Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тетоважа

Дискусија во 'Тело' започната од magic, 23 декември 2009.

  1. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Како сте задоволни од тетоважите во боја? Треба да се повторуваат после некое време или? :^)

    Мојата ја ставив пред година ипол и некако како избледена да ми е. А секогаш и ставам дополнителен слој од кремата за сончање.
     
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    26.923
    И јас на мојава имам боја, ама чисто малку не се ни приметува. Едноставно, тоа е процес. Не е само од сонцето. Кожата, како најголем орган често е подлежна на менувања. Не може тетоважата постојано да изгледа „свежо“. Јас не би ја повторувала. Дури и овие обичните после некое време бледеат. Бојата им стане некако сива.
    Најдобар совет е да ја одржуваш. Мачкај ја креми, креми со СПФ и тоа може да се направи за колку толку да се одржува.
     
    На Billy Idol, Мариаа., buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Гледав слична како таа со срцето кај клучната коска, друг дизајн. и беше убава,а и таа со срцето на истото место би изгледало секси. Ќе размислам, прво нека помине коронава.
     
  4. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    25.015
    Пол:
    Женски
    И мојата е избледена,и ќе ти избледува уште повеќе.
    Мојата е цртана пред 4 години. Никако не би ја повторувала.
    Мачкај ја со крема и тоа е тоа.
     
    На Billy Idol и Elena69221 им се допаѓа ова.
  5. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.586
    Пол:
    Женски
    Јас на уво ставав пирс во Ta2 skin art, во Буњаковец и многу сум задоволна
     
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Колку се малите тетовважи пример еден збор?
     
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    26.923
    Зависи ка кој ќе ги праеш. Од прилика 1000. Ама па зависе и боја дали ќе има и се тоа.
    Најубаво најди добар тату артист и пиши му. Он ќе ти каже.
     
    На hellocity му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Од 1500 па нагоре
    Ја за мене имам прашувано.
    И мене толку ми кажаа, ради материјалот не им се исплати за поевтино.
    Можда ќе најдеш некој и за помалце што би ја напраил да не те излажам.
    Плус зависи колку ќе ти биде мала.
    Јас мојата што ја имам помалата 1500 ја платив.
     
    На hellocity му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Апсолутно зависи од големината на зборот и како сакаш да биде изведен. Мојата е 11 букви во некој италик фонт и ме чинеше 1200, кај Симон.

    Консултирај се со тату артистот каде што сакаш да ја правиш, ќе ти дадат проценка.
     
    На hellocity му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Убави ви се на сите тетоважите.
    Кјут ми се такви малечки, така на клучна, на зглоб, позади уво...
    Не сум љубител на големи тетоважи.
    Ама не себе не би истетовирала нешто никогаш. :) Слабо трпам болка и мислам дека ќе ми здосади да ја имам на себе. Не ми се толку привлечни за да цел живот на себе ги имам. :$
    Секоја чест на храброста, сепак е нешто што цел живот останува на телото, треба храброст и за тоа. :)
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Колку отприлика би ме чинела тетоважата?
    Cross-Tattoos-45.jpg
     
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Јас мислам 1500.
    Можда и 1000 ама не знам искрено.Точно дека е мала ама ради материјалот не им се исплати.
    Ако имаш на ум кај кој да ја праиш, прашај го.
    Вака може да нагаѓаме.Ама 1000-1500
     
    На Stephen Amell му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    На рацете се имам изгорено на неколку места али малечки а сепак се познава како лузна и на таа лузна би сакала да ставам мала тетоважа кај лузните (прв пат ќе ми биди ако дотолку се одлучам)

    Но би сакала некој да ми каже дали тоа боли на местото лузна, ако некој може да ми прати слика некое предмет и текст кој ќе имат значење нешто и колку е цена? Благодарам однапред
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Прво, ќе ти ја покрие лузната.Е дали ќе боли не знам, не би требало пошо месото веќе ти е зараснато.
    Е сеа, ако веќе се тетовираш сама смисли што сакаш да стаиш бидејќи ти ќе со го носиш тоа цел живот, не некој од овде.
    Не ставај туку-така пошо утреден ќе се каеш.Ако немаш идеа боље почекај уште малце дур да ти искочи нешто што би сакала да ставиш.
    Тетоважи со предмети или текст има мал милион на број.
    А цената зависи од големината на тетоважата и дали ќе е црна или во боја.
    Почетна цена за било каква е 1500 (за 1000 не знам некој шо би стаил дури и мала тетоважа, по 15ти паг пишувам)
    Размисли си убаво дали стварно сакаш да стаиш нешто, дали ти е моментална желба или си спремна да го носиш цел живот на тебе.
    После размисли кај би ја ставила, како би изгледала, која величина би била итн.
    Мора да имаш некаква почетна идеа.
    Дали можда сакаш датум, хороскопски знак, растение нешто, фигури шта ја знам сешто можеш да ставиш.
    На Инста и на Пинтерест имаш 350 различни тетоважи, просурфај малце може дур гледаш ќе добиеш идеа.
    И глеј да ставиш нешто поспецифично со што таа тетоважа ќе биде карактеристична само за тебе.
    Да немаш ко секој втор.
     
    На Kikiccc му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам :*
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Дечки бе кај ги наоѓате овие цени, јас имам истетовирано фраза (три зборчиња) и ме кошташе 500ден и траеше 15мин цртањето. За помала, поедноставна тетоважа без многу детали, не би требало толкави цени да начукуваат.
    Иначе и мене ми се става уште една ама претопло е, сонце пече, а и кај што сакам да ја ставам, нема да може да мрднам од дома додека не зарасне. Затоа најверојатно ќе си чекам есен...
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.395
    Допаѓања:
    42.129
    Пол:
    Женски
    @CharmedGirl немаш претстава колку се скапи материјалите па затоа ти се чини скапо. Артистот и една точка да стави треба да ја фрли таа игла, то капаче и таа боја, што значи нему за трошок исто му се фаќа дали е една реченица, точка или нешто поголемо, едно капаче е едно капаче. Е сега брат ми почна да тетовира пред година време, сега веројатно и студио ќе отвори, тој за почеток ставаше ниски цени, као незгодно му беше за мала тетоважа да зема пари толку, ама сфати дека ич не му се исплаќа да работи по тие цени и почна постепено да накачува.
     
    На ane.bella, Feminka22 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  18. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Прво има разлика од еден тату артист до друг, не секој користи квалитетни бои. Почетна цена за тетоважа макар и една точка да биде се движи од 1000-1200 до 1500. Е сега ако одиш кај некој што или е почетник или не работи квалитетно ќе направиш и за упола цена од овие што се движат.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Јас мојата ја платив 1500 во Lucky 7 tattoo. Сеуште ми е црна, сакам да кажам не ми е зелена. Сега во јуни една година ќе биде како е правена.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Искрено боље поскапо да ја платиш.
    За 500 денари не знам кај праат.Мене сите ми рекоа 1000 почетна цена ради материјалите.
    Боље со поскапи материјали да нѐ тетовираат.Прво цел живот треба да го носиме тоа второ бојата треба да трае со години, и најбитното чист материјал за да не закачиме нешто