Има повеќе значења, но мислам дека најмногу асоцира на Светото Тројство во Христијанството. Некои ја третираат и како минато, сегашност и иднина, други како мајка, татко и дете. Може и како тело, разум и душа.
Мене ме интересира мислење за татоважа на ова место дали би изгледало убаво.Само место птици две цвеќиња.Една ружа и еден јоргован.И,да има значење.Веќе подолго се мислам дали да се тетовирам или не.
Тоа е релативно и зависи од повеќе фактори. Пред се, најважен е квалитетот на боите кои се користени, начинот односно квалитетот на самата изработка на тетоважата. Секако е многу важно и соодветно да биде третирана, пред се во првите неколку дека додека се излупи, а нормално и понатаму. Што значи дека во првите денови задолжително е редовно премачкување со антибиотска маст (тетоважата е секако еден вид рана, во првите денови), понатаму редовно премачкување со хидратантно млеко за тело (после туширање кога кожата е секако некој мал процент исушена од топла вода) и задолжително премачкување со заштитен фактор 50 кога ќе биде изложена на сонце. Јас имам неколку, сите во боја (не се црни), најстарата ми е од пред 9 години и боите се доста свежи, скоро па воопшто да не е избледена.
Имам една на грб, во план ми е за брзо време и втора. Едвајј чекам Мене супер ми изгледа. Баш е женствено
Малку неписменo ми излегло мислењево.Сакав да кажам тетоважа и дека има значење.Да не испадне дека сум неписмена .Ама од брзање.Ако може модераторите да корегират фино би било.Инаку,не знам во боја или не.Сум повеќе за во боја.Поестетски е.
Вака...телово ми е полно со бемки и сеуште ми искачаат нови иако сум во 30ти...колку е ризично некој како мене со проблематична кожа да се тетовира? Што ако на местото каде што е тетоважата утре ми искочи бемка, на пример?
Знам само дека не е препорачливо да се тетовираш на местото каде што имаш бемка, можеш да ја избегнеш или некако да ја вклопиш во тетоважата. На второто прашање не го знам одговорот, најдобро да се консултипаш со дерматолог и тату артист.
Дечки, ај препорачајте по Скопје некој/а тату артист што не е изгор и нема следен термин дури за два месеца. За неколку збора ми е, не ми треба којзнае каков арт, па да чекам толку. Може и по пп, да не се трупаат мислења. Фала однапред. Ваљда е за овде, ако не, слободно префрлете.
Цоле во Ѓорче. Предобро тетовира и не се треска со цени. Јас две тетоважи имам направено кај него, одлично поминав. Еве ти линк од негов профил на ФБ, има доста слики од напраени тетоважи - https://www.facebook.com/stojce.krstevski
Eve ti devojkata sto me tetovira mene mn ubavo raboti i ne e tolku skapa. Pisuva pogore kako da ja najdes
Јас пишав на темава уште пред две години како сакам да се тетовирам. Кога веќе се решив, се консултирав со Симон и ми кажа дека тетоважата и димензиите што ги сакам не се поклопуваат и дека ќе мора да ја направи поголема, бидејќи за година дена ќе биде крш. Тогаш се изнервирав и мислев да појдам кај некој друг што ќе ми ја направи со димензиите што ги сакам, ама среќа не отидов. На инстаграм имам еден дечко што има слична тетоважа ко таа јас што ја сакав, а ги има и истите димензии. Тетоважата е буквално стопена. Мене да ми се направеше таква, ќе земев со пенкало ќе ја поправав. Така да, до сите 16 годишни на темава што бараат да поминат поевтино. Почекајте, има време. Знам дека сакате да им бидете најкул во клас, исто ко ние што ќе се потепаат кој попрв ќе положи и ќе дојде со кола во школо, ама кога ќе завршите ќе сфатите дека сѐ тоа е пренебитно. Две години поминаа, уште немам тетоважа, иако желбата за многу тетоважи на мене е тука. Но, не ни брзам. Ќе почекам додека да се збогатам доволно за тетоважа од прва класа, а не некоја ради реда.
Толку! Многу убаво кажано. И јас неколку години се мислам ама проблемот е што многу сум променлива. Ако ставам тетоважа после некој месец можам да ја замразам и да морам ја покривам со нова или да ја вадам со ласер. Другарка што има неколку тетоважи еднаш ми спомна уз муабет да нацрташ тоа што сакаш да го тетовираш и да го закачиш до кревет, така што ќе биде првото нешто што ќе го гледаш месец или два дена. Доколку не ти се згади за тој период - слободно тетовирај се.