Јас имам тетоважа и дечко ми има, и немам ништо против. За мали тетоважи не е никаков проблем, ама преголеми тетоважи или премногу површина од телото да е тетовирана, тоа не ми изгледа убаво и не го сакам.
Decki napraviv tetovaza pred nekolku dena. Sega pocnuva da me cesa i nekako bukvite bledeat. Dali toa e normalno?
Сум сакала да ставам тетоважа цел живот и уште сакам над глуждот, арно ама никако да се одлучам заради "можноста моите ставови во иднина да се променат " и бла бла совети од постари
Да нормално е, заздравува тоа е исто како рана кога те чеша, немој никако да ја чешаш, само лесно може со јагодите на прстите никако со нокти.А бледи се буквите зошто фаќаат малку како корупка од заздрвување, ќе се промени тоа.Ама ако можеш сликај да видам. Инаку ја мачкаш маст, како ја одржуваш?
Нормална ти е, само што не знам зошто ти рекле со вазелин да ја мачкаш, треба маст со антибиотик, најдобро мачкај ја со пантексол, јас сите мои со тоа ги лекував, мачкај ја недела ипол најдобро.Прво миј ја со топла вода и благ сапун и намачкај, неколку пати на ден и никако на сонце не ја изложувај.Летно време не е добро да се тетовираш, да знаеш за наредна.
Немав моментално хидроциклин и затоа ја мачкав со вазелин. Инаку ја мијам со млака вода, па ја бришам со влажни марамици бекутан и после тоа ја мачкам со хидроциклин.
Немој со вазелин, не ти диши кожата од него. Миј ја со антибактериски сапун и млака вода 2-3 пати на ден, бриши со чист пешкир ама со тапкање само. Нормално е да пецка и чеша, бидејќи заздравува местото. Јас имам две, мачкани се само со детска витаминска крема и ништо друго, никаков маст ниту антибиотик а имам доста нежна и осетлива кожа, сепак никаков проблем немав за заздравување. Немој да ја оставаш да се исуши додека заздравува значи постојано да е намачкана.
Моментално ја мачкам со хидроциклин. Инаку како шо кажав ја миам со малака вода и после тоа ја бришам со бекутан марамици. Фала ви многу за советите *
Сакам извезен период ваква да си ставам.. Е сега ми рекоја дека на ова место доста боли и некако ме фаќа страв
Епа секаде боли, ти влага игла под кожата не знам што очекувате.Некои места болат помалку, поточно помеките, каде што има коска боли повеќе.Јас имам таму тетоважа и е многу, многу поголема од оваа, па издржав, ме болеше помалку од депилација, колку за споредба.Тоа е индивидуална работа, зависи колку сте научени да трпите болка.Твојата е доста мала и ќе ти ја направат за 10 мин, така да ќе издржиш.
Јас имам баш на тоа место и тоа ептен поголема и + обоена, болеше да, ама бидејќи ти е ептен малечка за брзо време ќе ти ја заврши и нема да трпиш бол повеќе од 10 минути
Направив тетоважа во понеделникот. Во среда заминувам на одмор. Дали ќе можам да се сончам и да се капам. Инаку тетоважата не е многу голема.
па не би требало. не е важно колкава е. треба време да заздрави. 10тина дена мин не треба воопшто да се изложува на сонце и потенцијално нечиста вода (море/езеро). сепак е рано според мене и мислам дека малку си се заебала што си ја направила пред одмор, ама секако не можеш да промениш. така да пази ја и мачкај ја со некој огмен фактор.
Девојки имам желба да направам тетоважа и тоа под клучната коска (шѕо не е баш скирено место), но сум слушала дека може да ми пречи за работа. Дали имате некаква информација за тоа?