Женски ај дајте ми идеа за тетоважа која ке го симболизира моето семејство. Мене, сопругот и нашите деца.
Најдобро на google да пишеш family tattoo има мн идеи. Ќе се инспирираш од повеќе примери. Имам другар истетовирал 4 ружи го симбомизирале неговото семејство. Мене не ми е баш логично. Моја идеја: можеш вашите бурми и отпечаток стапало ако имате кога биле бебе. Дрво во креативна семејна форма. Часовници чии стрелки ќе го покажуваат времето на вашето раѓање пооделно.
Може некој да ми каже како оди плаќањето за тетоважи отприлика.Сакам летово да направам некоја мала тетоважа.А и дали има место каде што не треба потпис од родител пошто нема шанса да ми дадат а сакам. вака нешто или стрелка датум.
Јас како родител најпрво би ти рекла да не се тетовираш без нивно знаење. Најдобронамерен совет. Тетоважата е трајна и секако еден ден ќе ја видат па зошто да ја изгубиш нивната доверба. Подобро убеди ги. Во краен случај ако ептен различно размислувате тетовирај се. Инаку не знаев ни дека требало потпис.
Рано ти е. Јас да истетовирав тоа што сакав на 16 години, сега ќе барав ласерско отстранување на тетоважи Зависи каде инаку, иглата им е околу 1000 денари, а остатокот од цената зависи од тетоважата.
@crimson @gjoker4e Фала ви,ама со нив на крај не се излегува а богами ни со мене.Ми кажаа се дур сум под нивен кров да не ми текне такво нешто.Ако правам ќе ставам на место каде што не би ја виделе, умеам да заташкам.На крај краева ќе лажам дека е со к'на направена и дека ќе падне.Еден ден ќе ја видат секако ама касно ќе е ваљда нема да ми ја одерат кожата. Би направила нешто што многу сакам.Имам повеќе идеи.Уште од мала сегде се шарав со пенкала
@Feminka22 И јас бев во слична ситуација како тебе, така да многу добро те разбирам, ама пак би те советувала да почекаш до 18 Инаку јас сакам тетоважи од кога знам за себе. На 9 години сама си истетовирав три точки на раката, на 14 години стрелка, исто на рака и цртичка на стапало. Моите не ми потпишуваа и за тоа морав да чекам до 18 за професионална тетоважа. Сакав дента на роденденот да се тетовирам, ама цел месец не бев во државава, па сега на 22ри фебруар се истетовирав конечно. Направив две тетоважи, кактус на грбот и морско коњче на раката кадешто си ја имав стрелката порано. Двете ми значат и многу си ги сакам Нема да ми се последни овие тетоважи, ова е само почеток
Сакам да правам повторно тетоважа, некои 15цм одприлика е голема таа што ја сакам, ружа и како паѓаат ливчињата, црно бела е. Само што не знам каде да ја правам, а не знам колку би ме чинело. Гледав на нет некои студија, ама реков, ај тука да прашам, може некој ќе ми каже цена и искуства.
Aj da prasam Mozhebi glupavo ce zvucam ali nema veze Sakam na podlaktica okolu raka da napravam 2 kruga od po 1 do 1.5cm ama vo boja. Sum slushnal samo deka ne bile trajni tie taka kazano tetovazi,dali e toa vistina i onaka od perilika koja bi bila cena za takvo neshto ?
@Feminka22 и јас бев во истата ситуација како тебе, и моите ми велеа со нивни пари нема тетоважи. И не си направив, сега на скоро 22 сеуште немам тетоважа, но исто така сеуште имам голема желба. Здравје еден ден ќе си направам. Не се осмелив да си направам без нивно знаење, не знам како би го криела тоа, а и еден ден сепак ќе дознаат, и не нема да можат ништо да направат, но верувај лажењето или во овој случај криењето сепак многу боли. Затоа би те советувала да не брзаш, имаш доволно време за тетоважи.
На 16 години многу работи изгледаат интересно а подоцна конташ дека тогаш си дете и во принцип ништо не разбираш. Сериозно, едно е да се фарбаш зелено, а друго е да ставиш тетоважа. Косата расне, тетоважа ни со ласер не може да се "избрише" целосно. Тетоважа, колку и да е мала и на скришно место, сепак е тетоважа и откако ке ја ставиш - нема назад. Плус да не зборам дека поефтините опции со себе носат ризик од инфекции итн. Мој совет е да почекаш до 20-21, па дури тогаш да ставиш тетоважа. Тогаш си доволно возрасна личност и знаеш што сакаш. П.С. Еве зошто не треба да ставаш тетоважа кога си млад и кај "мајстор" кој нема три чисти. Спојлер
Обожавам тетоважи! Првата ја ставив на 17год. со дозвола од мајка ми, а потоа пошо тешко може да застанеш со една си ставив уште една, па уште една и сега имам 5. Не многу големи. Сакам уште ама после втората од дома малку ми викаа да престанам дури последната пола година ја кријам.. Ама ќе има уште во текот на животот.
Јас на 16-17 го истетовирав името на бившиот т.е тогашен ''дечко'' и гордо си се шетав со тетоважа и тоа под стомак Среќа не беше трајна Сега имам две трајни на грбот и на дланка , цитат и збор што нешто ми значат и единствено јас знам што. Тоа и е смислата на тетовирањето барем според мене
Многу ја сакам , ептен е тазе , и ќе има уште ружи нагоре накај колкот , сеуште ја смислуваме како ќе биде. Ја правев и првата и сега втората кај Бобан Гроф
Вие што имате постари тетоважи после колку години почна бојата на тетоважата да ви се осветлува или избелува?
Мене првата ми е ставена пред 8 години, но сеуште е во одлична состојба. Имам пет тетоважи и сите се супер. Мислам дека се зависи од тоа колку е квалитетно направена. Имам другарка што за една година и избледе..