Има полутрајни тетоважи, се прават со бои кои се користат за “трајна“ шминка, која не е баш трајна туку избледува после една година. Тетоважата се прави на ист начин, со игла за тетовирање.
Јас знам едно девојче што има привремена на грбот над задникот поточно, машна и после неколку месеци од тетовирањето и избледеа и сеа таква и стои,грозна е и таа не е ич задоволна...затоа или трајна или никаква јас би препорачала
јас обожавам кога ке видам некој со тетоважа,ама некоја помала и слатка на грбот или половината -кај женски и некоја интересна,на пр.збор на друг јазик кој има некакво значење -кај мажи....а не ми се допага кога ке видам некој цели ишарани,како облека да си сошиле а дали би ставила јас хммм епа тоа мислам дека не би го направила,со причина дека по неколку години ја губи сопствената убавина и тогаш кога ке сакаме да ја извадиме,нема да можи ,само заради тоа
Кога би имала храброст би си ставила тетоважа Тhere's always a reason to smile! или само Smile! тоа би било доволно за да ме потсети на целиот слоган што во 99% од лошите денови ме тера да мислам позитивно! Е на кој дел од телото незнам најверојатно некој што се крие со облека или ако е на зглоб со накит.
многу сакам тетоважа ама да е мала само и јас некако немам храброст, а кога би си ставила сакам тоа да е скорпија
мммм обожавам тетоважи, кај и да е ке си ја ставам за брзо време, уште ја доцртувам, ке биде буквата в на латиница (почетната буква од името на мајка ми и брат ми, и викторија што значи победа), а во срдината на буквата ке има детелинка со 4 листа која ке ми донесе среќа (се надевам).... Одвај чекам.. аааа и ке си ја ставам на зглобот на десната рака од внатрешна страна
A zosto iskreno da se ima stereotipi sprema tetovazite, jas smetam deka vo denesno vreme tetovazite presttavuvaat eden nov urban stil na zivot, i mislam deka ako covek se odluci da stavi tetovaza na svoeto telo ne treba da razmisluva dolgorocno, zatoa sto sekoj treba da zivee za momentite a ne da se razmisluva na idninata. Jas sum ZA tetoviranje, so sepak tetovazite treba da korespondiraat na teloto. Gi imam dve, voopsto ne se kaam za toa sto gi imam, i veke razmisluvam za treta, no posle tretata planiram da prekinam ... pozz do site i moj sovet ako imate pregolema zelba za tetovaza, napravete go toa [mod-kirilica:1sbk7hqy][/mod-kirilica:1sbk7hqy]
како помала имав мн мерак да ставам тетоважа, но имам модерни родители, доста модерни, освен за тетоважи, пирсинк и такви некој работи, така да не ми дозволуваа. но сега можам да ставам поради тоа што сум малку повоздразна, но сега па јас не сакам малку кога ке подразмислам, прибидејки студирам правен факултет, па не ми изгледа добро да еден правик, судија да биде со тетоважа на него. мислам не само мојата идна професија туку и уште мн други професии. замислете идете на доктор и гледате докторот со тетоважа, или нез банкар или психолок... незнам ипак е ова мое мислење. мн фино би изгледале на сите нас, но ипак доколку се одредите на професија од кога ке заработувате би требале и така да се носиме. секако не сакам да упатам навредна до ниедна девојка што има тетоважа, ипак е тоа лична определба. исто така порано мислев дека на мажите им се допаѓаат девојките со тетоважи, но како што иде времево, машките од помодерни, стануваат по патриахални. мислам вака што сум правела муабет, повекето сакаат девојкаим да биде цита по телото. вака се распишував со цел дека ке ги разубедам девојките што сакаат да стават тетоважа. а и уште еден пример, знаеме сите колку иде напред времево, и логично е дека ке треба да вложуваме мн напори за да ги доведеме до една нормала на прмерно дете. но што ке се деси кога нашете дете ке не види нас со тетоважа, како пример ке му оставиме? позз девојки
