1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тетоважите и религијата

Дискусија во 'Религија' започната од ЕденЧлен, 7 јули 2017.

  1. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Денеска се возам во автобус за накај работа,и поминуваме покрај една Црква,и нормално си се прекрстувам,верник сум и верувам во Господ и божјата сила.Две тетки некаде околу 50-55 год,седат карши мене,и ме видоа дека се прекрстувам,и едната и вика на другата,како може овој цел истетовиран да биде верник?зарем нашата вера ова го оправдува?Само ги погледнав и си реков во себе Господе прости им дефинитивно незнаат што зборат.Мојте тетоважи на телото се мојте лузни,лузни кој целиот мој живот ми се случувале,и решив да ги запишам трајно на мојата кожа,зарем човек кој има тетоважи несмее да биде верник?зарем ако некој прави злоба,а нема тетоважи може да биде верник?Колку е плиток мозокот на човекот,тоа е едно чудо,не за џабе има една поговрка прост човек неможе на кантар да се мери.

    Верувајте во што сакате,правете што сакате,немојте да судите според изгледот на луѓето,не сте во нивните чевли за да знаете низ што све поминува и поминувал.
     
    На Kardashian555, invisible23, Elf и 68 други им се допаѓа ова.
  2. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    @ЕденЧлен во право си за се' наведено во однос на симболиката на тетоважите....Ама според црквата, не било правилно, не било христијански...:!: пренесувам што ми е речено од страна на отецот ..
     
    Последна измена од модератор: 8 јули 2017
    На ЕденЧлен, lilo и Rama им се допаѓа ова.
  3. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Јас не верувам на отци и попови,кој се во црквата за лапање пари,извини ама јас во такви лица не верувам,затоа и ке купуваат хајти и чуда од 200000 евра.Никаде во Библијата Света не пишува такво нешто,тоа што ти го кажале,тоа го измилиле тие самите,пошто така им одговара.А ако не е Христијанкси тогаш што е?Зарем тетоважите имаат вера?
     
    Последна измена од модератор: 8 јули 2017
    На sj *O*, PaLaVa, peperutka87 и 20 други им се допаѓа ова.
  4. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    Ќе проверам и ќе ти кажам поточно, мислам дека беше во третата книга од Библијата каде се објаснува дека тетоважите се обележја на ѓаволот.
    Како тоа не веруваш во отци а се повикуваш на Библијата?
     
    Последна измена од модератор: 8 јули 2017
    На Brokeneyes, sonuvana, Vitaly и 5 други им се допаѓа ова.
  5. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Јас сум ја читал Библијата и не сум сретнал такво нешто.А ако се тетоважите ѓаволско обележие,тогаш значи и цигарите се од ѓаволот така?

    Зарем ние се молиме на отец на поп или на Господ?
     
    Последна измена од модератор: 8 јули 2017
    На sj *O* и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  6. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    ^ отецот го проповеда Светото писмо, а тоа дали кради или не .... Бог на сите ќе ни суди. Исто како што многу верници имаме тетоважи - обележја на ѓаволот на своите тела, ама пред Бога за прошка молиме :)
     
    На sj *O*, lilo, sonuvana и 7 други им се допаѓа ова.
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Прво, за ова има директна и јасна забрана во Светото Писмо. Во третата книга на Библијата – Левитска, можеме да го прочитаме следново: „Заради умрен не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог“ (19: 28).

    Понатаму, ако погледнеме во историјата на тетоважите и пирсингот, можеме да видиме дека има директна корелација со паганизмот. Еве што Тери Воткинс (Terry Watkins) и истражувањата на интернет имаат да кажат за тоа, во неговата статија насловена „Тетовирање… ти, обожуваш, ти, не знаеш што“: „Низ историјата, тетовирањето го носи белегот на паганизам, демонизам, обожување на Баал (бог кај угаридските Семити – заб. на. прев.), шаманизам, мистицизам, безбожноштво, канибализам и скоро секое друго познато паганско верување. Тетовирањето НИКОГАШ не било поврзано со христијаните кои веруваат во Библијата. И било кога и било каде да се појави христијанството во историјата – тетовирањето исчезнува. Единствен исклучок, ХХ век, рамнодушни, световни, непослушни христијани. Раѓањето на тетовирањето секогаш било плод на паганската религија и мистицизам. Без исклучок, истражување по истражување, студија по студија, книга по книга, корените на тетовирањето никогаш не се менуваат“ (www.biblebeleivers.com/watkinstattoos).

    :nod:
     
    Последна измена од модератор: 8 јули 2017
    На ЕденЧлен, sonuvana, душленце и 3 други им се допаѓа ова.
  8. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    @ЕденЧлен Важно е она што го имаш во срцето, а најважно е да имаш душа. Ако ти веруваш во Господ, не дозволувај друг да ти ја преиспитува вербата. After all, секој е верник на свој начин.
    IMG_20170707_195740.png
     
    На sj *O*, lilo, Читател и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Отец вика:
    - Не ме гледај јас што правам, прави што ќе ти кажам. Негово е да проппведа, а после служба никој не знае. Секој за себе одговара.
    Инаку додека мое око не види, не верувам и не обвинувам.
     
