Не само окултистички мотив. Оној кој живее библиски или барем се труди да живее така нема да си го шара телото со било каков мотив. А оние кои го тетовираат Исус или светци крстови цркви и што уште не нема да им помогне бог со тоа, ни Б немаат од Бог, тоа не ги прави религиозни, тие се дно бидејќи го прават обратното на она што нивниот Бог го вели а воедно го величат.
Не дуваме свеќи на торта тука, разговараме за тетоважи. Нема да ти ги постирам цитатите побарај ги сам и прочитај и увери се дека, двете страни доброто и лошото преставени во библијата ги бележат своите одбрани. Се согласувам дека метафори и споредби се многу застапени , но исто така треба да се знае дека спротивностите секогаш се следат едно со друго. Како што смртта се следи со животот, така и телесното се следи со духовното и тоа што е метафорично кажано може да се види ако умееш како. Дали е правилно или не е правилно да се тетовира човек и што вика библијата за тоа!? Да се држиме до темата и да враќаме на кометарите ,а не за коментаторите.
Бог ги сметал за гадни цртежите и секакви слики на животни???? Хммммм, кои животни??? Еве јас да помине лудилото планирам ова што ми е на аватар да го удрам на рака, и тоа е лошо????
Така викаат цитати, ги постирав погоре. Ако си "јадела" од забранетото овошје , треба да знаеш што е добро или лошо,а не да прашуваш други!
Бог е насекаде околу нас не е мерило колкава свека си запалил и колку цесто одисх во црква има верници кои при секое оденје на работа се прекрстуваат и молат и при секое легнување ,тетовирање на икони јас го оправдувам јас лицно 26 години ја имам богородица исцртано на рака и голем крст на грб или што би рекол моето тело е дневник а тетоважите приказни за мене ,ги имам над 11 лицно го оправдувам тетовиранјето на икони,крстови,и свети работи и симболи
Дали имањето тетоважи би го спречило некој да се запопи? Јас мислев дека нема врска зашо исто е како да му одбиеш да се запопи ради било кој грев, но дечко ми кој учи богословија а има тетоважи збореше дека правеле проблем за тоа
Па да, според религијата не е прифатливо да се има тетоважи. Ако дечко ти планира да биде поп, не сум сигурна дека ќе му дозволат штом има тетоважи. Ама не е проблем, имав една пејачка слушнато дека имала тетоважи па отишла да ѝ ги избришат.
Тетоважите се една посебна тема што е вредно да се продискутира и од религиски и од нерелигиски аспект особено во денешниов "модерен" свет кога тетовирањето станува се помасовен и поприсутен тренд. Историски тетоважата е античка паганска практика која била применувана при мумификација на лешеви а има и окултистичка позадина се правеле разни ритуали и обреди се повикувале разни "богови" и принесувале жртви при изведувањето на самиот чин. А социолошки гледано до пред некои 20-30 години и уназад генерално се шкртале луѓе од понизок социјален слој ганстери, деликвенти, насилници, наркомани, алкохоличари луѓе од дисфункционални семејства или подобро кажано шљам од луѓе и обично кога ќе се видело некој дека е тетовиран одма се знаело дека припаѓа на оваа каста значи тетоважата дефенитивно означува припадност кон одредени деструктивни трендови и општествени девијации и е симбол на некакво зло во општеството. А младите денес воопшто не знаат што значи тетоважата и несвесно самите се бележат дека сакаат да бидат припадници кон одредена општествена девијација... жално.
Абе ајде, девијација велиш Сосема свесно имам 3, првата на 19, другите 2 на 30 ги направив. Во план имам уште, меѓу другото и да ја освежам најпрвата. Не знам што точно девијантно правам во животот, ако гледаме за општествени сфаќања во минатото не сум смеела да се школувам, да гласам, татко ми ќе ме мажел за кој му чини, така што минатото не ми е релевантен фактор за денешни одлуки ама никако. Знаеш што е жално? Да се замараш со туѓи тела. На своето што сакаш прави и не прави. За моето нека не ти чуе.
