Луѓе ве молам, знам дека е смешно прашањево, ама Познавате ли некој тату артист што би ми нацртал привремена тетоважа ? Потребен ми е период да се навикнам на нешто ново на телово, затоа сакам прво нешто привремено.
Па незнам дали има такви иако не верувам, ама има на али експрес лепенки тетоважи и стојат некое време. А иначе ќе се навикнеш и да е трајно и привремено нема врска тоа ќе ти биде интересно првиот месец и цело време ќе си ја гледаш после тоа и забораваш дека имаш тетоважа
Ким, да не случајно ја направи? Или друг да знае некој што ставил вака? Барам во моментов студио што би се нафатило таму да тетовира, решена сум и јас одамна, конечно ќе имам и прилика.
Здраво девојки... Многу сакам да си ставам тетоважа, но не знам на кој дел од телото. Имам многу нежна и бела кожа сакам да ставам под дланката кај вените но некако ми делува страшно тој дел, (дека вени хахах) но за тетоважата што ја сакам само таму одговара. Ве молам доколку некоја има на тој дел ставено, за искуство, болка и сл <3
Нема врска не се плаши, за болка нормално е да боли ама таа е убава болка (незнам како да ти објаснам) мора да ја доживееш. И вените немаат врска не влегува толку длабоко иглата.
За прва тетоважа, размисли да ја ставиш на некое не толку видливо место. Тоа би бил мојот совет. Не е страшно инаку, а и сигурно е нешто мало, па же го заврши брзо
Имам, инфинити знак. Со име од син ми и негова дата на раѓање. На раката ми е и воопшто не болеше. Кубење веѓи повеќе боли Се шалам, зависи од местото
Имам само една тетоважа на десната страна кај ребрата. Ја ставив пред околу 5год ,не им кажав на моите и сеуште не знаат Бидејќи кога им кажав дека сакам се противеа.После тоа ај денес ај утре ќе им кажам и ништо од тоаНе е видлива,единствено во лето во бикини кога сум. Мислам дека добар избор направив затоа што не сакав секогаш да ми се гледа. И воопшто не ме болеше.