Не морам да одам кај најдобар за да се фалам наоколу како тој е најдобар на свет. Најдобрите тату артисти своите дела ги фалат преку изработките,а не преку форуми.
4000 денари за толкава тетоважа??? Каде? Јас им пишав на сите можни тату студија кои ги најдов на фејсбук и инстаграм за тетоважа која е буквално едно мало срце, неколку точки и 8 цифри, значи ширина од 1 cm, а должина од 5 cm преку сила, и тоа не шарена тетоважа туку само црна, цената која во просек ми ја пишаа е 3000 денари. Значи не постои помала и поедноставна тетоважа од таа која јас ја сакам, дури и јас кој сум антиталент за цртање не би ја утнала, а ниту едно студио не ми рече под 2.000 денари. Каде и дали си задоволна? Кој врвен мајстор кај кој малечка тетоважа е 2000 денари го препорачувате? Каде и кога си ги правела тие тетоважи? Мислам дека не сте во тек со цениве, едино ако се имате тетовирано многу одамна.
Настрана што мене лично не ми се допаѓаат тетоважите што ги прават, неколку што ги знам и се тетовирале таму, тетоважата им има обледено после краток период. Посебно од сенчењето ништо не останува.
Скроз се согласувам. И срамота е на некој да се бара да тетовира за под 1500 ден за мала тетоважа, има работа и е занает. Да, некои тетоважи се многу едноставни ама сепак е греота да се ценкаме за ова, зборуваме за нешто трајно на тело што се става. @Elen4e_sonce виде кај Симон? Иако, не знам што имаш на ум, ама за оваа големина што ја збориш и толку цифри, може ќе ти речат и поголема да биде. Не е само мала да биде тетоважата треба и да може убаво да се изработи. И добар тату мајстор ќе те посоветува, има повеќе искуство и знае долгорочно како ќе изгледа. Сепак не сме ние секој ден со машината, не се само плукни залепи. За една од моите која е збор јас сакав помала и ми рекоа дека колку е помала толку помалку детали може да се вметнат т.е. понечитлива ќе биде.
Да видов, 3000 денари. Немој да ме разберете погрешно, јас не се жалам дека е скапо, сепак треба цел живот да трае и секако дека треба да се наплати, појше се напнав зошто сите на темава самоуверени а уствари лупаат цифри безвеза.
Битола, претходното лето. И зборам за нешто преедноставно и од 2cm. Ти имаш повеќе елементи во тетоважата, затоа и поскапа цена ти кажале. Ако ова се однесува и на мене, само кажав јас какво искуство имам, никаде не се расфрлав со цени. А и дискусијата започна од моето прашање. Само прашав дали некој отприлика знај шо и како и тоа пред неколки месеци, не сега, зато шо ми беше срам него да го прашам, ќе кажи пример 500 евра, а знам дека немам. Се' е индивидуално, зависи од многу фактори и греота е да се потценуваат. И стварно нема потреба да се дебатира за цени, оти ако одите во продавница нема да речите не давам 100 денари за чоколадо, дај ми го за 50.
Не е безвезе, барем за себе можам да зборам дека е од искуство. Збор долг околу 7цм мислам ми го наплати 1200 пред колку, 6 години валјда. За поголема тетоважа на грб која има детали и он ја црташе зашто беше адаптација на повеќе работи беше 100 евра, ова беше пред 5 години. Не знам, ако ти кажале сите студија некоја сума слична една на друга можеби има некое општо покачување во цени на материјали или нешто друго.
Читам погоре има дискусија околу цените и според ова што го гледам овде и тоа што мене ми го кажаа има доста голема разлика, односно цените што овде ги имате пишано ми помали, а се работи за поголеми тетоважи. Јас прашав во 2 студија за кои сметам дека се добри за оваа тетоважа и ми рекоа: Симон-1500 и Nameless-250 ден., тоа им е почетна цена иако во тетоважава има само неколку линии. Ако имате некои други предлози кај некој што имате искуство слободно споделете, но за сега мислам дека ќе одберам некој од овие две опции.
Јас кај Симон правев една пред 5 години, убаво ја направи ми зеде 100 евра за 12-12 тетоважа, мислам дека е реална цена, е сега тетоважата што он ми ја правеше ја исполни со премногу боја, линиите веќе не се тенки туку како да се растекоа и цело време ми е испакната, рељефна, некогаш ако нешто ме додирнува на неа ми се иритира и ме боли, мислам дека тоа му е голем пропуст. Не велам дека вечно че остане како што била на почеток, ама имам друга која исто така е со линии и ми е 12 год стара, линиите освен што избледоа малце, не се такви растечени, така да не би правела веќе кај него.
Девојчиња, дали знаете некој што може да ми нацрта тетоважа и да ми испрати цртеж, а јас да му платам преку Western Union или слично?
Во оваа група на Фејсбук гледам често има луѓе кои нудат дизајн, напиши пост што сакаш и ќе добиеш некоја понуда. Не сум пробала, не знам точно како функционираат ама можиш да разледаш.
Јас, брат ми е тату артист, некои од неговите тетоважи ги имам јас дизајнирано. Исто и сите мои. Пиши ми лп.
Денес се тетовирав, но дечкото не ми кажа ништо посебно за нега. Ми рече еднаш на ден со крема или хидроциклин да се мачкам. Сега една пријателка која има повеќе тетоважи , ми рече пантексол крем да се мачкам. Купив и ставив сега ама многу ме пече. Дали е нормален?
Јас до сега сите тетоважи ги мачкав со пантексол, ама пред нанесување треба да ја измиеш тетоважата со млака вода и пред секое мачкање да ја миеш или евентуално да ја избришеш со бекутан марамици
И заборавив не еднаш дневно, првите неколку дена треба да ти е мрсна и да ја мачкаш 2 3 пати дневно ако си земала пантексол маст а ако си земала крема треба повеќе пати бидејќи упива, а кога ќе почне да се лупи ќе намалиш со маста ќе ставаш по 1 2 дневно
Прво миеш со бебешки сапун или друг неутрален без мириси, испираш со ептен млака вода накај ладна. Сушиш тапкајќи не бришејќи и откако убаво ќе ја исушиш мачкаш тенок слој хидроциклин или гентамицин. Вака првите 4 дена 3 пати дневно. Потоа се исто само наместо таа крема мачкаш со пантексол маст околу 2-3 недели.
Имам две тетоважи и немам желба за друзи тетоважи. Да можам едната и би си ја тргнала и би си ја направила на друго место поинаква.