Јас се тетовирав на грбот, големка е, 12 на 12 см.Болеше доста, иако не ми е прва не издржав да ми ја заврши во еден ден, па исполнувањето остана за друг.Кај Симон ја правев и морам да кажам дека ептен е професионален и добар и стварно сум многу задоволна, го препорачувам.Ми зеде 90 евра, што не е малку ама сепак за таа работа е сосем реална цена.Наредна недела кога ќе ја заврши ќе ја прикачам да се исфалам оти многу си ја сакам.
Конечно смислив каква тетоважа сакам, но ќе си почекам уште 3-4 години, сега ми било рано, ми вели тато. Сакам некоја поговорка од Докторот (знаете, од серијата Доктор Ху), или фотографија од 12тиот Доктор (Мет Смит). И за место си размислив убаво, ако ставам лик, на ногата. А ако ставам поговорка (од пократките некоја), на раката.
Нема врска дека секаде боли. Болката е различна на различни места. Има места каде што боли (и кога велам "боли" значи боли), има места каде не ни чувствуваш ништо, скокотка или е онака како да те гребе некој полека со нокт, и има места каде е онака medium level. Места каде што боли... се знае: глава, стапала, ребра, зглобови, 'рбет... воглавно каде иглата допира директно на коска. И ги подредив по редослед каде боли повеќе, од најмногу до помалку. Има места каде не сеќаваш скоро ништо: долен дел од стомак, бутови, колкови...
Мене првата ми е на ребрата и искрено не ме болеше многу, дури можам да речам дека помалку од интимна депилација да споредам со нешто.Вторава на `рбетот каде што работеше ептен ме болеше, искрено не мислев дека до толку ќе биде, сега дури и страв ме фаќа кога ќе помислам дека треба да ја заврши.Како што кажа Ариела најмногу боли каде што најблизу е коската.
Јас пак умрев од болка кај ребрата. Можеби е до личност но мене премногу ме болеше. Но добро беше што како минеше времето се помала болка чувствував. Дали дека се навикнав, дали навистина се намалува болката, не знам. Можеби е до психа.
Јас сакам да се пофалам со завршената тетоважа, кажав предходно каде се тетовирав и што како, така да сега ќе кажам дека е посветена на брат ми, животот и најбитните личности во него(за секого по една ластовичка) како симбол на лојалност и вечна посветеност и љубов која ја имам за нив, зошто ластовичките остануваат семејство додека не умрат, со партнерот кој го одбрале, се селат како семејство и се враќаат така, лојални се до крај.Дрвото како симбол живот, долговечност, поврзаност со природата и материјал со кој јас ќе ја работам мојата работа еден ден.Порачето за брат ми зошто иако е помал знам дека ми е заштитник и дека ќе се однесува како повозрасен кога ќе ми треба совет или рамо на кое ќе се потпрам. Би ве замолила да не ја копирате и да остане сликава овде на форумот, зошто приватниоста ми е битна до некој степен.И да напоменам пак дека местото боли лајк хел
Многу сакам тетоважи, некако ја надополнуваат личноста, и никогаш нема да бидам личност која ќе има предрасуди кон некој што има тетоважа Сакам да ставам, подолг период имам размислувано и имам две исцртано во глава кои ми имаат големо значење, но сакам да почекам барем уште некој период, зошто на 19 години, некако не ми се донесуваат вакви поголеми одлуки.Инаку ме интересира, има ли некој кај нас кој прави бели тетоважи?Конкретно на вакви мислам:
И јас многу сакам тетоважи,уште одамна размислував да си ставам,искрено и сакав,Но кога видов дека половина од девојчињата од класот имаат,и тоа некои големи што ништо не значат,се откажав.Ама сега пак сакам,ама не некоја огромна,така мала сакам,што ми значи еве вакво нешто:
Имам 6 тетоважи. Сите се на места каде што можам да ги покријам ако не сакам да се гледаат и да ги покажам ако сакам да се гледаат и сите ми имаат огромно значење. Можам да кажам дека болката зависи од кожата но и најмнофу од се од местото на тетоважата (на коска боли поише одколку на мускул и сл.) Доколку ставате, пазете ја така како што ќе ви препорача тату артистот и мн внимавајте на неа за да не ја оштетите
Најпрво здраво Сакам да се тетовирам, но ме заплашија со тоа демек имало инфекции кои ретко се случувале но....дали има некоја со искуство .која веќе има тетоважа...? Какви се тие бои и дали навистина може да се опасни??:/
Да има инфеκции аκо се тетовиρаш κај неκој непρофесионачец, κој не си ја знае ρаботата и κој не κоρисти сигуρна опρема.Аκо ρазмислуваш за тρајна пρочитај на интеρнет од што се составени боите.Аκо се тетовиρаш κај сигуρен тату мајстоρ и аκо се пρидρжуваш на упатството за нега, нема да имаш ниκаκов пρоблем.Инфеκциите не се чести воопшто во тој случај.Поголем пρоблем може да ти е болκата отκолу ова.Совет до сите κои ρазмислуваат за тетовиρање, тоа е сеρиозна ρабта, местото, самиот дизајн и мајстоρот се најбитни, сигуρно не би саκале цел живот да се шетате со неκоја ужасна тетоважа.И запомнете деκа добаρ мајстоρ нема да ви земе малκу паρи за добρа тетоважа, аκо е сκап значи вρеди, јас тоа си го заκлучив по мое исκуство.
Јас сакам тетоважа на прстот од страна, еден ден ќе се истетовирам, само што сега за сега немам нешто што толку ми значи.....
Ваква тетоважа и целосен ми е животот! Лажам... И ваква сакам исто така: ... Ииии ваква... Овие три и крај! На 16 години најрано би се истетовирала со тетоважи за спомен на моите миленици.
Sakam da se tetoviram na zadnata strana na uvoto. Pa sakav da prasam dali moze da se izdrzi bolkata ili sepak da pobaram drugo mesto ))))))