Како се движат цените на тетоважи во Скопје? Немам никаква престава за колку се, па било кој одговор е добродојден. И како оди процесот, закажуваш термин па одиш па ти црта тоа што имаш на ум, па те тетовира или за другпат си закажуваш тетовирање?
Зависи кај кој и од големината на тетоважата инаку од 2000 па нагоре. Си закажуваш термин и на лице место ти ја црта тетоважата и истиот ден те тетовира
Јас таму ја правев мојата. Иди.Ги бива и Петар и женска му. Плус фини се многу, лабаво место лабава атмосфера.
Пак јас. Како е најдобро да го исконтактирам Симон? Фејсбук мислите ли дека ќе биде океј? Сакам да добијам одговор.
Само он може да ти каже цена,затоа што све игра улога во тетоважата.Јави му се,објасни ја тетоважата,и ке добиеш цена.
Dali nekoj bi znael kolku odprilika bi mozhela da kosta tetovazhava i kade e najdobro da se pravi?? Sakam da pokrijam druga so ovaa
Испод 2000 не проаѓаш нигде. Ако си од Скопје иди во Eternity или Nameless. Или кај Боро, Симон Бошков што знам.. Не е нешто екстремно специјално за правење али не иди на непроверено место. Тоа дефинитивно
Дечки имам ваква тетоважа, помала е само би сакала да ја избришам, знае некој како одат цените отприлика?
Не знам која цена е ама знам дека ординација Др.Анчевски острануваат тетоважи со ласер.. можеш да се јавиш да прашаш
Јас две години разгледувам тетоважи и никако да најдам време и да се убедам Сакам мали тетоважи, може да се цитати, пратете доколку имате некои предлози