Шта би било кад би било е мафтање со зборовите на празно. Ти може да си претпоставуваш едно, друг друго. Факт е дека во тетовирањето од ќеиф нема ништо паганско, нема ништо идолопоклоничко, нема служење на други богови и верувања, туку обична уметност, како што е и шминкањето или правењето плетенки кај женските. Паганите што ставале засеци по телото обележувајќи ги умрените во семејството не ги ставале од уметнички побуди, туку биле попратени со некакви пагански верувања. Можеби верувале дека на тој начин го продолжуваат животот на нивната душа или ја соединуваат нивната душа со нив, или за да бидат со нив во задгробниот живот, или нешто сосема четврто, петто. Што го коштало писателот да напишел само „не си правете никакви засеци по телото“? Зошто морал да го додаде тоа „заради умрен“? Знаеш ли колку била скапа хартијата и мастилото тоа време? Не би се расфрлале со непотребни додавки. Башка Левитската книга не е поезија или проза, туку законик, дел од Тората, законско право за Израелците. Таму се било прецизно уредено и ако треба нешто 5 пати да се повтори, е повторено уредувајќи и најситни детали што биле од важност.
Па не баш. Исус во една ситуација јасно им кажа на евреите дека нивните „ближни“ се и самарјаните. Самарјаните и евреите се нешто како „македонците и албанците“. Национално настроени и со голема етничка тензија меѓу нив. Така што ако самарјаните ги нарекол нивни ближни, со тоа Исус им дал до знаење дека секој човек на планетава е нивен ближен. А плус Исус во друга прилика рекол и дека треба да ги љубиме дури и непријателите и да се молиме за нив. Да љубиш некого воопшто не подразбира да му ја посакуваш жената, куќата и сл. Така што не, воопшто нема простор за таква паушална интерпретација на таа заповед. Ја ниту го правам христијанството полиберално од што е, ниту го правам поконзервативно, туку го претставувам такво какво што е. А го познавам поеќе од доволно, со завршени теолошки студии зад мене. За повеќето на форумов христијанството е она што православието им го претставило. Сепак, ако излезете од тие тесни рамки и ако погледнете пошироко (светски), и ако го погледнете историски, и ако ја познавате Библијата, христијанството е нешто многу поразлично и поголемо од православието.
Ако добро знам, во Библијата е пишано дека луѓето треба да имаат секс само при зачнување деца... Самозадоволувањето исто се смета за грев Па зошто тоа што сексот се смета за едно од најголемите уживања е во ред, а тетоважите не се? Темава ми дава простор да поставам многу #прашањакоимемачат
Рече религиозен верник чиј светоглед е дефиниран од празни зборови во некое писание и истите ги проповеда (мавта) наоколу. Личиш на некој што бара дупки во законот. Многу ми е интересно кога верник зборува за тесногледост. Од каде сум дошла јас во контакт со православието за тоа да ми го претстави христијанството? Нешто ќе да си грешка.
@ЕденЧлен денешните постари жени и мажи,не можат да ги разберат тие работи,може во нивно време не било така,незнам не ме интересира. И јас имам тетоважа,и уште правам и ке правам,но тоа нема да ме направи помал верник од другите,јас мн верувам во господ и исто ко тебе правам. Остајте ги луѓето,гледајте си за себе.
Чекајте бе малце ок у реду е,свативме тетоворирањето е грев,ѓаволска работа,ке гориме во пеколот сите што имаме тетоважи,признавам грешен сум имам тетоважи.Каде пишува во Библијата дека треба да се плаќа на црквата(свеќи?,венчавки?крстење??Дека за поп да ти испее молитва треба да наплаќа?каде во Библијата пишува дека на погреб попот треба да лапне 2000-3000 денари?И ние обичните смртници сме грешни,а поповите праведни?Први лопови се поповите они ја пустошат ЦРКВАТА. Друга работа зашто поп на духовден зима 100 ден за 5 сек молитва?зашто љока ракија на слава?Зашто возат џипови? Луѓе светов е пеколот,нема друг пекол осовен овој на земјава.
