Бојата е едно, ама и талентот се наплаќа. Фала Богу ако е некој стварно добар и користи квалитетни бои ќе платам поскапо. Се си мислам дека големината не е толку битна како што е спецификата на самата тетоважа.
И јас ја платив 1500 мојата. Без разлика колку е мала мислам дека под 1500 не им се исплаќа ако се добри материјалите. Сега и за буква една што сакам толку ќе ме кошта. Е сега на крајот од буквата сакам мало црвено срце, па не знам дали ќе е поскапо поради бојата.
Битна е.Мене едната ми е 5X5цм и ја напраив за 1000 пошто имаше ко намаление.Иначе 1500-2000 била. Другата иста величина е може малце помала, 1500. Помали од нив не би стаила искрено @kristina.k може да е малце поскапо пошто бојата кошта поише од црната. Другар мој што тетовира на моја другарка за најобично мало љиљаково срце ѝ рече од 1000-1500
Прв пат слушам тетоважа 500 денари да бидам искрена. Барем за Скопје, јас колку што знам се од 1000 денари па нагоре. По мене така и треба да биде. Ако некој работи добро, тој труд треба да се плати. Материјали се во прашање и нивен квалитет, плус време, плус разбирање и комуникација со клиентот. За помалата што ја имам што е еден збор и беше 1200, тетовирањето траеше 15 минути, дискусиите што како траеа пола саат на двапати. Типот имаше спремно 5 варијации на фонт иако се договоривме за кој ама за секој случај да видам на лице место и убаво да си размислам и да си решам. Еве, 5 години ми е тетоважата, уште е супер, ниту се имаат претопено буквите (што го имам видено кај други), ниту е позелената и бледа. Да, не е црна црна како на почетокот, ама лично повеќе дури ми се допаѓа сега. Покрај глуждот на стапалото ми е, каде што брич поминува редовно, интензивно била во морска вода и на сонце.
Не го потценувам трудот и талентот, а секако ни фактот дека треба да се набават бои и инструменти, да се дадат плати на вработени, да се платат сметки за студиото. И се согласувам дека треба да се плати поскапо, за да се добие поквалитетен резултат. Само ме изненадивте искрено, пошо за помали тетоважи очекував до 1000 максимум, водејќи се од сопственото искуство. Е сега да не ја сликам мојата зашто мислам дека ќе ја препознаат некои луѓе на форумов, ствар на приватност е, ама не е избледена и мене ми личи супер, иако ја имам 4 години веќе. Да напоменам дека е цела црна, нема детали, нема шари, ништо специфично, повеќе ми значеше фразата што ја напишав отколку да биде накитена искрено, па можеби затоа сум поминала поевтино. Е сега за следнава што сакам да ја правам, секако сум спремна да искеширам многу повеќе зашто ќе биде сликичка со детали и бои
Јас така отидов на поклон да ми праат тетоважа кај една нит чуена нит видена па веќе трета година како сакам да си ја одерам кожата кај што ми е нацртана. Сега со овој памет, и 10.000 би платила само да имам добра тетоважа.
Женски ве молам кажете ми дали во МГ студио се добри во пирсање? Сакам на стомак да си ставам сега за брзо,или препорачајте ми друго студио кај што работат чисто и професионално
Не е толку страшно, сега закажи си во некое добро студио, или преправи ја истата тетоважа ако ти е многу значајна, и ќе ти ја направат совршено. Доколку воопшто не ти се допаѓа таа, покриј ја со друга тетоважа.
Голема е тетоважата и лошо распоредена така да и да сакам да ја преправам или пак друга врз неа да ставам ќе ми го зафати пола грб, а и најлошото е дека ми нема никакво значење. Затоа ако некој сака тетоважа освен ако не е ЕПТЕН сигурен/а дека сака цел живот да го носи тоа на кожа, долго време нека размислува и се распрашува па макар и месеци и години да поминат за да не се каете.
Јас мислам дека секоја тетоважа може да се преправи, бидејќи следам многу страни и тату артисти на инста имам гледано слики што преправаат тетоважи, и дури не се ни приметува дека е преправана и изгледа милион пати подобро од претходно. Најдобро советувај се со некој тату артист ќе ти каже дали може да се преправи.
Знам дека има, ама јас бидејќи сум голем љубител на тетоважи па затоа и на некој начин не го поддржувам отстранувањето. Секако секој си има свое размислување и избор, ама јас никогаш не би отстранила тетоважа.
Зборот ми беше доколку некоја не би можело да се поправи би можело да се избрише или пак мал дел да се извади па потоа да се корегира инаку и јас сум љубител на тетоважи но само љубител, сеуште немам ниту една
Отстранувањето треба да е последна опција прво пошто кошта многу (колку шо знаѓ) второ ти ја гори кожата со ласерот, значи штетно е.Поготово ако ѝ е голема, може ќе треба поише третмани дур да ѝ се извади.Со пола тетоважа ќе шета? @Hellobeautiful што тетоважа е може да кажеш? Колку и да е голема може да се смисли што да ја покрие.Добар тату артист ќе ти ја среди. Нека ви служи примерот на Бјутифл дека на непроверено не се оди
да да во право си, со ласер се отстранува односно ти ја гори козата потоа со креми се лечи местото, па добро јас кажав само како опција ако веќе се мора или се има некоја голема желба ...ќе ја залепиш со фластер хаха
Патека со ѕвезди од долниот дел на вратот ми почнува и продолжува надоле по грбот. Нема многу боја ама многу искривено е нацртана и е широка така да не можам да замислам нов цртеж над таа. Сакам да ја извадам затоа што воопшто не ми е привлечна и избегнувам да се гледам у огледало кај што ми е тетоважата. Да беше на рака нацртана дефинитивно ќе одев на поправка ама дека е на грб плус искривена ич не ни помислувам.
Јас имам нова, посветена на дедо ми, си имам причина зошто баш печурче. Брат ми тетовира, он ми ја правеше, не сум била на тетовирање во салон,да не скокне некој одма некој ради вирусов.
Што подразбираш под брзо Ама да, ова е едно од местата каде што најбрзо ти избледува тетоважа зашто цело време миеш раце и ти се изложени на надворешни влијанија, хемикалии, креми и слично. И ракавици да ставаш цело време пак исто влијае. Другарка што имаше тетоважа вака за неколку години баш и избледе, како флека дури изгледаше. И се сеќавам дека имаше кажано дека е доста болно како место за тетовирање, ама пак ова индивидуално е. Нема да ти избрише тоа секако ама ќе се ушмрља да кажам. Плус од тоа што знам јас мислам е незгодно ако сакаш тетоважа со некои детали, колку е помала тетоважата толку е потешко да се доловат тие деталчиња.