Сакам мн да ставам мала некоја тетоважа некоја што има значејне но не оправдувам луге кои цело нивни тело е истетовирано ко некоја сликовница или пак имаат една ама премн голема и на некое место што мн се гледа тоа не ми е убаво
Имам ептен мала тетоважичка.. Кога ја ставив мислев дека ке ми донесе среќа бидејки имаше големо значење за мене. Не искочи се ко што требаше но не можам да ја обвинам тетоважата за тоа Сега е само еден мал, симпатичен украс на моето тело
Леле јас заљубена сум во тетоважи само уште немам избрано некоја како за мене не сакам да е многу голема ама морам да имам барем една на мене
Ме интересира, оние тетоважите на хебрејски што се, како одат? Лелее прашањево е малку , ама сакам да се тетовирам пак, се двоумам веќе долго време, што, како... и сега нешто во глава ми влезе да биде нешто на хебрејски, и прашањето ми е , како оди тоа, ти го формулира некој тоа што сакаш да ти го пишува, или едноставно те редат со симболи само, и нема некое значење? Лелеее, ме разбравте?
^Има значење,значи такви им се буквите,си бираш што сакаш да се тетовираш,некоја фраза или нешто што сакаш и се пишува со такви симболи.Јас имам на страна на телото кај ребрата посвета за мајка ми,смислив што сакав имам еден евреин на работа го прашав да ми напише тоа што сакав,ми го напиша проверив уште кај еден дали е тоа,тоа и се истетовирав. На Викторија Бекам позади на вратот и е тетоважата на хебрејски мислам дека значи јас сум на љубениот а љубениот е мој I am my beloved`s and my beloved is mine
^незнам за тука во МК јас дома во Мелбурн ја направив,а барав некој да ми преведе за да не испадне тоа што ми го тетовираат да нема врска со тоа што го сакам,непознат јазик можаат што сакаат да ти напишаат.
јас имам тетовази веке подолго време имав 3 додека бев во Македонија сега имам 4 од кога се преселив во странство сите 4 тетовази ми имаат значење и не мозам да си го замислам моето тело на нив не ми сметаат за никаква работа затоа што се ставени на места каде што не се гледаат и многу ги сакам многу ми значат. инаку за тоа дека се огромен чекор и ризик од 10882364872 болести тоа да. испитано од мене дека ако по тетовазата се мачкате со јакодерм и ја миете два пати во денот со антибактериски сапун ке бидат најубави. моите се толку убави затоа што ги одрзувам и изгледаат како вчера сите да се направени . затоа девојки кои сакате тетовази слободно свавете си ако си ветите на себе дека ке ги одрзувате позззззззз
Имаш помалку и најмалку Едни се со кна што траат 1 до две недели. А има едни што траат од 1 до 3 години. Препоставувам за овие прашуваш. Епа ги прават во тату студијава. Мислам дека секаде. Со сигурност во Буњаковец во Скинарт мислам се вика таму прават. Постапката е иста меѓу трајна и полутрајна тетоважа. Разликата е бојата која се користи, едната избледува, другата не. Значи ќе те боли, со игла ќе те прави, треба иста нега, се исто како трајна секоја негативност од трајна ја имаш и тука. Само што после 1 година ќе почне да ти белее, па ќе ти биде пример прво црна, па сива, па посветла сива, па бледо и на крај ќе ја нема. Е лошото е што долго време избледува, може да изгледаш како немиен А и има шанси да не е квалитетна бојата па да ти избледе после 6 месеци а ти си се мачел за нејзина нега. Имам видено кај другарка таква тетоважа после 2 години на кичмата и беше полубледа и неубаво изгледаше, многу неубаво. Таа баш рече никад веќе ваква тетоважа се каам. А да и овие бои се многу скапи. Поточно ако ставаш пример пеперуга трајната тетоважа е 1200, значи привремената е 2400. Дупла цена се рачуна. Јас бев заинтересирана додека не се распрашав. Е тоа беше пред 2 години, не верувам цената да се сменила. И си викам ќе се мачам се и ќе избледи. Е неќам или трајна или никаква. Ама за трајна немам храброст некако а и никој не ме подржува
Јас одамна сакам тетоважа да си направам, на некое помалку видливо место. На пример позади на вратот, кога сакам можам со коса да го покријам местото. Или пак на половината.. А би сакала да пишува Errare nos humanos facit ( to fail, to be wrong,mistakes ...makes us humans begins) Post tempestatem,sol lucet (after the tempest sun shines)
Rossonerka фала за инфо. Не знаев дека баш така одат работите со полутрајната. Јас сосема друго си мислев... Епа вака не ми се исплати да ставам полутрајна во никој случај! Да, добра е ако си пишман како мене, ама не сакам да ми изгледа кожата после 2 години како скапана од тетоважата што бледее. Така да, подобро трајна, или никоја! Ќе ми треба повеќе храброст, уште малку време да помине... а желба имам, голема.
