Скапа е многу, ама реално си работи убаво девојката. Цената зависи од тоа што сакаш да тетовираш, големината, деталите, дали во боја или црно бела. Најубаво пишете им и прашајте ги директно
За таа тетоважа ти што ја сакаш мислам оти без 4 000 нема да поминеш. Ама, најубаво прашај си како што веќе ти рекоа. И да пишеш на фејсбук на неа лично, и на страната на студиото - Еминимал се вика студиото, ќе ти одговорат одма.
Една од желбите ми е да се тетовирам, ама прво би ставил од оние привремените па после ако ме бендиса да ставам трајна. Ако некој знае колку се движат цените на привремените тетоважи нека ми каже.
Tetovazhi mi se svigjaat povekje kaj mazhi, znae i seksi da bide. Ama ne mi se svigja koga nekoj si go pravi teloto dzid za grafiti. Onie crtezhi po race, torzo mislam deka ne mi se po vkus. Inache po nekoja tetovazha tu i tamo (sho stvarno ima nekoe znachenje, a ne e nesho bez vrska) jako mi izgleda. A jas ne bi se tetovirala. Barem ne zasega. Koga bi reshila, toa bi bile nekoi positni shto ne zafakjaat pogolema povrshina, ko shto rekov, kaj zheni ne mi izgledaat ubavo preizrazeni tetovazhi.
Пак налетав на темава ама сега како загрижен родител.Баш се расправав со мојана госпоѓица. И кажав еден виц да го споделам и на вас. Маж во постари години се фали: -Мојата жена кога била млада тетовирала 2 дињи на градите,ама сега личат на 2 банани. Сакам да кажам се убаво кога е младо и стегнато ама кога ќе остари...
Lunicka јас како љубител на тетоважи ќе ти кажам дека оние кои вистински си ги сакаат и тетовирањето го сметаат за уметност не гледаат на тоа како тетоважите ќе им изгледаат на другите, ние си ги сакаме оти се наши и дел од нашето тело, не ни се за фалење или добар изглед.Како што старееш и треба да научиш да си го сакаш телото со сите негови промени така си го сакаш и со изменети тетоважи, не е важно како изгледаат, важно е дека се таму и дека те потсетуваат на она зошто си ги направил , тие се дел од тебе, спомен и трага на живото исто како и брчките кои си ги добил ради некоја нервоза или пак постојано смешкање.Мене лично никогаш нема да ми сметаат и ако ќеркати сака да направи некогаш ќе направи верувај дека нема да ја спречиш, може сега да, ама ако вистински сака ќе направи кога-тогаш.
Честo среќaвaм кoментaри низ темaвa, a и сегa еве кaј @sjdgo читaм декa не ви сметaле тетoвaжи сo знaчење. Луѓе, oд кaј знaете вие дaли тетoвaжaтa имa знaчење нa личнoстa кoјa јa нoси. Мoже јaс сум истетoвирaлa кaмиoн зaтoa штo дедo ми штo мнoгу гo пoштoвaм е кaмиoнџијa. Мoжеби пaк не сум знaелa штo, пa aјде кaмиoн ќе тетoвирaм. Сликaтa oстaнувa кaмиoн. Другa рaбoтa, aкo некoј тетoвирaл крст ( + ) нa oбрaз, кoлку гoд дa е oн религиoзен и дa му знaчи тетoвaжaтa, не му е убaвa, пa штo aкo зa негo имa знaчење. Зa еднa тетoвaжa дa биде убaвa битен е aртистoт штo јa прaвел, a не дaли имa скриенo знaчење. А и личнo мене мнoгу ме нервирaaт прaшaњa oд типoт нa: штo ти знaчи тетoвaжaтa? Штo имa нa секoј дa се кaжувa кoј штo тетoвирaл и зaштo. Мнoгу се oптеретувaте сo тетoвaживе, кao oк, 21 век сме 60% oд луѓетo нaoкoлу имaaт, not big deal.
Znam po toa shto sum videla kako edni isti tetovazhi se povtoruvaat kaj razlichni lugje a oni kojznae i dali se svesni Pomodarstvo. Nemam nishto protiv tetoviranje, mislam deka ostana jasno po prethodniot post, ama ne go cenam trendot. Denes mnozinstvoto se tetovira od moda i toa e ok, posho e aktuelno. A lugje shto pred 20-30 godini se tetovirale od zhelba (imam primeri) ne bile ok, tuku bile najrazlichno labelirani. I toa od strana na mnozinstvoto.
