Ние во Битола исцркавме од РЕК, за храна и вода да не збораме. Тетоважа е најмал проблем. И таа индустрија оди напред, од бои, до хигиена, не е исто како шо било пред години.
Тетоважа не можеш да избришеш со крема, евентуално може да се покрие привремено. За отстранување е потребен ласер и тоа неколку сесии, во зависност од големината и техниката на изработка на тетоважата.
Немам искуство, единствено знам за некоја пудра што се рекламираше одамна.. но не се сеќавам на името. Гуглај на интернет, сигурно има нешто.
Навреди и содржини кои имаат навредлив контекст кон било кој член на форумот не се толерираат на форумот затоа и мислењата што ги содржат истите се избришани . Ќе ве замолам да се држите до темата и да дискутирате согласно правилата на форумот . @tel-ef ќе те замолам следен пат да се воздржиш од упатување на навредливи коментари кон другите членови на форумот.
Deckii ve molam za ideja za tetovaza za macka, koja e moj milenik, ne onaka samo. Znaci sakam da e nesto povrzano so nea, se mislev za otpecatok od nejzinata sepa, no ne znam dali bi bilo uslesno i kako bi go izvela.., pa potrebni mi se nekoi slicni ideii, sekako i sovet koj bi mozel toa da go napravi, bidejkji kje mi e prva tetovaza
Здраво дечки, има некој тука искуство со ласерско отстранување на тетоважи? Каде правел и како поминал, дали е целосно избришана? И цена од прилика Тнх
Не е проблем болката, битно ми е да ја отстранам а не ново да додавам, затоа и пишав некој со искуство да кажи како поминал
Decki dali nekoj znae od mast za bolka vo zglobovitee se mackam kade mi e tetovazata mozno li e da mi izblede? Ako nekoj ima iskustvo so takva mast da mi pise.Nesakam da mi izbledee omilenata tetovaza☺️
Глупост, не бледее тоа туку така. Тетоважа бледее по години ради обновување на клетките на самата кожа, а од маст не може да избледе
Абе девојки боли тетоважата кога ја правиш? Јас сакам заедно со сестра ми да се тетовираме, но ми е страв да не ме боли. Оти јас сум п***а по такви работи оти не трпам болка. Прашав за нешто за да ми отрпни местото но ми рекоа дека во Германија било забрането тоа па ми препорачаа маст од аптека да си земам EMLA.