Пред се луѓето тетовираат она што им значи,и немора нели секој да знае што значење има тетоважата.Сестрами има тетоважа што само ние дома знаеме што значење има тетоважата,а некој да и ја види ке се чуди што е тоа.Така да не се шарајте безврска колку да бидете тетовирани,одберете соодветна тетоважа со значење,ради тоа што ке ја носите целиот живот на вас.
Па тоа го зборам и јас она за Маца беше добронамерен совет ја прашав дали и значи нешто, ако не и значи кажи ми нема ли да се покае некогаш во животот ако има истетовирано костурска глава брз причина?
Не сакам никој да навредам или повредам,ова од мене ви е све добронамерно да не ме сватат погрешно некој. Дефинитивно еден ден ке се кае што ке сака да го покрие со нешто,луѓе тетоважите се уметност на значење,значи тетоважата 90% треба да ви има значење не е само да ја ставите и готово,гледајте најдете нешто соодветно за вас и вашето тело.Зашто да нема значење тетоважата цел живот ке ја носите и гледате.
@maca cvet, имаш само 14 години, уште си дете, премногу ти е рано за било каква тетоважа! Почекај неколку години па ако и понатаму си емотивно поврзана со „Пиратите од Карибите“, стави ја тогаш. Избрзаш ли сега, големи се шансите дека ќе се каеш а тетоважа не е пиши-бриши. Макар што, не верувам дека некој тату артист воопшто ќе се нафати да тетовира девојче кое уште учи во основно.
Хахахаха не планирам да се тетовирам сега во основно можеби средно или на факулет, но сега за сега не планирам. Не планирам тетоважата да ја правам трајна сакаам од оние кои се бришат за еден месец за и да не ми се допаѓа или да се предомислам да можам да ја сменам. Не сум поврзана со пиратите од карибите само сакам таков стил таква облека носам такви слики имам сакам такви слики со костури нема врска со пиратие од карибите
Дали има некој искуство со привремените тетоважи?? Сакам да ставам тетоважа на стомакот , али во иднина можеби ке имам деца , па нема да личи на ништо! Па затоа сакам да ставам тетоважа на стомак за да покријам лузна...
Втор пат ти реплицирам на темава ама ми дојде идеја Консултирај се со некој стручен за тетоважи и кажи му дека сакаш да покриеш лузна. Верувам дека може да смислите некоја минимална тетоважа што после одредено време (читај бременост) ќе може да ја покриеш со нова и поубава. За привремени тетоважи не знам ама ова ми се чини како добро решение.
А бе тетовирани девојчиња, како се грижевте за тетоважата првите 3 недели? Со што мачкавте? Ме интересира затоа што сите што ги прашав ми кажуваат различно, иако јас си го послушав мојот тату артист и си ја купив кремата што ми ја препорача.
Crimson честитки со љубов да ја носиш засекогаш. Инаку јас ја мачкав околу две недели со пентаксол маст и ја миев си благ сапун и вода и тоа е тоа, не ја изложувај на сонце, нека ти диши кожата колку е возможно, не ја покривај со фолии и врела вода не, а и нр паѓај во искушение да ја чешаш зошто ќе чеша, можеш да ја галкаш може и боја ќе пушта па пази си облека.
Со вазелин женска обавезно мачкај дури да падне првата коричка. Првите дена обавезно и газа ставај, покривај ја и немој многу на сонце. Вода никако. Колку повеќе и ставаш вазелин толку побрзо ќе ти се излупи кожичката, па ќе можеш да ја отскриеш и црвенилото ќе спадне. Создравје да си ја носиш
Вазелин никако секој одличен мајстор ќе го каже тоа, вазелинот ги затнува порите и кожата не може да дише и да заздрави мене така ме зезнаа со првата неискусен мајстор. Само прнтаксол или гентамицин евентуално. Исто и за газата ти водата значи се што ти кажувале е погрешно. Смее да се мие со млака вода и детски сапун тоа е дезинфекција.
Со вазелин и газа ќе ја запуриш кожата, ќе се излупиш повеќе и побрзо од потребното и ќе ја уништиш бојата.
И мене за мојата ми напомена, вазелин никако! Јас ја мачкав со обичен бекутан крем и ја миев со благ сапун. Ќе чеша, а чешање НИКАКО. @crimson Со здравје да си ја носиш .
Имaм прaшaње зa oвие Скин Арт у буњаковец... aрни се? Бил некoј тaму? Ме зaнимa кaкo стoјaт сo хигиенa и дaли е стерилнo се кaкo штo требa... Истo тaкa мoже инфo зa уметничките спoсoбнoсти нa Дејaн. Фaлa ви
Скин Арт, колку што знам се прво тату студио кај нас. Професионалци се, нема збор за тоа. За хигиена, стерилизирање и се тоа ич муабет да не правиме, тоа си се знае. Јас искрено за тетовирање би ти го предложила Злате https://www.facebook.com/strovjanovski?fref=ts ова е неговата страница на фб нема нешто многу објавени фотографии од тетоважи, ама ако си заинтересирана исконтактирај па оди во студио кај него види што како работи. Мене сите тетоважи (со исклучок на една кај Боби Гроф) ми се кај него правени и сум презадоволна. Голем уметник е и работи со многу квалитетни бои.