    На ЕденЧлен, Rama и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Всушност, Библијата не кажува практично ништо за тетоважите, барем не во оној облик во кој на нас ни се познати денес.

    Обележувањето на телото - нешто најблиску до тетовирање - во Библијата се спомнува само еднаш, во Левит 19:28: „Заради умрен не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог“.

    Ова всушност се однесува на одредени пагански обичаи кои ги практикувале некои од племињата населени во соседството на Израелитите - оплакување на починатите со правење засеци на телото и пишување на букви по телото, кои ги означувале имињата на нивните пагански божества.

    Тетоважите денес не спаѓаат во ниту една од овие две категории, па затоа и многумина сметаат дека тетовирањето не е во никаков конфликт со христијанското учење.

    Од друга страна, се смета дека е многу побитен мотивот, односно причината за тетовирањето, отколку самата тетоважа и процес на тетовирање. Со други зборови - ако причината за тетовирањето е во склад со Библијата, христијанското учење, однесување и начин на живеење, тогаш тетовирањето не претставува никаков проблем од аспект на христијанството.
     
    На sj *O*, CameliaMiller, Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  11. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Која контрадикторност би бил некој што тетовира крст,или светец на себе...Верник е или не е?
     
    На daylight, CameliaMiller, Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Штом е наведено таму во Библијата да не се рецка телото, тогаш е сосема јасно дека христијанството не оправдува тетовирање.
     
    На Abeja, sonuvana, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ме потсети на еден од американските раскази што го работевме на факс, Parker's back од Фланери О'Конор :D Главниов лик (Паркер), инаку ,,зависник“ од тетоважи со агресивна екстремно религиозна сопруга, при крајот на расказот отиде на грбот да го истетовира Господ. И кога ѝ ја покажа тетоважата на сопругава со цел да ѝ покаже дека се посветил на христијанството, таа го обвинува за идолопоклонство и го претепува.
    Доста длабок и симболичен е расказот, темава и ова прашање баш ме асоцираше на него :)

    Иначе за мене за еден верник е најважно да е добар човек, како се однесува со другите, колку помага, како ги прави другите да се чувствуваат. Многу работи што се вели дека религијата и самата Библија ги осудува, било дали навистина е така или така си ја толкуваат, јас не ги осудувам и не ги ставам во карактеристики на лош верник. Така и тетоважите, не ми покажуваат за човек ниту дека е ,,олош“ од општествена смисла како што има предрасуди, ниту дека не може да е добар верник.
     
    На КикиМаус, realGirl, Tan4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Верник е ако верува, но ако се тетовира не е исправен верник, макар и светци да тетовира, тоа е грев според Библијата.
    Еве и јас не постам секој понеделник/среда/петок и не одам секоја недела во црка и не се крстам на секоја црква по пат...но верник сум.. не правилен но сепак сум
     
    На sj *O*, bittersweet, sonuvana и 4 други им се допаѓа ова.
  15. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Ако гледаме така никој не е правилен верник...Па и отците и поповите не се...Сум видела поп да пие пиво на сред велигденски пости, и поп што не ни пости


    Што е на пример со некој што е зависник од дрога и притоа има тетоважи, животот му се распаѓа и решава да оди в манастир да стане монах?
     
    На senjorita-v, Lianna Anna, realGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
  17. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Немам време за жал на сите да ви одговорам,викендов сум презафатен.Но ветувам деновиве сите ке добиете одговор.

    Што правиме со палењето оган а е пагански?поповите проповедаат да не се пали оган а пак народпт пали,а сите се тоа верници.

    Сите ние сме грешници на некаков си начин,не постои безгрешен човек.
     
    На SexyGirl2, Lianna Anna, realGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Токму така. Само Бог е совршен, апсурдно е човек за себе да вели дека е таков (совршен и безгрешен). :)
     
    На xxxУбавотоПајче, sj *O*, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Бидејќи и паганите ги спомнавте да надополнам. Во словенската паганска религија т.е Родноверје исто така не се оправдуваат тетоважи и пирсови. Таа религија има уште построги закони од Христијанството кои ги тераат верниците да се придржуваат кон природата. Го кажувам ова бидејќи ја познавам таа религија речиси подобро и од Христијанството.
     
    На sjdgo, daylight, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    А замислете си нешто битно да беше забрането у Библијата, освен убиство?
    Како на пример педофилија, силување, робовласништво...

    Каде ќе ни беше крајот со волку совршени, безгрешни верници....
     
    На sj *O*, CameliaMiller, Salome и 14 други им се допаѓа ова.