Тетоважите не се забранети во Библијата. Само затоа што одредени верници (кои не ја познаваат Библијата, а некои не ја ни допреле со прст) ви пишаа дека чуле оти е забрането, не мора да се водите по нивните коментари. Во Библијата пишува дека сексот е наменет и за уживање. Еве на пример прочитај ја библиската книга „Песна над песните“ (која всушност е еротска поезија) и ќе видиш таму една еротска преписка меѓу двајца вљубени. Исто така Соломон во Поговорките вели: "Пиј вода од својот извор и онаа што извира од твојот кладенец...Нека е благословен твојот извор, и радувај се со жената на својата младост, нека ти е како мила срна и љубезлива кошута; нека те напојуваат нејзините гради во секое време, и нејзината љубов нека те восхитува непрестано! Па зошто сине мој би се занесувал по туѓа жена и би ги прегрнувал градите на туѓинката?" (Поговорки 5:15-20, Библијата) Значи овде Библијата вели дека мажите не треба да посакуваат секс со други жени, туку да си уживаат во љубовта и сексот со своите жени во секое време и да се восхитуваат непрестано во љубовта на својата жена.
Сексуални односи се дозовлени откако ќе се круниса љубовта во црква помеѓу двајца партнери. Не мора само при зачнување да имаат однос, туку општо во брак не е никаков грев сексот помеѓу брачните партнери....дури (мислам) и при пост не е забрането да се има односи. А односи пред брак, исто како и самозадоволувањето, се сметаат за грев....со еден збор кажано, не пости некој човек што не е грешен....и да нема односи пред брак, сигурно секој здрав и млад човек се има барем еднаш самозадоволувано. Во врска со тетоважите никаде не сум сретнала дали се забранети, и не ми паднало на памет за такви нешта. Воопшто не ми смета некој ако си сака да има тетоважи. Доколку си е верник човекот, си ја почитува религијата, не е битно што носи како облека или на кожа. Поповите и мене ми одат на нерви, и 1000 пати имам пишувано за тоа, ама не сакам да се споредувам со нив....Тие јаделе мрсно за време на пости, па ајде и јас ќе јадам...Тие земале пари од народот, па ајде и јас ќе земам. Секој нека прави ко што мисли....Всушност секој си прави за себе.
Можеш ли да го објасниш чувството што те обзема, при секоја нова тетоважа? Задоволство, гордост што убаво ти " стои ", среќа што си поинаква можеби? Не ја разбирам желбата за тетовирање, за мене е истото немир само, би сакала да чујам од оние кои се горди сопственици.
Сметам дека во моментов постојат мал милион ситници кои му пркосат на христијанството многу повеќе од тетоважите. Како верник не се согласувам со многу новитети и реформи кои ни ги наметнува современиов век и свет и донекаде ги осудувам,но за тетоважите имам поделено мислење
Имам забележано во некоја од книгите Мојсееви пишува дека не смее да се шкрта телото поради мртовец. Тоа јас си го толкувам, да не пишуваш дати и да црташ лица и иницијали на некој што починал.
Некој работи неможат со зборови да се опишат,се додека не ги доживееш. Секоја моја нова тетоважа ми внесува мир и спокој,не значи дека ке го ишкртам целото тело,но овие тетоважи што досега ги имам се најтешките мигови поминати во мојот живот. Јас сум горд што ги запишав трајно на мојата кожа,затоа што така јас одлучив за себе,како што и сите други си одлучуваат за својот живот,дали ке јадат мрсно или не,дали ке пијат или не,дали ке пушат цигари или не,значи неможеш да судиш ПО ИЗГЛЕД. Машко сум иначе и не сум поинаква,а ниту поинаков,јас сум си свој на СВОЈ начин,како што јас мислам дека треба.А религијата ја почитувам уште од мали нозе,мојте родители ме учеле да ја негувам,и да ја почитувам. Татко ми беше најголемиот противник против тетоважите,пред неколку години се случија страшни работи во нашата фамилија,и на 48год татко ми се истетовира,и реков чим татко ми го направи тоа,значи почнуваат да ги снемува оние заостанати мислења дека луѓето со тетоважи,се наркомани,криминалци,нечесни луѓе,бараби,пијаници и итн итн. Како што ти неможеш да ја разбереш мојата потреба за тетовирањето,така јас многу работи неможам да ги разберам,јас неможам да разберам човек што пуши цигари,сам свесно се труе зашто?зашто да фрла пари а свесно се труе?