Со тетоважа е погрдо телото кога ке остаре а без е поубаво,според мене и не ги оправдувам тие што имаат многу и телото ке им биде гнасно,ке имаат белег,кожата ке им биде неубава
Значи ние кога ке остареме ке бидеме грди,а ти ке бидеш убава? хахахаххах И ние тебе не те оправдуваме имаш еден неоправдан.
РизициУметноста на тетовирање и пирсинг носи свој ризик кој подразбирана рушење на еден од најзначајните обрамбени делови на човечкото тело - кожата.Доколку не се работи во соодветни услови опасноста не е никаков сомнеж да се добие сериозно заболување како хепатитис Ц, Б ,тетанус,туберкулоза, и Хив!!!! Хепатитисот најпрвин е незабележителен и неосетлив но една година подоцна се манифестира во вид на чироза или карцином на јетра..Од полесните ризици се отоци или деформации кои не се опасни по живот но затоа пак се застрашувачки и секако си бараат соодветен медицински третман. Американскиот Црвен крст не дозволува дарување на крв долколу не е помината една год . од тетовирање или пирсинг при што е задолжителна потврда од студиото.Со ова се рачуна на избегавање на ризиците кои можат да настанат при пренесување крв на примателите. Од тетовирање ризици може да се јават во вид на: Алергии-кај тетоважите боите од неприродно потекло со многу хемикалии(особено црвената) предизвикуваат алергии црвенило.Слично и кај пирсовите кои не треба да се користат (оние кои содржат никел во нивниот состав),Орални компликации-кај пирсовите во устата може да дојде до отпаднување на забите и разорнување на непцата! Затоа е и задолжително да се применува препорачаното од вашиот пирсер. Инфекции на кожа: може да се јави црвенило,чешање, карцином пирсингот на ушите може да е ризичен и да створи гнојови,кој кој што ни амбиотиците не се секогаш корисни. КОМПЛИКАЦИИТЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ЖИВОТНО ЗНАЧАЈНИ НО ИСТИТЕ СЕ МОЖНИ САМО ДОКОЛКУ СЕ РАБОТИ ПОД НЕСТАНДАРДНИ УСЛОВИ!!
@Incule мила, секој кој се одлучил на таков чекор, односно одлучил да се истетовира, свесен е за тоа што си го пишала. Особено ние на кои ни го пишуваш ова. Имам повеќе тетоважи, нормално дека пред да почнам да си го чкртам телото сум се информирала за можните компликации. А компликации можат да се случат само кај тату атеисти кои работат спротивно на правилата и прописите на таа работа. Секако има големо влијание и како ќе ја негуваш и заштитуваш тетоважата од надворешни влијанија. Ти благодарам што си се намачила да гуглаш за да нѐ информираш, но навистина немало потреба, знаеме
@ЕденЧлен не е неинформирано дете туку возрасен дечко кој сигурна сум дека доволно добро се информирал пред да го ичкрта пола тело. Очигледно не си ги прочитала предходните страници Како и да е, да не ја полниме темава со оф топици. Убав ден
@Incule ти немаш поим зошто си против, мораше да гуглаш за да си одбраниш став. Дедо ми има тетоважи и воопшто не изгледа лошо, а на стари години па и не е толку битно како изгледаме, тие се дел од нас и на нас ќе ни биде драго на стари години кога ќе си ги гледаме.
Девојче мило, еве ќе се повторам само за да ти помогнам да ме разбереш. Значи заразни болести може клиентот (оној кој се тетовира) да фати исклучиво во два случаи : Доколку тату артистот работи спротивно на правилата и прописите за таа работа. Значи, доколку посторијата, машинката со која тетовира, ракавиците, столчето на кое клиентот ќе седи или лежи и сите останати реквизити не се стерилизирани. Доколку клиентот одкако ќе биде истетовиран, не соодветно се грижи за истата. Се надевам, сега ме разбра И повторно ќе те замолам доколку не си доволно информирана на темава, а не си, да не пишуваш дезинформации со кои можеби ќе заплашиш некој кој исто како тебе не е доволно информиран.
@ЕденЧлен Колку е лесно да излажеш некој што не ги познава работите. Чисто информативно, лаички раскажано од медицински аспект и малку надвор од темата: Имуноглобулин А е антитело чија продукција ја има во секретите, продуцирана од слузокожата и базалните клетки на кожата. Е сега, не знам колку сте информирани ама антителата го штитат организмот против антигените, кои се штетни за организмот. Е сега, самите до тоа што споредете дека.. антителото наречено Имуноглобулин А на еден начин делува како гранична полиција а антигените се мигранти шо не сакате да ги пуштите низ граница, и дојдете заклучок до дали ниското ниво на одреден тип на антитела се добри или лоши за организмот. Во суштина, недостаток на ИгА делува горе доле како и сидата, зашто генетско заболување кое доведува до намалено ниво на ИгА е класифицирано како селективна имунолошко дефициентна болест. И едит: да кажам дека сигурно тетоважата не делува до тој степен да значајно ја намалува ИгА продукцијата, ама сепак сакав да укажам дека глупавите „научниците докажаа“ статии не се верни и не се потпирајте на нив зашто не знаете стручно и лесно можат да ве излажат. Инаку не би ставила тетоважа на себе, од причина што по некое време ќе зажалам или ќе изразам желба да ја сменам. Немам никакво мислење за луѓе кои носат тетоважи. И така.
