Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тетоважа

Дискусија во 'Тело' започната од magic, 23 декември 2009.

  1. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Првенствено зависи на кој дел од телото сакаш да ја поставиш, потоа од бројот на иглите со кои што тату мајсторот ќе ја работи, за исцртување една-две, за боење исполнување на површини 9...болката беше кај мене само во исполнувањата и сенчањата но издржлива е пред се, позицијата на која што е поставена е на мојата десна подлактица 10 cm на 8 cm и болката издржлива е, воопшто нека не те двоуми болката.
    ПС. Слика..
    [​IMG]
     
    Последна измена: 20 ноември 2016
    На betikolevska1, Jas!, КикиМаус и 2 други им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.456
    Допаѓања:
    42.473
    Пол:
    Женски
    @Marjan007 кај ја правеше и колку ти зедоа ако не е тајна. Ќе ти кажам нешто без да се лутиш, те прашувам оти квалитетот на изработка ми изгледа лош како да е правена од аматер. Линиите се непрецизни и исполнувањето е лошо. Јас да сум втор пат не одам кај мајсторов. Стварно со најдобра намера е ова без љутиш ако? :)
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Секој има право на свое мислење, ако мислиш дали се каам што ја направив воопшто не иако не излезе на начинот како што јас целосно сакав, во последен момент одлучив за тоа без да истражувам за тату мајсторот дали е добар или не, едниот ден отидов закажав-наредниот ја направив, 50 евра ми зеде 10 cm на 8 cm во Прилеп кај Пеце татоо ја направив...и дали би идел да направам втора, искрено не !
    Ти имаш ли или ?
     
    На Jas! му/ѝ се допаѓа ова.
  4. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
    На betikolevska1, Jas!, Marjan007 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Stories

    Stories Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    1.514
    Пол:
    Женски
    Си ја исполнив долгогодишната желба,се тетовирав.Нешто што многу ми значи и се тетовирав на датум што многу ми значи,пладне одлучив и вечерта се тетовирав.
    Не боли,пецка,малку повеќе боли полнењето со боја ама издржлива болка,ништо страшно.Е сега зависи од местото.Мојата е на понежно место блиску до вени,па пак не беше страшно.
    Љубов ми е.
    Здравје понатаму,можеби уште некоја,ама можеби.:wasntme:
     
    Последна измена: 21 ноември 2016
    На Jas!, TrapQueen и LadyC им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.456
    Допаѓања:
    42.473
    Пол:
    Женски
    Не ти зел многу за тој квалитет е океј цена. Јас не би така да не истражувам и да идам да направам без да се распрашам и да знам со кој имам работа. Така за мојата прва се излажав и сега ќе ја повторувам оти многу лоша боја користеле и ми извледе скроз, избледеана е, иако начинот на изработка беше добар и дезенот е како што сакав. За втората истражував многу, платив многу ама добив и одличен квалитет. Можеш да ја видиш по темава ја имам постирано и ќе ја увидеш разликата. Не ти велам да се каеш дезенот сигурно ти си си го сакал па нема што да се каеш ама од аспект на квалитетот за неколку години ќе се нервираш верувај. За наредна истражи си подобро.
     
    На Jas! му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Јас се тетовирав во Бугарија пред скоро 8 години и тоа кај доста голем професионалец и со вазелин мачкав. Секој си знае бојата што ја користи со што се заштитува и кожата исто така. Не може да се сите исти . :)
     
    На Jas! му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Пеце на бм му зеде 2000 само за боцки како еминем на раката околу глуждот и баш убава му ја направи и богами сеуште е добра вака и бојата и се. А за да му ја повтори големата на рамото иста како еминем само без хајли 100евра побара и нормално не ја повтори мн пари е некако
     
    На Jas! и Marjan007 им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.456
    Допаѓања:
    42.473
    Пол:
    Женски
    @LadyC секој добар мајстор знае дека вазелинот не е добар за афтер нега на тетоважа. Па сега ако ти си убедена дека твојот мајстор бил во право во ред, јас не би да ризикувам повторно. Вазелинот има улога на оменувач ама нема никакво лековито својство, на тетоважата која р уствари отворена рана и треба антибактериски и лековит крем за да заздрави, а не нешто што ги затнува порите и што не ја остава кожата да дише и да се регенерира. Дали ти на отворена рана поправо ви ставила вазелин или антибактериски анелгетик?
     
