а во Јапонија е симбол на самураите. (ова се информации од комшичето кое се бави со тетовирање) Е сега мое мислење за тетовирањето.Сакам да видам маж или жена кои ја носат тетоважата со стил ,која патем има смисла,со автентичност и која има некое значење.Да се тетовираш и да бидеш дел од реката помодарство е без врска.
^ Пеперутката пред сè претставува трансформација, но кај нас долги години, а и сè уште важи правилото дека девојка која носи тетовирана пеперутка на себе е промискуитетна девојка. Нормално, да знаеле оние девојки кои ги тетовирале пеперутките, немало да ги тетовираат, но... Затоа и многу девојки кои сакале да истетовираат нешто кое ќе го одбележи нивниот чекор напред во која било смисла, духовна, физичка, матријална или каква и да е, не се одлучиле за овој совршен симбол за отсликување на тој момент, токму заради лошата репутација на тетовираните пеперутки. Плус, зошто бе никој гасеницата не ја тетовира?!
Порано ретко кој се тетовираше, па за тие што имаа тетоважа, таа им беше причина за гордост затоа што на некој начин ги делеше од останата обична, небунтовничка толпа (меѓудругото). Зборам за убава тетоважа. Денес сите имаат, и татини принцези и мамини синчиња, и бубалици на школо, па затоа некако се губи таа смисла што некогаш ја имале тетоважите. Вадел ли некој тетоважа, како оди постапката, се брише ли тотално, останува ли нешто како лузна, болно ли е? Имам една што сакам да ја отстранам.
Емилија Пендева да не знае некој како стои со цени? За поголемка, црно-бела тетоважа без некои посебни ефекти.
https://www.facebook.com/pages/PAIN-LTD ... 7665463031 Дали е овој тој Симон што го пофаливте во темава дека добро си ја врши работата?Јас сакам да се тетовирам, но ме интересира цена па сакам да му пратам слика по email за да ми каже, ама не знам кој е.
Се има некоја тетовирано на прстот? Боли ли многу? Јас сум во план да се тетовирам на прстот од страна. На тоа место, само јас сакам да истетовирам клуч. Нешто како овој.. Што мислите вие? Боли ли многу на прстот?
Jenniffer, болката како болка се трпи но самата тетоважа побрзо се `троши` од тетоважите кои не се на толку исложено место и следствено, бара почести `дотерувања`
И пеперутките се поврзуваат со промискуитетните девојки? Не сум знаела Капетане за ова. Јас цело време мислев дека tramp stamp тетоважите се одлика на промискуитетните девојки. Инаку да, пеперутката е симбол на метаморфоза, трансформација и најчесто се поврзува со тн. rites of passage во животот кога некоја индивидуа завршува едно поглавје во животот и отвора ново. Тетоважа се вади со ласер. Потребни се неколку третмани за да може да биде избришана. Најтешко се вадат тетоважите во боја, особено зелената боја е тешка за бришење. Колку е тетоважата поелаборирана, толку е потешко да биде избришана. Лузна не би требало да остане, но тоа зависи од многу фактори - квалитет на мастило, тип на кожа, дали е повторувана, иглите кои мајсторот ги користел, колку е сложена и сл. Најчесто има некоја деколорација на местото, која со тек на време избледува и останува незначителна флека.
Јас би сакала нешто вакво да тетовирам на грбот (можеби малку поголема). Е сега ме интересира дали некој се тетовирал кај Мичиќ и од прилика која би била цената?