Тетоважите не и се потчинуваат на модата, тие се доживотни! Тетоважата е доживотен белег, според мене стварно треба да ти значи нешто да ја ставиш. Сакав да ставам, ставив 2. Тетоважите зборуваат многу за мене, за одреден период од мојот живот. Белег на еден важен период и многу болен. Тоа нема да се промени ни за 100 години...дури и кога ќе бидам цела стара и збрчкана. Ниκој не знае деκа ги имам се додеκа јас не ρешам да му ги поκажам, затоа што се ставени лично за мене а не за да бидат видени. Таа ρеченица: што ти значи тетоважата?- многу иρитиρа. Аκо саκаме да знаете, ќе ви κажеме и без да пρашате! Ама нашата душа не е тепих да ја отваρаме пρед сеκого па после да гази на неа, посебно за болни и осетливи ρаботи! Сеκој тρеба да си ја гледа својата ρабота, а деκа на неκој не му се свиѓала тетоважата што на нас многу ни значи ама баш ич не ни е гајле Не живееме за дρугите
@Captain-Omni овој толку се поправил што ја затегнал тетоважата,бојата дури му избледела од оптегнатост . А замисли да се исуши и ослабне... Абе не сакам таа кожа што сум ја родила да си ја „оверува“.А и ретко кој со една тетоважа останува. А џабе лаам,ако реши цврсто нема да ја разубедам.
И јас имам тетоважа, преголемо значење има за мене. Си ја сакам премногу. Скоро на колкот ми е и болката ја издржав машки, можеби од голем мерак тогаш. За тетоважа која ќе ви има значење никогаш нема да се покаете ( освен ако не е поврзана со (бивши) дечко/сопруг). Ја мачкав со пантексол маст и ја миев со млака вода и глицерински сапун. Ја имам три години и ме потсетува на тоа колку голем борец сум во животот. Несакам чкртаници и истетовирани цели тела, една ама вредна две мали зборчиња и големо значење.
Ако веќе одлучам да се тетовирам, тоа ќе биде поштено низ цел грб. Тетоважата ќе ми биде цела во боја, креативно изработена со мерак.
@lunicka Морам прво да те прашам, колкава е ќерка ти? И јас пред многу години со мајка ми го имав муабетот. Јас за - она против. И поубаво што не ми даде тогаш да ставам тетоважа. Знаеш зошто? Затоа што 7 години подоцна, кога си ја ставив истата тетоважа што тогаш ја сакав, ама ја платив дебело за да изгледа убаво, сум и многу благодарна. Да ми дадеше тогаш ќе беше мала и никаква. А сега мајка си се помири со фактот дека сум тетовирана и сфати дека тетоважите се нешто што јас го сакам и многу ми значи да ги имам на мене. Инаку втората треба да ја завршам кај и да е и ќе ви постирам слика
Морав да споделам со вас нешто прекрасно, тетоважи инспирирани од Студио Гибли http://9gag.com/gag/aWOo3Ed
Сакам две. На вратот позади, златната спирала, и мала снегулка позади увото, направена од дијагоналите на осмоаголник. Едната за безусловна љубов кон архитектурата, уметноста и математиката, другата за живеење со т.н. snowflake disease, со скриен верски симбол во чест на двајца личности. Кога ќе бидат, не сум сигурна.
Сепак не изгледа лошо тетоважата кога си стар, кога ти е збрчкана и висната кожата. Еве, пример сликава Планирам скоро, доколку бидам во можност, да ставам тетоважа, дали прво иницијали кај вените или Dreamcatcher на рака или грб - се уште немам одлучено која би била прва
Mnogu bi sakala da go istetoviram imeto na sin mi vednas pod klucnata koska ama da ne bide amaterska tetovaza tuku istetovirana od vistinski umetnik.Vo mojot grad nema dobri tatu majstori,a mnogu bi sakala kaj Emilija da se tetoviram i koga ke mi se ukaze moznost bez dvoumenje ke ja napravam