Кај да е, ќе ставам. Сама си ја издизајнирав, сама ја направив, ќе биде уникатна и лично моја. Имам превземено еден симбол, ама го преправив малку и го дооформив. Си знам и на кое место, и сум 100% сигурна дека сакам да го направам тоа, значењето на тетоважата е огромно за мене, секој ден си го повторувам истото, и цел живот тоа ме води. И сигурна сум дека никогаш нема да се каам, затоа што е правена со многу љубов и посветеност, не знам како ќе размислувам за 10-20-30 години, ама знам дека никогаш нема да го порекнам она што тетоважата моја ќе го означува. Всушност најдов начин да ги искомбинирам трите најважни работи за мене во животот, во една сликичка. Уште да видам каде, и наскоро го посетувам тату мајсторот
Многу сакам да си направам тетоважа но моите родители се причината што сеуште ја немам...добро сфаќам дека се загрижени и се тоа ама сепак бее сакам и точка. не ми се случило нешто посебно па да сакам тоа да го носам засекогаш со мене искрено немам некоја таква wow приказна-едноставо желба.Многумина ќе речат еј па може за неколку години ќе ми помине,да можеби но нема да се каам и искрено многу ме нервираат коментари од типот па како ќе те гледаат тогаш луѓето,нема лесно да најдеш работа и слично...иако можеби е таква реалноста,не сум слушнала јас некој да има проблеми од овој тип
Имам во план да си ставам малечка тетоважа на грбот, и веќе неколку години ја осмислувам сликата. Не сакам да ставам некаква слика што нема никаква врска со мене, туку сакам да ме опишува мене како личност. Инаку отсекогаш сум сакала тетоважи, ми претставуваат лична уметност,која секогаш има некое значење за оној што ја носи.
немам намера да ставам тетоважа иако многу убаво ми изгледаат девојки со така дискретни мали тетоважи.Ги поддржувам сите кои сакаат да стават и оние кои веќе имаат
имам и многу сакам тетоважи но не секакви лошо изгледа за девојче целата истетовирана една или две мали ок е моите збеснаа кога им кажав дека имам тетоважа но брзо се навикнаа
Јас сакам да ставам три тетоважи. Дискретни и убави но со огромно значење. Сама си ги цртав, сама си ги дизајнирав ... ама некако се мислев да не бидат трајни прво па да видам после што и како за да не се покаам. не верувам да се каам зашто стварно имаат огромно значење ама ете се бидува. па здравје ќе видиме шта че бити.
Јас конечно се решив да ставам тетоважа..Успеав и мама да ја убедам, нормално откако и кажав што и како ќе биде. Сега чекам да дојдам до вишок пари, зошто баш и не ми е толку итно тоа. Инаку не сакав трајнан ама ме предомислија дека како што одминува периодот од 4-6 месеци тетоважата станувала многу грозна, а и биле многу поскапи. Така да здравје боже наредна плата мама ќе ми даде пари со камата и правац тату студио. Иначе сакам иницијали од тато бато и мама, а воедно со на брат ми е и мој иницијал...и со некое цветче како што завршуваат линиите.
Имам на грбот, симбол што сама го осмислив и ме карактеризира комплетно. Го нацртав онака, несвесно, и кога видов дека сите нешта на него се дефинитивно Јас, не мислев многу и се истетовирав. Почитувам концептуални тетоважи, оние со значење, а не само шлапнати трајбли на бицепс за да ги покажуваш по плажи ко некој реднек. Исто така, презирам тетоважи кои со намена се ставени да се гледат. Тука нема значењето тетоважата за личноста што ја носи, ами треба да е транспарент за другите. Тетоважата во примитивни времиња означувала припадност, врска со претците, способност да се истрпи и сака болката, оти таа не обрежува дека сме живи. И дефинитивно, тоа чувство е неописливо. Веднаш по првата тетоважа посакав друга! И сега знам точно што и каде сакам, само да потсоберам пари, и пак ќе ставам минијатурка некаде на себе. Моите реагираа најнормално, прво сомничаво, после кога ја видоа, беа воодушевени, дека естетски изгледа феноменално, не е преголема, а и значењето е најважно.
Не ги носат сите за мода тетоважите, па за тоа дали добро изгледа или не. Типичните пеперутчиња, цветчиња, ѕвездички или нешто трајбал најчесто се ставени за мода, само исто како што ќе ти помини меракот да носиш цветен дезен, ќе ти помини и за тетоважата, а после мисли му ја.