Горан е најдобриот тату артист во земјава. Портретите му одат од рака. Ако планираш портрет да ставаш или нешто сложено со многи бои и детали оди кај наго. Ама често патува така да треба со време да му пишеш за да го ,,начекаш” , а и скапџија е. Ама најдобар е Доста што ги знам се имаат тетовирано таму.Бев со една другарка кога ја тетовираше Марко. Сите се добри, ги бива, пазат на хигиена. Некам да одделувам (поготово пошто го знам Марко лично), но според мене Ина е ѕвездата на Nameless Ако ставам некое шаренило во иднина, а планирам, ќе ставам кај нејзе
Знам дека е таму Доста често патува Затоа викам со време да се закажат И да има корона и да нема гужва е ко што знам
Моите тетоважи, сите на левата рака. Планирав да ги спојам во ракав, ама не знам, се уште размислувам концепт. Прво што ќе направам после карантинот и кога се ова ќе помине е нова тетоважа.
Многу убави. Немам храброст јас за поголема, а имам желба. Имам серотонин на лева рака, да помине карантинот и на десна ќе ставам, буквата од синот со мало срце. Сакам и една поголема на ребрата странично, ама дури се двоумам не ја ставам.
Ве молам предлог за некое добро студио за пирсинг планирам на стомак да ставам Да е чисто и стерилно цена не ми е битно.
Јас сакам да ставам уште една ама paw и не знам каде да ставам. Размислував за глужд,под врат, грб ама не се гледам со тетоважа напред некако пред огледало. Некоја идеа?
Спојлер: Местоположби Спојлер: Што можеш да ги видеш на огледало Tука цвеќе е. Ама, многу ми се допаѓа местоположба кај клучната коска. Многу женствена ми е таа местоположба. Добра позиција е и кај раката кај глуждот. Знам дека имаш на едната рака. Ова е исто така добра позиција за мала тетоважа. И ова изгледа симпатично. Спојлер: Некои што не се гледаат во огледало Ова ми е една од поомилените позиции. Но, не се гледа во огледало. А, и ако ти е пуштена косата нема да се гледа баш. Тука ќе ставам и некоја идеја. Сигурно си имаш замислено, но можеби ќе ти помогне и оваа ако сакаш нешто поголема. Едната половина paws, а другата нешто друго што ти е омилено и формира срце. Претпоставувам сакаш мала тетоважа, така да не ти препорачувам кај ребрата или нешто на сред рака ептен.