1500-2000 е почетна цена за мала тетоважа. Ако прашуваш за Скопје не знам кој да ти препорачам, Битола ScopeInk, Skinsin и Прилеп Боки и Стојаноски.
Мојава тетоважа пред 2 години ко ја напрајв 2 илјади ми зема, сеа го прашувам истиот, значи слична тетоважа и иста димензија само друга рака 4 илјади.
Во Скопје мислам дека почетна цена за тетоважа им е 2000-2500 денари, во подобрите студиа. Е сега со оглед на тоа што сакаш нешто мало и едноставно претпоставувам, можеби ќе најдеш и за помалку пари. Можеш кај Ина ако сакаш нешто watercolor или illustrative, таков и е стилот. Исто види и Марко Тасевски, од скоро почна да работи сам. Отвори им ги профилите на инста, одма ќе видиш дали ти одговара стилот и квалитетот. Морам да се редактирам. @Stark го плаќаш искуството сега иако е тетоважата слична. Во сите професии е така.
3000 e во нејмлес почетна, или барем толку беше во септември кога се тетовирав. Јас кај Ина во нејмлес имав супер искуство, сами бевме во студио, внимаваше ептен на хигиена, така што мислам дека нема некој посебен ризик од пандемијата. Направивме онлајн консултација, имаше нацртано дизајн, на лице место имавме само минимална измена и одбравме големина. Е сега се чека подолго од други места, ама вреди скроз за нешто што ќе го носиш цел живот.
У Нејмлес е толку, во Етернити пример и на други места не е. Јас за 1500 иам праено *кај другар И Шанкинк е добар, дечкото е легенда @christinnn уј ама поскапеле, лани и преклани по 2000 беше фат да фак
Фала ти. Дали ти трае (мислам да не е станата зелена со тек на време) деталите ми се битни. Да не е една страна права линија,а друга крива. Може профил да и ги видам изработките? Првата ја правев во Lucky 7 tattoo ама не знам дали работат уште. Скоро 4 години ќе фати како ја имам и ми нема сменето боја.
Рано е за да смени боја, ја имам само неколку месеци. Ставив две, едната збор, линиите се совршени, а другата е watercolor цртеж. Повели линк Инаку имам тетоважа од пред 5-6 години, геометриска е, линиите се исто скроз прави и исти, бојата само малку е сменета и не ми пречи воопшто. Ми ја правеше Ацо од temple of ink. Од него имам уште една тетоважа што имаше малку повеќе сенчење, таа ми смени боја повеќе, можеби затоа што е на место што е повеќе изложено на сонце, стварно не знам. Ама мене не ми пречи и ми е океј и вака.
Тие кај вас важат за поскапи во споредба со Битола, ама гледам па постојано одат и во странство, се усовршуваат и имаат искуство. Ако сакаш ист стил на тетоважата, добро е кај истиот да одиш, ако си задоволен секако. Ако црта добро, поарно почекај, бери пари отколку да се зафркниш. Ако не ти е битно да е иста, можиш и друг да одбериш, понеискусен ама не значи и дека нема да е добар. Ѕирни ги тие од Битола шо ги пишав погоре. Едит: мене Стојаноски ми е врв! Немам тетоважа од него ама би сакала една. Тоа што го имам видено е ненормално добро.
Фала ви на сите.Од ова што гледам на инста Ина некако највеќе ми се допаѓа и вака од слики ко што ми се гледа уредно и убаво ги прави.
Да ми препорачате некој кој црта со поприлично тенки линии? Нешто во овој фазон, без многу црнила и сенчања? Најдов една девојка што тетовира во ваков стил во Белград и планирам да одам таму ако не најдам ништо во Скопје..
Препорака за тетоважа или текст или некој симбол, што би означувало -дека животот е само еден , еднаш се раѓаме во таа смисла
Lucky 7 -Ивана, топло ја препорачувам. Девојката е супер и за муабет и за договарање и за тату арист. Ја имаш на инста, можеш да и разгледаш профил Како некој шо повеќе пати се имам ишкртано можам да ти препорачам дека не можеме ние да ти ја одбереме тетоважата, затоа што тоа треба да биде лично твое, сепак ќе го носиш цел живот. Како за инспирација некој quote пребарај го на интеренет (најмногу на пинтрест има идеји) и најди нешто што најмногу ке ти се допадне или повеќе, па консултирај се со некој тату артист и направете комбинација ^^ Се надевам дека ти помогнав, или доколкуимаш некои прашања пиши ми во лп поздрав
1. Јас би ДНК, едноставна или некој убав уникатен дизајн 2. Часовник 3. Песочен часовник Ако си повеќе за текст, сети се на песна или цитат од книга кој ти оставиле впечаток на оваа тема. Следам некоја група на фб за идеи за тетоважи, често луѓето бараат мислење и гледам баш добри идеи и мислења се даваат. Ако сакаш ќе ти пратам линк, странска е. Ова чисто колку да се инспирираш, ти ја имаш крајната замисла и одлука заедно со консултација со артистот.
Искуства и мислења за Eternity? Најмногу ме интересира хигиена, гледам имаат некој попуст. Две линии сакам ваљда нема да ги утнат.
Ја иам праено кај нив Супер се И за хигиена и за сѐ Сеа изгледа пак ќе правам, се мислам, слаба сум со пари кажете ми студио шо би ми земале под 3000 за тетоважа шо е 5*5 ?
Тетоважите ги сакам ама мали. И за тоа чекам лето да дојде тогаш ќе си се почастам со една. Предлог да ми дадете за мала тетоважа да значи: биди тоа што си или не се откажувај од соништата, продолжи да веруваш во себе, или пак некоја мотивациона за животот.