доколку сака другаркати да се тетовира сметам дека тоа треба да го одлучи сама без разлика на тоа што мислат други сепак таа ке си ја носи цел живот. А за тие тетоважите што се за неколку години имам слушнато дека се прават со други бои и кои што содржат поштетни хемикалии некојси незнам што, и има некои татто мајстори не работат со такви тетоважи ради тоа. Сеа колку е ова вистина незнам.
Моментално немам ниедна , но ќе ги имам и тоа повеќе.Само го чекам вистинскиот момент Не се двоумам знам што сакам , знам кога го сакам , се ќе започне со таа најубавата најбитната , сакам на мене да носам нешто прекрасно кое буди прекрасни сеќавања за личност дотогаш небитна ...а живот ми значела.Велат сродната душа секој ќе си ја најде...а јас ја пронајдов верувам предоцна , кога некој горе реши дека дојде време да си го земе ангелот назад
Немам тетоважи до сега на мене,а мислам дека нема ни да имам.Едноставно не сакам да имам таков украс на телото.А кога видам на некој/а друг/а од страна како убаво му стои,си велам супер што си имаат тетоважа.Ама јас-не благодарам.
И мене ми се допаѓа тетоважа на телото. Сакам да си ставам тетоважа во долниот дел од грбот т.е. кичмата над задникот. Имам слушнато дека лицата кои сакаат тетоважи се авантуриситички настроени. Дали знаете некој добар салон за тетовирање ? Со лиценца и работно искуство Бидејки малку ми е страв и од инфекции
Јас си имам две тетоважи на мене, едната помала, а другата ептен голема. Ако си од Скопје можам да ти го препорачам Боби-Гроф има тату салон во Скопјанка. Ептен е добар дечкото, а што е најбитно многу е чисто. Поздрав
Многумина си ставаат само за мода , онака да се понашаат .. „Тетоважите не и се потчинуваат на модата, тие се доживотни!“ - убаво кажано Тетоважата е доживотен белег,според мене стварно треба да ти значи нешто да ја ставиш. Сакам да ставам , планирам за полнолетство да се почестам со една.Тетоважата зборува за самите нас, за одреден период од нашиот живот.Тетоважата која сакам да ја ставам , ќе биде белег на еден важен период во мојот живот и сигурна сум дека многу ќе ми значи.Да не откривам повеќе детали ,ако се тетовирам ќе ве известам А за оние звездички , срценца и сл. што ги ставаат чисто да се каже дека имаат тетоважа, нема да коментирам ....сепак секој си има свој вкус
Многу ме нервира кога ставаат денешниве девојки тетоважи само затоа што на некој му стоела... Имав една другарка висока 177 цм,и се истетовира по рбет со хебрејски букви. На тоа една друга моја другарка виде дека убаво и стои и појде и таа да се истетовира а висока е само 1.60. Booпшто не изгледаше убаво на неа. И ако веќе следам тренд да ставам ѕвезди пеперутки и слично, ради мода би ставила на една или две години затоа што тие тетоважи немаат никакво значење, туку се поминлив тренд. Но доколку нешто навистина ми значи, би се истетовирала трајно. Вака нешто ми е најубаво...
Многу сакам тетоважи Пирсови не толку ама тетоважи многу Убави ми се на врат: http://t2.gstatic.com/images?q=tbn:N7z- ... t1.jpg&t=1 (Како оваа) Или оваа : Или на грб ама не многу големи: Оваква без текст П.с : И јас сум гоолем обожавател на Кат Вон Д
jas sum majka i imam matetovaza na levoto ramo prekrasna ruza so imeto na sin mi zosto ne zivee so mene si go nosam zasekogas na sekoj nacin e del od mene .inaku toa e bolno mnogu no mi bese ogromno zadovolstvo uzivav dodeka bolese hahaha zosto toj mi e edinstvenoit sto ke go sakam se dodeka sklopam oci [mod-kirilica:qgc4mq63][/mod-kirilica:qgc4mq63]
Сакав тетоважа -си направив.Дискретна е,и еве по неколку години сеуште не сум се покајала.Не знам што толку фама се крева окулу тетоважите,ако некој решил и цело тело да си го ишарка тоа е негово право.Јас лично се водам по онаа Се што е многу не е на арно,така да лично не сум голем фан на исцртани раце,нозе,грб... значи повеќе кејф ми прават минималистички нешта. Мене една ми е доволна,не сум осетила потреба да се тетовирам пак.Само мене ме буни тоа што демек тетоважа покажува индивидуалност и различност од другите ,а уствари тетоважите станаа како некој шаблон,значи тие се:кинески знаци,ѕвезди,пеперутки.Како и да е телото е твоја сопственост,што ќе правиш со него-твоја одлука
Досега не сум имала желба да ставам тетоважа, а и мислам дека нема да имам едноставно не ме привлекуваат. Сепак не ми сметаат тетоважите кај луѓето, секој сам одлучува за својот живот
Јас имам тетоважа одозгора на стапалото Реченица е, не кажувам што пишува, со нежни букви, и на почетокот и крајот има срценца, споени со буквите Реченицата многу ми значи, и никогаш нема да се покаам што ја направив. Воопшто не гледам на тетоважи како да се нешто страшно. Почитувам кога некој истетовирал на него нешто значајно за него, или да одбележи некој период или настан од животот, а не нешто одбрано од каталог некој делфин на пример или некоја таква глупост
Тетоважи Обожавам Ама трајна никогаш не би направила . Од чиста причина затоашто за различна прилика сакам различна тетоважа на различно место. Ако секој пат јас се тетовирам, ке треба целата да сум испошарана. И не сакам некоја тетоважа да ми стои засекогаш. Практични се лепенките и периодичните тетоважи. :up: Твитер тетоважа
Мммм обожавам тетоважи и сум во план да ставам,сакам да биде некое не толку видно место,зошто кај нас нели сеуште сме назад и прават проблеми за тетоважи.Имам неколку идеи се надевам наскоро ќе имам тетоважа,која што ќе има значење за мене,не сакам нешто без врска колку да се има