Мислев најмногу на социолошкот аспект настрана религијата што забранува. Тетоважата како социолошки феномен претставува самоидентификација и припадност кон одредена појава што одсликува девијација и ниска свест во општеството. Порано се чкртале една група на луѓе и самите се бележеле себеси како проблематични а другите ги препознавале како такви. Денес таа граница е изгубена и секој втор се чкрта што е показател дека колективната свест од ден за ден ни деградира. Може секој да се чкрта колку сака ама дека тетоважата не е добра и претставува една тенденција на луѓето да се приклонуваат кон зло а се оддалечуваат себеси од вистински човечки вредности, духовност, човечка есенција човек со малце повисока свест би требало да е свесен за ова.
Брееј , ама сте развиле дискусија тука . Јас лично сметам дека тетоважите се ок . Е сега , според тоа каква тетоважа носиш ( додатно , покрај начинот на живот , друштво , опкружување , лични избори ) може да влијаат негативно врз личноста ( да западне во окултистички и неубави работи , кои на крајот сепак се на штета на самата индивидуа ) , но истите пак , може да се само цртежи врз нашето тело , доколку силно веруваме во својот Бог . Јас лично имам сонувано како сум истетовирала на рака ( меѓу дланката и лактот ) круна , и под неа датуми на раѓање на трите деца , од кои на третото дете не го видов датумот јасно , бидејќи во тој момент не бев сеуште породена со неа . И имам во план да го истетовирам токму она што го сонував , бидејќи ретки се тие сонови кои јас ги паметам . А штом овој ми остана во сеќавање , значи морам тоа и да го сторам . Маж ми ги има истетовирано имињата на двете деца , а за скоро планира и на третото да го истетовира . Така што , не ми смета ничија тетоважа , јас лично би се тетовирала , и не гледам како тоа би можело да се смета за окултизам ( па не живееме во 15ти век , кога секој што бил различен бил пален на клада ) . Оној што е окултист , и без тетоважи е окултист . Толку .
Денес тетоважите немаат врска со никаков социјален ранг, можеби само во некои делови од светот, вака генерално се прават чисто од ќеф. На никој тетовиран не би му наметнала дека има некакво проблематично однесување или сомнително потекло. Што се однесува до религијата, не дека е смртен грев, но добро е да не се цртаме по телото.
Не мислам на такви бенигни тетоважи што имаат некакво значење или симболика од типот на некој важен датум или име на дечињата на невидливо место тоа и не е толку страшно. Генерално мислам на hardcore тетоважи ичкртани цели раце и пола тело со цртежи што немаат никакво значење и се ставаат чисто ради привлекување на внимание и позирање по социјалните мрежи е тоа е припадништво и себежигосување кон злобни трендови. Затоа малце подетално ја објаснав историјата на тетоважата и нејзиното значење во минатото. Муабетот е дека се што се сметало ненормално порано денес станува нормално а тоа е поразително батали религиски причини и окултизам тоа е мање битно
Секој треба да има слобода да одлучува за себе и своето тело, па макар било тоа и тетовирање. Но доколку силно веруваме во Бога тогаш зошто би сме имале потреба да ставаме цртежи кои трајно би го обележиле нашето тело? Конечно, телото е храм Божји. Зошто би сме шарале по храмот Божји? Соништата се одраз на нашата животна состојба и честопати се симболични, односно имаат поинаква порака и значење од она што ние си мислиме. На пр. дали некој ако сонува дека некого убива, би значело дека тоа би требало навистина и да го стори на јаве? Сигурно не.
Секако дека не . Но , јас за себе зборувам тука , јас ретко паметам сонови и до сега од мои 27 години , паметам само 3 или 4 сонови , меѓу кои и овој со тетоважата .
Тетоважите немаат никаква врска со религијата, глупости.. Кој сака тетоважи нека се тетовира, а кој не сака немора.