gi citam komentarive za tetovazive i gledam deka lugevo vreska nemaat sto sakaat na nekoi i se gadi od tetovazi sto e tuka gadno tetovazata e dobro nesto, i nesto po sto mozes da prepoznaes nekoj karakter i slicno tetovazata te pravi po razlicen i e ukras na teloto ,samo dobro izbrana tetovaza dosta stavaat gluposti sto ne znaat ni sto znacat.epa vaka jas planiram da se tetoviram edno 10 godini da mozam 70 % bi se istetoviral uste da imam pari ne deka nemam za niedna ama neznam sto poprvo, mali tetovazi mi se tapa imas ko da ja nemas ni se gleda ni nisto nekolku golemi i so znacenje.poveketo pravat tetovazi od calam ne deka nesto i znaci ili tetovira nesto sto asocira na mok gordos ili nesto takvo a se pi*** vo dusa ne e samo da se odbere dobra tetovaza i da se tetoviras treba da odberes nesto sto te opisuva tebe i sto ke ti stoi ima razlicni luge so razlicen izgled zapazete i na toa ne ti stoi se i sesto a moze da ti znaci napraj si prvo probna i dobro razmisli dali ti stoi i dali ti lici razlicni luge debeli,slabi,po crn ten,beli razlicno gradeni i slicno dobro razmislete sto stavate i dali e so znacenje ili ne i da ne e minlivo toa.
Да не се лажеме дека немаме добри тату мајстори,ти наброи само една.Боби гроф,симон,мичич,роберт,бојан(куманово) и итн да не набројувам.Сите овие артисти секое такмичење најмалце зимаат по една награда.Имаме ние одлични тату мајстори.
Jas napisav deka vo mojot grad nema dobri tatu majstori,bidejki sum od mal grad,a ne napisav deka vo Mak.nemame,se razbira deka ima,ama ete zelba mi e kaj Emilija da se tetoviram
Кај Емилија само се чека многу. Дури во април сега има слободен термин. Јас сакав да прашам, што ставате на тетоважата после тетовирањето? Креми и сл.?
Ќе си купиш Пентаксол маст(или така некое име имаше) и ќе си ја премиваш со благ сапун и млака вода и ќе се мачкаш 3-4 пат дневно, нема да ја покриваш и ќе гледаш да не има врз неа нешто што ќе ја иритира, да не ја пече сонце и да не и нанесуваш топла вода.Не ја чешај никако и за недела дена ќе ти заздрави, зависи од тоа колку е голема, но сепак не треба многу време.
Апел до Скопјетесакам, како да ги најдам тату мајсторите кои ги имаш наброено? Сигурно имаат фб страници.
Leloo јас мојата ја пρавев κај Симон, ептен сум задоволна.На фб ќе го најдеш κаκо Симон pain and ltd studio.
Ок. Цел форум сфати дека си во овулација или во пубертет. Најди тетовиран католик атеист кој никако не е од Охрид, а можеби е и грк и заврши работа. И прејди на кирилица,аман.
https://www.facebook.com/simon.painltdtattoo?fref=ts - Симон https://www.facebook.com/robert.kitanovski1?fref=ts- Роберт(Скопје-инк) https://www.facebook.com/eMINIMAL.Tattoo/?fref=ts (Емилија пендева) https://www.facebook.com/goran.micic.5661?fref=ts- Мичич https://www.facebook.com/boban.groff?fref=ts= Боби гроф https://www.facebook.com/aco.nikolov.7?fref=ts= Ацо николов Повели
Штo мислите вие зa oвa? http://www.rebelcircus.com/blog/father-tattooed-by-child-is-accused-of-child-abuse/ Злoупoтребa?! Мене ми е некaкo ту мaч.
Не паничи толку Луничка И моиве се притресуваа за првата, па еве, иако ми е на видно место (рака) ако не ја покажам, не ја ни приметуваат луѓето. Сега, зависи колку години има девојчето и каде сака да се тетовира. Ако одиме во екстреми (лице пр.) и јас би се замислила, ама се останато ако е. Еве јас мојава прва ја ставив на 19 години, и сеуште си ја сакам како првиот ден
Паааа... си ја исполнив желбата. Ги направив двете тетоважи кај Симон и човекот ја има мојата најдобра препорака досега! Студиото му е чисто, добро средено, а како тату мајстор доста принципиелен, дава совети, достапен во секое време ако имаш некое прашање и сл. Моите тетоважи не се многу големи, али добив коментари од пријатели дека демек мн. пари за толку мали тетоважи. Меѓутоа за секој што сака да се тетовира, да си знае нешто, добрата тетоважа не е ефтина. Барем знам дека се е во ред, а не, истата ке ја платам 500 денари помалку и после ке пукнам од нервози за како што. Така да, човекот си го цени трудот, и со право. Само имам прашање до веке тетовираните .. Тетоважа што ми е на ногата, незнам дали пред се е до кожата и местото (бидејки другата ми е на раката) ја правев на 10 Ноември, а оваа на раката 25 Ноември, али некако оваа на ногата дали дека затворена во хулахопка ми стои посува, и како ми е побледа. Завршив со таа маста што ја дава Симон, и сега и ставам хидрантна крема, ама пак ми стои побледа и на некои места како ми има изгубено форма.
Тетоважа несмее да биде никако затворена т.е да ја гуши нешто,без разлика што ти била во хулахопка сепак правела проблеми,затоа што таа треба а дише и маста треба да се впива во кожата,а ти си ја мачкала а хулахопката ти ја бришела маста.Така да мој совет,иди кај симон да ја види,и ке ти каже дали треба пак да се пофтори.
Честитки за тетоважите, инаку зошто не го праша него за ова, мене ми рече да одам после 10 дена да види дали е секаде во ред, да не е избледена некаде и да нема некоја грешка за да ја поправи, може ќе интервенира и кај тебе. Инаку @Скопјетесакам и мене ми беше затворена, ако пример е на интимно место секако не може цело време да е отворена, нема врска тоа, веројатно местото е критично и не фатила бојата добро.Зошто кај мене цело време беше покриена па во ред е, иста е како кога ја правев, а година ете помина.
Тетоважата треба пред се да дише,не треба да е затворена значи,ок е маица или панталони да ја гушат одредено време,ама треба пред се да дише.Јас имам 10 тетоважи на мене,на различни места секако(немам на интимно ) и досега сум немал никакви проблеми со нив,али сум гледал да дишат да бидат на отворено да нема мајца на нив и итн.
Абе во ред тоа имам и јас и со ниедна немам проблем, ама сакам да кажам дека има места што не е изводливо да се отворени, пр сега она на нога, ако е од сабајле до вечер на работа не може да и е отворена, треба кога стави маст само да причека да и се впие, да не облекува нешто врз неа.Сепак различни тетоважи различни искуства, секој си наоѓа начин како да ги чува.Нејзе веројатно и е до местото, на колешка моја верувал или не, не и фати бојата на еден дел од телото, а на друг и беше сосем океј и мораше да и ја повторуваат пола.Така да најдобро да оди до Симон да ја погледне додека е свежа
Затоа и реков да оди до кај Симон да ја види и најстручно он ке и каже што и како треба.Веќе човек кога ке реши да се тетовира,мора да најде од 5 до 7 дена слобода,за да мирува дома,раната да дише за да нема компликации.Но има и кожи кој не примаат боја кој се комплицирани кожи.
Кога бев за 2-рата тетоважа ми беше во ред, затоа уште ја миев и го ставав тој кремот, ама од кога престанав видов дека пошта да се суши т.е. местото да е доста суво. Али секако пак ке поминам до него. Фала ти.