Јас не сакам тетоважи, според мене тоа спаѓа во кич. Тоа не е уметност, нека збори кој што сака, сега во овој век за се викаме дека било уметност имало значење - како па да не! Погрешни книги читал тој кој така мисли, на пример, да кажеме некој истетовира цвет и вели ова мене ми значи мајка ми, на сите други луѓе од цел свет тоа значи најобичен цвет, тоа е суштината тоа е цвет тоа не е мајка и, како на пример модерна уметност - ќе ставиме едно кругче црно малечко на средина на огромно бело патно и ќе викаме како тоа значело целиот Универзум, па ќе измислуваме прикаски, а суштината е дека тоа е едно обично кругче на бела позадина. И тие што тетовират се филмаат само како биле некои јаки уметници. Како па да не! Тоа не спада ни во уметност, тетовирање, модерна уметност, експериментална уметност, егзибици - сè тоа се глупости од модерно време кај што луѓето заборавиле на правите вредности од животот, па гледат многу Амерички глупости, па се шминкат со тешки шминки тетоважи дива лига. Сè после 18 век е лага. Ако некој читал прави книги знае колку лажат историчарите на уметност и што се предава во школо. Од мали нозе се лажат луѓето зошто некој така рекол. На пример сите го занаеме Ван Гог така, али сите не знаеме дека Клод Моне е сто пати подобар уметник од Ван Гог, а во истото време има уметници за кои никој не ни слушнал за нив и никаде не се напишани во книги, а се милион пати подобри од сите што ги знаеме. Се знае што е права уметност, класичен реализам и крај. Сè друго е жива глупост од 21 век. Ми се гади да идам по галериии да гледам апстракција, егзибиции... До кога планираат тоа да го прават, а и тоа ли е максимум од нив? Па, срамота е да покажеш такво нешто, треба да се засрамат - учат уметничко, видат не ги бива да цртат реализам, па сега ај ќе правам апстракции, ај ќе правам тетоважи да земам пари зошто тетовирање е бизнис и ништо повеќе. Јас сум против тетовирање. Според мене, телото треба да биде чисто колку што е можно сочувано. Тетовирање е модификација на телото и ништо повеќе. Тетовирање, силикони, пластични усни, пирсинг сè тоа е жива глупост од 21 век. Видете слики на класичните уметници пред 18 век, какви жени сликале и сè ќе ви стане јасно што е убавина, сè тоа е измислено за пари, да те издеформират и да си ги трошат твоите пари и ти да си мислиш дека си јак фраер, а уствари само имаш у суштина деформација на кожа. Погрешни книги читал тој кој мисли тетовирање е убава работа. Како па да не - се лаже самиот себе си и тоа е најстрашно, да живееш во лага. И тие што тетовират па се замислуват некои јаки фраери, па мотори ќе возат па тетоважи па секоја ноќ различна женска, тоа филмче е за мали деца кои гледат многу Амерички глупости на тв. Според мене се обични замлатотини, да дојде некој уметник од пред 18 век кој црта права уметност некој master of fine arts of the old school има да се смее на такви замлати, истетовирани и уфилмани со силикони, тешка шминка и што ти не само да привлечат внимание. Погрешни книги читат луѓето во овој век, оној кој гледа од страна го знае тоа, а оној кој живее за глупости - нека си живее.
Не дека знам ама може човек многу лесно да се процени колку тежи по начинот на дискусија, разговор, пишување, писменост. Кај тебе нема ниту една од овие работи у позитива, па ти види сега. @VanessaBlue
@IvanovaAnce Ласерот за отстранување тетоважи во нашата ординација (Д-р Анчевски) е првиот и единствен професионален во нашата земја. Најуспешната технологија за отстранување на тетоважи е Q-swich технологија која го разбива пигментот со генерирање на зрак со висока енергија која се испорачува до кожата во наносекунди и која многу селективно е разорна за мастилавиот пигмент а во исто време кожата не може да ја апсорбира па останува заштитена. Ласерот ефикасно ги третира тетоважите во црна односно мастило боја на повеќе колоритните тетоважи е со лимитирани можности. Цената за отстранување зависи од бројот на третмани кој што се определува во зависност од површината, квалитетот на мастилото со кое е изработена и временскиот период, односно колку е стара тетоважата. За потполно отстранување на тетоважа се прават неколку третмани отприлика од 4 до 10 на растојание од еден месец. Првите искуства се многу позитивни, пациентите добро го поднесуваат третманот, кој не е болен а се забележуваат резултати и после првиот третман. За подетални информации и закажување на термин јавете се на тел 02 / 321 66 08 и 075 / 280 875.
Јас имам нова. Пак од брат ми, овој пат попрецизно ама има уште да се работи. Како и да е си ја сакам многу. Инаку хороскопскиот знак, жена бик.
Одам во саботааааааааа, wish me luck. Ќе ја ставам првата, ќе биде помала и поедноставна, ама нема да застанам тука.
Обожавам тетоважи и обожавам луѓе кои обожаваат тетоважи. Поддржувам секогаш. Имам една на грб, нема да застанам само на таа. Мислам дека доколку немав поддршка од моите немаше ни да помислам да се тетовирам, а камо ли да го направам тоа (сигурно не на тие години). Среќа татко ми има тетоважи, а и мајка ми е љубител па ме поддржаа. Од другите членови на фамилијава наидов на критики, ама брзо се привикнаа. Околината од друга страна, ме сметаше за наркоман. До кога и до каде со овие мислења навистина не ми е јасно мене. By the way, @1209 Одлична ти е тетоважата И дајте повеќе инфо за тој Симон, наредната изгледа сака кај него да ми се црта А и плус не сум се "чкртала" веќе 3 години, како издржав побогу!
Сакам да ставам тетоважа и одлучив за во Nameless. Може да ми кажете некое мислење или искуство ако имате?
Немам искуство, ама едно од најпознатите студија кај нас, плус Ина ја следам на инстаграм, тетоважите се супер.
Имам три тетоважи и тука ставам кочница. Сите три ми се со значење и иако бев од многу луѓе искритикувана и со муабет од типот: " Мајка си, не ти личи" не се каам воопшто што ги ставив.
Твое тело-твој избор. Сигурна сум дека тетоважите не се невкусни и ти прилегаат. Нека не допираат до тебе лошите коментари.