    На Jas!, crimson и Marjan007 им се допаѓа ова.
  10. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Мојата тетоважа не е мрдната со години. Немав оток, немав црвенило, немаше ни лимфна течност, ни крв. Може е и до кожата, ама јас како ми кажа така направив и супер искочи. Не сум тату мајстор со 300 светски дипломи па да зборам . :)
    Само бев по препорака. А у Мк никад нема да се тетовирам. Не гледам доволно стручност тука, а кај што има познавање гледам само ќеш дека се дрпа претерано. :)
    Мојата не е ефтина ама вреди за сите пари .
     
    На Jas! и rose60 им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.456
    Допаѓања:
    42.473
    Пол:
    Женски
    И мојата не е ефтина и не можеш да речеш дека нема добри мајстори кога не си ни истражувала, во Мк има мајстори коо добиле први места на меѓународни натпревари за најдобри тетоважи. Македонија има одлични мајстори. Ама правило е дека ако сакаш добар квалитет треба да си спремен да платиш скапо.
     
    На Jas!, Rebecca_R и crimson им се допаѓа ова.
  12. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Секој со свое мислење. Мене не ме убедуваш во тоа а и не е тоа целта нормално. :)
    За тебе има- за мене не.
    Што се сум видела од такви врвни ќе се наежиш.
    Па ќе речам ствар вкуса и искуство е се. :)
     
    На elimkd, Jas! и rose60 им се допаѓа ова.
  13. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Дизајнот сам го правев, графички дизајнер сум така да си комбинирав неколку значења од египетска митологија во еден конечен мал дизајн, точно сам ја направив и по големина тој само имаше задача да ја разгледа и да ја реализира на мене...над неа сакам да продолжувам друга исто и под неа неколку египетски хиреоглифи со значење, но сепак ќе размислам неколку пати пред да се определам на тој чекор...
    Цената ме изненади искрено, ми изгледаше прескапо но ете не ни мислев тогаш за цена бев одлучен да ја направам, па макар и години да поминуваат никогаш нема да ми здосади или никогаш не би ја променил/покријал или пак отстранил...
    Бојата, две бои се кај мене само бела и црна, белата гледам започнува да исчезнува, а ја правев сега пред неколку месеци така да...
    За потоа откако ја направив, со антибактериски сапун се мие и се премачкува со маст/крем, барем тоа ме советуваше тоа и го правев, нормално се излупи и остана таква како што е сега.
     
    На Jas!, 1209 и rose60 им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.456
    Допаѓања:
    42.473
    Пол:
    Женски
    Во ред не ми е целта да те убедувам само не е фер да потценуваш труд на мајстори кои стварно вредат и си ја вршат работата како што треба. А и кое искуство го имаш искрено со една тетоважа? Јас имам дома уметник и познајници со многу тетоважи и сите се од различен уметник и се разликува квалитет до квалитет, тоа е искуство, твоето е само едно искуство и убеденост дека твоето е најдобро. :)
     
    На Jas!, Rebecca_R и crimson им се допаѓа ова.
  15. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    За убава тетоважа не се битни парите,многу е битно да го одберете правиот артист(збориме профи артист).Затоа што послем тоа ако ве прави некој аматер ке си имате мака,преправање на тетовожата и ред други глупости.Ова го кажувам од искуство значи не од што ми текнало да мрчам на темава.
     
    На Jas!, Rebecca_R, krEM4Eto и 3 други им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.456
    Допаѓања:
    42.473
    Пол:
    Женски
    И јас не го кажувам ради мрчење си кажав дека имав проблем со првата ради не знаење и неинформираност сега треба да ја поравам. А цената е битна @ЕденЧлен оти мајстор кој си го цени трудот нема да ти наплати ефтино, исто е со уметниците и сите луѓе кои се занимаваат со креативна работа. Затоа и велам истражувајте за после да не се нервирате и не скржавете на пари ако сакате добара работа.
     
    На Jordanovska-K, Jas!, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  17. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Погршено ме свати за цената,поентата ми беше дека вреди да се фрлат и многу пари за убава тетоважа,да не се иде кај аматери артисти,него кај испитани што се по скапи.Затоа што е нормално аматер да ти земе 50% по ефтино него ли од некој профи.

    И јас имав проблеми со една тетоважа па уште ја покривам,затоа што како дете направив кај х артист и сеа едвај ја поправив.
     
    На Jordanovska-K, Jas!, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Мило ми е што заживна темава, ова е дебата пред се не мрчење !
     
    На Роберт 7, Jas!, Stories и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    ^ Доколку си од пп, блиску ти е бт, за наредните тетоважи би ти го препорачала Игорче, поскапо ќе платиш но нема да зажалиш.
     
    На betikolevska1 и Jas! им се допаѓа ова.
  20. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    На betikolevska1, Jas! и rose60 им се допаѓа ова.