Пред еден месец се тетовирав на грбот поточно на плеќката и сега сеуште ме боли тоа место на допир, страв ме фаќа, нормалноли е така?
Колку те боли? Мене ме болеше повеќе од три недели онаа на ногата, онака не да не можам да одам ама на допир осеќав нелагодност, веројатно зошто е полнета и 3 пати повторувана, за да ја завршат цела, па ми помина веќе немам ништо. Ако на изглед е нормална, невоспалена, нецрвена, се лупи малку и нема никаква инфекција мислам дека те боли местото од иглата, може поосетлива кожа имаш.
Вака, имам 17 години и се истетовирав на ногата на целиот лист ( мускул ) Дали ако понатаму ми се развива мускулот или го развијам јас со тренинг , може да се растегне тетоважата и да не е тоа што е сега? Имам 17години и се тетовирав на целиот лист на ногата ( мускулот ) Дали ако го развијам мускулот или ми се развие со текот на времето може да се растегне тетоважата и да не е тоа што е сега?
Луѓе, доста барате предлози за тату артисти. Тату артистот го барате според стилот на тетовирање и желбата за вашата тетоважа, односно гледате во што е добар артистот(сенки, портрети, апстракт, животни...) и према тоа се одлучувате кај кој артист ќе отидете. Друго што треба да ве интересира е хигиената кај тату артистот. Тоа е тоа. Со среќа!
Си најдов артист што ми одговара Сакам да ве прашам колку % бакшиш е прифатливо да се остави на тату артист?
Mnogu brzo ke ti izbledi, tetovazata dodeka ne zazdrave ne treba da ima dopir so voda a ovoa mesto e postojano vlazno, taka da za dzabe ke ja pravish na voa mesto, i dzabe parite ke si gi dadesh
Женски дали сте имале проблем со тоа да не ви даваат родителите да се истеровирате? Моите сметаат дека тоа не е добро и дека лошо изгледа Како да ги убедам?
Jas imav problem so toa i se trudev da gi ubedam ama se bese dzabe, i eden den se resiv otidov se istetovirav, koga dojdov odma im kazav, nastana mal haos ama nisto strasno. Posle toa se naviknaa mnogu normalno, za ja posle toa da napravam uste 4