Сите грешници се големи верници. Секој пат секој грешник бара прошка. Тетоважата е право на избор, размислувањето исто така. Некои малку попросто размислуваат. Сметам дека тетоважата не е поврзана со религијата.
Тетоважата е секако право на избор но во Библијата пишува дека Христијанството не оправдува тетоважи. Тетоважите и пирсовите и тоа како се поврзани со некои пагански религии.
Ова не се однесува на тетоважи. Затоа е нагласено таму „заради умрен“. Како што објасни @Bender Rodriguez забраната во Левит 19 се однесува за пагански обичаи кои ги практикувале Израелците, ќе го цитирам уште еднаш затоа што гледам и после напишаното, некои уште тврдат дека Библијата забранува тетоважи: Исто така ако се погледне контекстот на Левит 19-то поглавје, ќе се види дека таму е забрането и: „‘Не јадете со крв! Не вражајте и не гатајте! Не стрижете ја косата на вашите глави кружно и не стрижете го крајот на вашите бради.“ (Левит 19:26-27, Библијата) Овој цитат е пред цитатот за забрана за правење рецки по телото. Зошто Бог би забранувал одредени фризури? И зошто би забранувал да се потсекуваат краевите на брадата? Затоа што овие пракси и обележја биле пракса на околните пагани и Бог сакал да ги држи во светост Израелците и им заповедал да не се сообразуваат со нив, да не го следат нивниот тренд за и они да не забегаат во идолопоклонство, туку да се држат што понастрана од нив. п.с. Интересно е што денес има многу што одат по бајачи и гатачи, а истите тие зборуваат дека тетоважата е нехристијанска работа
Малце офф топик.Ама на ова ми текна чим го видов насловот.Според мене религијата е нешто чија цел е да те направи подобар човек,а не да те спречува да го правиш она во кое се чувствуваш најудобно во своето тело.А за луѓето се знае.Уште постојат оние кои мислат дека ако имаш тетоважи си наркомани или слично.Се прават големи верници,а всушност колку гревови имаат направено ни тие не знаат.Тетоважите не се грев според мене.Тие се на телото,а душата не може да се тетовира.
Телото е важно колку и душата. Нашето тело е божји храм. Спрема тоа, не треба на него да цртаме ништо. Информирајте се.
И привремените тетоважи? Значи за некого украс на телото, на некого лузна за животот. Чисто да те потсетат што си минал и преживеал. Точно биле забранети во Христијанството и не го одобрува тоа црквата, тоа било тогаш. Сега се други времиња. Телото и душата на човекот се потпора во животот без оглед дали се "ишарани" или не.
Ако толку строго се држиме до тоа, не би требало ниту да се шминкаме, нели? А што е со дупнувањето уши на бебиња и деца што не се ни свесни за тоа, а што патем баш се поврзува и по обичај се прави на посебен христијански празник?
Имa ли тaкoв верник штo дoкoлку нaвистинa сaкa дa се истетoвирa, не би гo стoрил тoa пoрaди oнa штo гo пишувa вo Библијaтa?
А најтрагично е што ако имаш пример тетоважа со крст или некој светец или слично,те прават најголем верник.
http://www.bregalnickaeparhija.org....2-59/2010-01-15-22-53/797-2014-10-03-12-17-05 едно нешто само не ми е јасно ... Дали ке биде подобро помлада да си заминам за помладо да изгледам во другиот свет O.о ?
Секој може што сака да си прави на своето тело,живееме во нездрав свет,све е обратно,затоа што ѓаволот е веќе на земјата,и копа и ора меѓу луѓето.
,, Кој од нашите читатели не доживеал нешто слично на следново? Влегуваш во обична продавница за да купиш леб. Пред вас во редот на касата стои средовечен човек со мајца без ракави. Неговите раце, а веројатно и други делови од телото се покриени со најживописните бои и разновидни тетоважи. Ќе се обидеш да не зјапаш пред оваа “уметност” бидејќи истата ќе те згрози Човекот ќе плати и ќе излезе. Нареден си ти на ред да платиш и пред тебе пријатна млада жена. Погледнуваш во неа и забележуваш дека и таа е “украсена” со различни пирсови на носот, ушите, па дури и на нејзините клепки. Болно е да гледате во нејзе. Плаќаш за лебот, не гледајќи во нејзе и излегуваш набрзина и си правиш забелешка во мислите за друг пат да купуваш леб од друго место. ,,
Доколку некој навистина верува и се води по Библијата не би сакал да се тетовира или веќе се покајал поради направена тетоважа. Тие што се водат правилно по Библијата се знае каде се. Во некој манастир монаси се. Дупнувањето уши на деца останало уште пред Христијанството, затоа денес некои од незнаење тоа го прават на Христијански празник кој се поклопувал со некој пагански празник, исто како палењето Бадникарски оган или палење венец на Иванден.
Не се важат, затоа што тие се обични лепенки, сликичиња, а не рецки како што пишува во Библијата. За шминкањето, не е забрането, но да не е претерано до менување на ликот, како што често се прави денес. За дупнувањето уши, тоа е нешто што нема врска со Евангелието, како што кажа @Vitaly ,туку е традиција која настанала од верувањето дека на празникот Благовец, како благ ден на кој раните не болат, е онака идеално за дупнување на ушите на девојчињата. За дупнувањето уши конкретно, досега не сум слушнала некој да каже дали е погрешно.
Да, де, затоа било нагласено. Не оти е пишувано во опсегот на нивните познавања во тоа време и тој простор каде што живееле. Тие знаеле за такво бележење на телото, заради умрен. Да им било познато некое друго бележење на телото, како тетовирање од ќеиф, би го забраниле и него, во тоа биди сигурен. Се вадите на буквалистички финти. Тогаш, имаш божја заповед да не ги посакуваш куќата и жената на твојот ближен, па можеш да си изведеш заклучок дека не е забрането да посакуваш куќа и жена кои се на некој што не ти е ближен. Нема да ви успее христијанството пред сите да го претставите како нешто либерално со цел да му го продолжите векот . Не има и тие кои сме доволно информирани што претставува.
Тетовирањето е обележување, потреба да се биде поинаков, единствен, препознатлив. Тесно е поврзано со гордостта, со желбата да се избега од " стадото". Секако дека не му е угодно на Бога, бидејќи тој ги обележил оние за кои сметал дека треба да бидат обележени и поинакви. Но тоа не значи сепак дека тетовираните ќе одат во пеколот, а оние што се во црква со празно срце секако во рајот. Нема потреба за потсмев, ниту за осуда на било кого. Убавината на верата е што те учи да бидеш толерантен и милостив. Но, и да ја кажуваш вистината,особено кога таа не му се допаѓа на мнозинството.
Тетовирањето е знак дека особата која се тетовира е поседната од демони кои го тераат да прави лоши ствари. Така тоа започнува, игла под кожа, цртање на некаква слика на своето тело, слушање панк-рок и метал...и ни пет ни шест, се наоѓаш во пеколниот понор, се вариш во огнените сулфурни езера...