Кажете ми кој е најдобриот и најквалитетниот Tattoo артист во Скопјево? Цена не е битно и скапо да е секој предлог е добредојден
На ова прашање ќе добиеш многу субјективни одговори. Секој ќе го фали тој кај што се има тетовирано. Еве ти и од мене предлог, Eminimal tattoo.
Никогаш не би ставила трајна, сум имала привремена, која трае 10-15 дена и се измива, ама и тоа ми здосади.
Јас би се тетовирал. Имам неколку на ум. Не нешто огромно, малечко сакам. Ама уште не му дошло време. Иначе баш денес си скролам на фб и една познаничка ставила слика во танга, се тетовирала на г*з, и пишала " новите тетоважи, синчиња ве сака мамичка". На едната топка името од едниот син, на другата од другиот. Ми се згади Разбирам да истетовираш име, и јас би ги тетовирал имињата на децата, ама па треба да се размисли за локацијата бе луѓе. На што личи ова? Мислам, име на детето тетовираш, не на швалерот
Би сакала да си истетовирам бурма, и ме интересира дали е многу голема болката на прст? И како се движат цените?
Девојки, препорака за тату артист кој работи добро до тетовирање на букви? За претходните две тетоважи одев кај Симон, и сум доста задоволна, но ете сега пред да се решам да ја направам оваа малку сум скептик, пошто за тетовирање букви ептен си бара стабилна рака (особено бидејки сум си замислила некаков фонт/дизајн како на сликата)