Сакаш да кажеш дека докторите кој го тестирале имунитетот пред и послем тетовирање е лажно?Што правиме ако јас ти докажам црно на бело,од самиот себе за истово дека го зајакнав имунитетот? Јас никаде никого не излажав,незнам каде го виде тоа?каде напишав нешто за некого да излажам? Немој да ми браните неуки луѓе кој врска немаат со тетовирање,и тука доаѓаат да тресат глупости и тролаат,и да ги барните НЕМОЈТЕ. Затоа што кога ке дојде некој нов на темава и не се разбира а сака да научи нешто плус за тетовирањето ке биде погрешно информиран од троловите како девојчето,што и кажале дека ако стави тетоважа ке фати рак,дај молимте немој со вакви глупости срамота е 21 век сме. Те изнервирав што не си упатена и неука за тетовирањево?па ова не е мој проблем бе девојче(кое немаш повеќе од 16години),ова е твој проблем кој ти треба да се едуцираш,ја имам повеќе од 10 тетоважи на моето тело,на кое секое тетовирање прво што гледам е да се(иглите неотврени,да е опремата стерилна,и да работи артистот според професионална процедура,ракавици нови,маст,заштитна маска). Јас на секоја година си ја проверувам својата крв,си правам едено испитување на имунитетот едноставно си правам системацки за свое добро,не дека јас нешто сум фатил таман работа,него затоа што јас така сакам. Никој тебе не те нападна не се прави жртвено јагне те молам,него ти дадовме упат дека не си доволно информирана на темава и да се едуцираш повеќе,имаш интернет све ти е достапно и можеш бесплатно да научиш нешто плус наместо да тролаш нели. Камо да бев дете и вака да си правев бајрам на мозокот и сам да си се лажев ,далеку сум веќе од дете ама добро сеа мора да има нели и такви хахах Кога ке ги гледаме работите реално,ризици за рак имаме секој дневно,дали си свесна дека дишиме загаден воздух кој може да предизвика рак? Дали знаеш дека пушењето на цигари може да предизвика повеќе видови на рак? Дали знаеш дека пржените јадења може да предизвикаат рак? Дали знеш дека нервозите можат да предизвикаат рак?
Таман работа да не пазевме кај се тетовираме. Нормално дека ќе биде во проверено студио, сигурно нема кај некој во подрум да се тетовирам со употребени игли па да се заразам со нешто. Премногу внимание се обрна за неинформирана личност. Не се замарај.
@ЕденЧлен Не ја поддржив членката што од авион се гледа колку е неедуцирана и затоа не ме ни дрзна, (гледам деновиве нешто многу активирана е со реченици од 3 зборови да ги изнапише сите теми на форумот, ама тоа е премногу офф), и никаде не пишав дека лажеш, само кажав дека статијата што ти ја имаш копирано е скроз без веза и било кој лаик може да ја напише и ти кажав како одат работите од научен аспект, ако навистина постојат вистински докази од истражувањето, и ако толку го користиш ко аргумент земи стави референца. Тоа што ти е зацврстен имунититетот има многу причини поради кои е можно да ти биде (најобично зголемено изложување на сонце може да ти го зацврсти..), не можеш да покажуваш точно на тетоважите. Не реков дека тетоважите се канцерогени или не знам што. Се што правиме е и добро и лошо во балансирано ниво. И на крај на краиштата секое тело различно реагира на се. Медицинар сум и затоа се дрзнав толку многу.
Немам намера јас да се замарам да ставам референца,си има институции и они нека му се замараат за ваквите работи. Јас се замарам за моето тело и сите тестови си ги правам за себе,а не за да докажам на некоја си х будала дека е тоа така,ако земеме да докажуваме во нашава држава ке треба уште од старт да се обесиме,така да не ми е тоа поентата да се докажувам. За девојката не ни коментирам,едноставно не вреди како што кажав е некое девојче од 13-15 години што е нормално за нејзините години. Јас ти кажав јас со мој факти можам да ти докажам дека пред тетовирање 1 ден направи тест на моето тело,и послем 5 дена од тетовирање во кој бев во карантин направив повторно тест на моето тело,и мојот имунитет беше по цврст од пред тетовирањето,и незнам тука што е проблемот? Факт е дека иглата на машинката за тетовирање на секое тело различно реагира,има место на моето тело каде што не фаќа исто иглата,што значи на одредени делови кожата ми е по дебела и нормално е иглата да се замара повеќе за да ја избуши кожата. Не сакам да влагам толку многу детално,но само едно ке кажам моето искуство со тетоважите е 13 годишно,премногу имам читано за нив,премногу тату артисти кај нас во државава сум ги замарал и прашувал све и свашта,и со доста доктори имам зборувано на тема тетоважи,така ке ве замолам сите немој да ми ставате зборови во уста,немој да ми објаснувате што се тетоважи.Повеќе од доволно сум упатен за све,фала ви ама гледајте вие што незнаете а сакате нешто повеќе да научите за тетоважите да прочитате нешто повеќе на интернет.