и јас сакам тетоважа и планирам некогаш да си ставам на рамото, на зглобот од внатрешна страна на раката или на ногата исто кај зглобот the difference between tattooed people and non-tattooed people is that tattooed people don't care if you don't have any tattoos!
Уф и јас сакам многу тетоважа , ама пусти страв од болка и плус уште нешто страв ми е дека по неколку години нема да ја сакам на мене (а сега многу сакам )... Инаку место каде би ставила е на внатрешната страна на раката кај зглобот и тоа ќе биде фраза, не нешто како пеперутка или што и да е... сакам нешто што би ми значело и што кога и да го видам ќе се потсетам на нешто убаво... Не сакам пепрутки, ѕвезди, ангели, мачки, кучиња без везе само нацртани Веќе си ја имам смислено и фразата ама пустиии страв, голема пречка ми претставува
Јас сакам баш на местото како кај овие тетоважи. Да ми биде на вратот, ама не премногу високо, и не премногу ниско. Имам кратка коса, и ба поради тоа сакам таква местоположба на тетоважата. Имам и цртеж од неа, што значи дека долго време ја мислам, составувам , за да не би се каела еден ден. Само се прашувам дали ако јас го однесам тој цртеж ќе можат да ми ја направат идентична.
Јас имам црно-бела голема тетоважа на змеј, ниско на грбот. Ја направив 2004 на 28 години и до денес се немам покајано за оваа постапка. За тој дел од телото се одлучив бидејки е најмалку видлив, но и да е на друго повидно место, не би ми пречело. Што некој ке мисли ама ич не ми е гајле. Тетоважата е начин на експресија и не е за секој. Треба и да знаеш како да ја носиш. Гледам помлади девојки се тетовираат па после се во состојба и по прслук за излезат за да ја покажат тетоважата. Очигледно дека се тетовирале за мода и тоа брзо ке им помине. Исто така не препорачувам тетовирање пред 21 година, дури да созрее личноста и да расчисти што сака во животот. Не сум за тетовирање на целото тело ама би сакала да ставам уште една тетоважа во боја, на средина на грбот. Би сакала две сонца или два ангела кои ке ги сибмолизираат моите дечиња. Барам соодветни слики и кога ке ги пронајдам, ке ги истетовирам. А да, кожата како се растрга, така и се собира Две бремености со качување на килажа повеке од дозволеното, тетоважата се нема променето.
лелеее колкуу сакам тетоважаа на половината една ама татко ми ми рече дека ќе ми ја откорне сосе кожа
^ Колку што сум информирана, не постојат полутрајни тетоважи. Штом игла те буцнала, нема исчезнување на бојата. Може само да избледе онака, безвеза што би се рекло, а да исчезне, не. И нормално, избледувањето на бојата од тетоважата се случува поради тоа што тие се понеквалитетни бои (за разлика за овие професионалните), или евентуално тоа е трајна шминка.