Па ете скроз е утната тетоважата и на ништо не личи. Треба едно нешто да е, а таа изгледа на сосем друго. Пробав да ја поправам на друго место после една година, но не можеше ништо да се смени, нажалост И така си седи сега додека не отидам кај некој што има способност ништово да го поправи во нешто..
Баш ми е жал. Nameless и МG студио се најдобрите во Македонија. Ако не си била кај нив, пробај оди на консултација за да ако можат да направат cover up. Голема ли е тетоважата?
Ја чекам Ина да почне да работи, благодарам на сочувство Иначе не е нешто голема, ама тешко е да се среди..
Nameless имаат препорака и од мене. Баш се пријатни, мене ме тетовираше Благоја и можам да кажам дека тетоважата е баш онака како што ја замислував. Со color splash e и одлично изгледа, така да не е само Ина во тоа студио што работи со бои на тој начин. Чисто, дезинфицирано, стерилни инструменти.
Знам дека зависи од повеќе фактори но ме интересира цена, бидејќи се работи за поголема тетоважа. Пред да го прашам тату артистот ако има некој поискусен од вас, за да знам отприлика шо да очекувам. Големината би била оваа: Спојлер
Во Nameless на пример, оваа тетоважа мислам дека под 10 000 нема да ти биде, па и тоа е малку. Зашто другарка ми кога ги прашуваше за една 10цм тетоважа само со линии, 10 000 и кажаа. На други места мислам дека можеби цената би се движела од 6 000 нагоре. 2000-2500 е обична почетната цена за минимални тетоважи, така да 3000 сигурно нема да ти е.
Па не е некоја страшна болка. Нешто како кога се допираш по изгорена кожа од сонце. Секако зависи и на кое место ќе ти биде тетоважата. Мојата е на внатрешната страна на подлактицата. @Ugly Duckling во nameless ми земаа 4000 за тетоважа околу 6 цм, ама мојата е во боја, основата нема многу детали, ама саат ипол ми го правеше color splash-от.
До 6000 денари ќе те кошта . Слична таква , кај Гроф правев 5000 денари платив. Спојлер: Тетоважи 1500 ден на прст Мегу гради 1800 ден на рака 6000 ден и не сум задоволна На десната нога 5000 денари На левата нога 6000 ден и не се гледа цела има волк нагоре
Луѓе многу сакам тетоважа да напраам на предната страна на раката малку над лактот. Ама ќе ме исфрлат од дома,моите имаат такви сфаќања и на нив не им е тоа во ред шкртање по тело.. Чаре? Еднаш бев решена да закажам ама не ми се спие на улица
Јас мислам да се тетовираш. И моите беа такви и еве сега ќе правам две нови. Едноставно видеа дека тоа многу го сакам и ќе го правам со или без нивната поддршка. Искрено, јас мислам дека колку и да се строги нема ништо да ти направат. Ќе цркаат неколку дена, потоа нема да ти зборуваат и ќе им помине. Што ќе прават, ќе ти ја изгорат кожата? Прави си што сакаш и не ги слушај другите. Сепак сите родители се различни, ти си знаеш на крајот.
Осеќам дека ќе се разочараат од мене и многу ми веруваат. Татко ми постојано ми потенцира дека е грев и пишува така во Библијата и се плашам и тоа ме кочи. Мене ми се допаѓа тоа многу без разлика на се.
Оо хаха. Јас одамна се откажав од тоа. Лично кајмене колку и да правам добро, тие никогаш не се задоволни. Затоа престанав да им угодувам и почнав да правам јас што сакам. Ти препорачувам и на тебе така. Иако се родители, тоа не значи дека треба да управуваат со твојот живот. Прави што сакаш и што те прави тебе среќна.
Можеби малце глупаво прашање ама, ме интересира како одлучувате на која рака да се тетовирате? Имам една тетоважа во план ама, ич не можам да се одлучам на која рака ја сакам.
Тоа самата ќе си одлучиш . Јас се гледав на огледало и се замислував како би изгледало и така одлучував.
Јас на рамо планирам да ставам и исто не можев да се одлучам на која страна па решив од поубавата страна на лицето. Секој има поубава страна на лицето, избери ја таа и кога ќе се сликаш ќе се гледа и тетоважата.