Имам едно прашање! Јас немам ниту една тетоважа,ама за скоро време сакам едната да ја истетовирам. Дали ко за првпат ке мора дами стават една точка колку да видат дали сум алергична или пак одма ке почнат.??
И јас по тоа гледам . Дали дополнително да ми ја разубави поубавата страна или да ја разубави полошата страна
Aко не е во боја, одма ќе почнат. Ако е во боја, особено ако има црвено, можеби и ќе почекаат пошто најчесто таа носи алергии. Немам искуство со тетоважи во боја, ама од што имам читано тоа знам.
Еве на другарками една точка ситна и ставија и и рекоа после неколку дена да отиде пак и ако е све океј да почнат. Можеби секој татоо мајстор различно работи.
Дечки, дали отстранувањето на тетоважа е штетно? Не во смисла дали го оштетува местото, знам дека тука ја гори кожата бла бла.. туку во смисла дали е страшно за добивање пример канцер на кожа, итн
Се користат медицински ласери кои истовремено се користат за епилација и за лекување разни кожни состојби, така што сигурно не предизвикуваат канцер.
Колку што имам читано, единствена последица од ласерското отстранување може да е лузна на кожата, канцер не. Дали можеби знаеш некое место кај нас каде што отстрануваат тетоважи?
Дерматолошка ординација која работи ласер, би требало да чисти и тетоважи. Не знам кој точно ја работи таа проблематика, знам дека Ла Белеца има малку попристапни цени, инаку веројатно Дермамедика, Анчевски и слични на нив третираат тетоважи. Ама мораш да се јавиш и да прашаш. Не се гори кожата, непроверени ви се инфомациите. Ласер се користи за многу кожни болести, за трајна депилација, за измазнување брчки, а не па за бришење тетоважа. Колку кошта, зависи од тетоважата. Може поефтино да биде да избришеш тетоважа, отколку да ја преправиш. Веројатно подобро е да се преправи ако е поголема и ако зафаќа поголема површина.
Прашај во повеќе дерматолошки ординации, Дермамедика, Дермаплус, Ла Белеца, многумина работат со ласери а не се рекламираат. За цена не знам искрено, јас користам за влакна и брчки и не ми е нешто многу скапо, ама тетоважа е поинаку.
Не ми текнува во моментов, ама изгуглај "ласерски третмани" и ќе ти искочат повеќето, и после прашувај дали работат и отстранување тетоважи
Eternity имаат некоја промоција сега па сакав да искористам да си се почастам за роденден. Ама некако ми фуфка дека веќе еднаш се заебав (не кај нив) а пофални зборови слушам само за Nameless и Mgtattoo. Дали имате правено мала тетоважа кај нив? И дали при консултации сам си одбираш кој да ти ја црта или рандом ти закажуваат?
Можеш да прашаш и кај Роберт во SkopjeInk, дечкото е цар плус има одлична екипа сите се со долгогодишно искуство во Македонија и надвор, плус академски сликари се. Јас раце, нога, грб и рамења имам кај него тетовирано и сум презадоволен.
Освен муштериско-пријателска, немам никаква друга врска со дечкото. А, да бевме и комшии еден период, плус сосема различно школо имаме, и малку сум поголем од него во годинките.. Инаку презадоволен од него за сите тетоважи што ми ги направил...бај д веј имам правено тетоважи кај Гроф во Аеродром и кај Грав во Ченто, кој незнам дали сеуште работи со тату и дали е воопшто во Македонија И Роберт 7 ми е само форумско име, не и вистинско. Неимлес тату се стварно одлични имаат супер мајстори за тетоважи, ама сепак важат за поскапите во Скопје. Колку е тоа вистина неможам да потврдам додека не ме тетовираат Биди поздравена.. Не не, ова е тетоважа што случајно на нет ја најдов. Моите сите се со посвета за некого. Инаку големината на таа на грбот е горе долу слична..