Али јас не ги осудувам тие луѓе,и не ги напаѓам,едноставно тоа е нивни избор во животот,а секој има право на избор како ке го живее СВОЈОТ СОПСТВЕН ЖИВОТ. Мене ми е јасно дека постарите луѓе кој се заостанати во модерниот свет,неможат да ги разберат тетоважите и ок е тоа,јас не ги осудувам ниту напаѓам.Но живееме во 21 век,каде што светот повеќе нема граници,едноставно све човек што ке му текне на паметот може да си направи и си прават,дали за среќа или за жал,си прават. Мојте тетоважи се само МОЈ,мојте тетоважи значат живот на моето тело,сум бил ВЕРНИК и ке бидам ВЕРНИК и послем смрта,секогаш ке верувам дека ГОСПОД постои,и дека постои послем смрта друг ЖИВОТ. Вчера имав прилика да помогнам на еден човек,кој го познавам од населба,човекот имал пред неколку месеци мозочен удар,и за жал тешко се движи и паѓа на рамно буквално.Вчера ме замоли да го спуштам од тротоар бидејќи неможе сам,секако со задоволство го направив тоа,и ме заболе душата што неможе сам да се движи.Му посакав побрзо да се опорави и побрзо да биде здрав,со блага насмевка ми посака,да сум здрав и жив Господ,да ми давал среќа и радост само во животот.Дали ова добро што го направив не се важи бидејќи имам тетоважи?Што е најтрагично поминаа 20 луѓе поред него,и никој не сакаше ни да го погледне,а не па да му помогне.
А зошто поинаква? Имам една на грбот ми е,ја сакам едноставно тоа е дел од животот и таму си го врежав. Исто како сите,така и јас сум,нема ништо поинакво,мајка на две деца,сопруга,се е нормално. Исто како некои што сакаат да склопат брак од ист пол,ке ги осудуваш? Може само да прифатиш,а тоа е нивна работа,секој си го живее животот,не можеш никој да осудуваш врз основа на тетоважа,дали имал или нр,ако имал бил наркоман,ваков таков.помалку од другите. Денес живееме во време каде што,се се движи со огромна брзина и секој си гледа за себе,а не што другите ке кажат.за ова има да се дискутира многу и многууу... Убав ден..
Се укажува на тоа дека е забрането, ама јас мислам дека не е страшно. Во Библијата, Бог дава заповед „Не убивај“, а ги поттикнува Израелците на убиства во служба на експанзионизам. Дури го казнува Саул за непослушност, затоа што не бил брутален до крај. Давид изврши прељуба со омажена жена, кога таа остана трудна, Давид се обиде да му го подметне бебето на нејзиниот сопруг, откако не му успеа, направи да го убијат човекот, па ја зеде Вирсавеа при себе, и пак остана штитеник на Бог. И сега, за тетоважа, една или неколку... Најважно е колку сте му симпатични на Горниот
Благодарам за одговорите Јас сигурно не ве осудувам, ниту имам право да просудувам кој е колкав верник. А во врска со темава, ако добро ве разбрав, тетоважите кои ги имате на себе, сведочат за нешто лично, нешто што ви буди спомени. Свесно тоа интимно и лично го ставате во симбол и покажувате на сите. А некогаш во некои верувања, тетовирањето имало цел да заштити. Денес во овие модерни времиња, можеби несвесно, преку разни тетовирани симболи, ја ослабуваме својата енергија.
...не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог“ ...не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог“ ...не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог“ ...не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог“ ...не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог“ ...не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог“ ...не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог“
Па да, сведочат за нешто што ни е нам важно, но многу ретко се буквални тие тетоважи.(скоро никогаш со ретки исклучоци) Воглавно се симболи, слики или метафорички текстови што ја претставуваат борбата која некој ја надминал, некој лош, но важен период од животот или можеби нешто што долго време го чекал и го добил па сака секој ден да се потсетува на него гледајки го на себе.. и милион други примери. Јас сеуште немам видено пример некој буквално да си испише цел текст како од дневник изваден опишувајки како татко му умрел од рак или како се откажал од самоубиство во последен момент за секој еден да го чита како весник. Метафорички се, ги покажуваме на други, но не значи дека знаат што значат.