1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тетоважите и религијата

Дискусија во 'Религија' започната од ЕденЧлен, 7 јули 2017.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Доколку го копи-пејстираш тој цитат 100 пати, дали тоа ќе значи дека постојат 100 библиски цитати или само еден?
    А плус и за тој еден цитат покажавме дека нема врска со тетоважи, туку со тогашен пагански ритуал на одбележување на мртвите луѓе на својата кожа? Но ти го знаеш тоа и затоа не го пишуваш цитатот во целост, туку спорниот дел го заменуваш со три точки :)

    Заради умрен не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог“ (Левит 19:28, Библијата).

    Дури и зборовите што следат по забраната „Јас сум Господ, вашиот Бог“ дополнително покажува дека темата овде е идолопоклонство и забрана за служење на други „богови“.
     
    На Rama и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Доколку истетовирам нешто посветено на мој починат близок, чинам грев, а доколку истетовирам било што друго, не?
     
    На IronLady, crimson и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не ја гледај буквата, туку контекстот и суштината на таа забрана. Ќе повторам дека таа забрана е забрана на Израелците да се поистоветуваат религиозните пракси на околните пагани.
    Еве ја истата заповед во поширок контекст како потврда дека се однесува на тоа:

    „‘Не јадете со крв! Не вражајте и не гатајте! Не стрижете ја косата на вашите глави кружно и не стрижете го крајот на вашите бради. Заради умрен не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог“ (Левит 19:26-27, Библијата)

    „И Господ му рече на Мојсеја: „Зборувај им на свештениците, на Ароновите синови, и речи им: ‘Нека не се онечистуваат со допирање на покојник во својот народ, освен за свои најблиски роднини: за мајка си, за татка си, за синот, за ќерката и за братот, и за својата сестра, девица, која му е најблиска крвна роднина, која живее при него и не била мажена. Но нека не се онечистува за роднините и така да стане нечист. Нека не ја бричат главата; нека не ги стрижат краиштата на своите бради, ниту да прават засеци на своето тело.“ (Левит 21:1-6, Библијата)

    „Вие сте синови на Господа, својот Бог. Не правете си врз себе врезаници ниту потстрижувања на челото за покојникот. Па ти си народ посветен на Господа, својот Бог; Господ те избра тебе меѓу сите народи на земјата за да бидеш Негов народ, Негова сопственост.“ (Второзаконие 14:1-2, Библијата)

    Значи овде станува збор за една општопозната паганска практика (суеверие) кое го правеле околните пагански народи и Господ ги повикува Израелците да не го практикуваат тоа, затоа што тие биле Негов свет избран народ и не трбало да се поистоветуваат со паганските народи.

    Ако веќе бараш денешна паралела, за христијаните тоа би било да не ги практикуваат словенските пагански обичаи затекнати на овие простори, да не одат по гатачи, бајачи, јасновидци, гледачи на кафе, на тарот карти, да не ги прават десетиците пагански обичаи што се прават при погреби а немаат врска со христијанството, да не се носи храна по гробиштата за да јаде умрениот следната ноќ, или да му се ставаат наочарите во гробот за да ги носи на оној свет, да не се вели „му се пиело ракија“ доколку ви се истури ракијата, да не се верува дека душата му шета 40 дена по земјава или по некакви цариници (митарства) - иако тоа го учи православието. Ете овие нешта би биле апликација на таа забрана во денешен контекст.
     
    На LollySky, CameliaMiller, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  4. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.311
    Пол:
    Машки
    Уште колку пати ке постирате дека тетоважите се забранети според Библијата и Христијанството?
     
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не ми одговараш на прашањето. Што вели Бог за тоа јас да направам нешто како паганите од тоа време, на пример, да се тетовирам во помен на умрен? Дали мене не ми е забрането, иако на Израелците им било? :) Ако е така, тогаш што воопшто ја проповедате Библијата и се водите според неа, кога е преполна со ствари кои се денес неважечки?

    Цитат камо?
    Јас имам 80% цитат за тоа што го тврдев, ти имаш НУЛА за ова што си напишал - никаде во Библијата не стои да не се гледа на кафе или да не се ставаат очила во мртовечки сандак... Немаш цитат = нерелевантен си со тврдењата.
     
    На Jas! му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.711
    Пол:
    Женски
    Многу ми се смешни ограничувањата на религииве. Ми се чини дека и јас да седнам да мислам, поинтересни правила на живеење не би измислила.
     
    На candy.cane, elimkd, LollySky и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos „Јас сум Господ, вашиот Бог“ - не содржи никаква забрана! Ниту од лингвистички, ниту од религски контекст анализирано, забрана нема искажано!

    Тоа е искажано во сосем друг контекст и друг цитат, а тоа што ѕи сакаш да го наметнеш овде, не само во темава, туку и во категоријата религија воопшто, јас како следам веќе една година активно, не ти успева.
    Не знам уште колку сили имаш, ама секоја чест за издржливоста. Или како османлиите и ти на кондиција не бркаш?!?
     
    На Ицолгудбејбе, ♡BuBaLe♡ и Rama им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    А кој рече дека содржат забрана? Читај малку внимателно пред да цитираш, а ако поентата ти е само да хејташ, тогаш не мора ни да ме цитираш, слободно испцуј ме, извреѓај ме, клевети ме итн. Се надевам тоа ќе те направи да се осеќаш подобро.
     
  9. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    Ти рече...или не рече? :?:
    Кочи малку - навреди немаше! Препрочитај си!
    Не си придавај многу на важност, ако те читам редовно во категоријава, не значи дека го уважувам, туку само дека го почитувам твоето мислење. А ако моето е спротивно на твоето не е говор на омраза. Размисли и не брзај со заклучоци во иднина. :hai:
     
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не рече.

    Значи убаво си пишува, зборови што следат по забраната. „Јас сум Господ, вашиот Бог“ се однесува на зборовите, а не на забраната. А и не мора да се фаќаш за зборови, туку читај го целиот коментар и ќе ја укапираш смислата, па дури и да имам утнато некоја запирка, ќе знаеш што сум сакал да кажам.
     
  11. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    2.437
    Пол:
    Женски
    Но, има и кој знае што значат тие исцртани симболи.
    Тоа соголување на душата и давање јавно на клучот од своето срце.
    Може духовно опасно да биде.
     
    На carangigia и Rama им се допаѓа ова.
  12. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.291
    Пол:
    Женски
    Верувајте си со душата и со срцето. Тоа дал смее или не смее ова она никој незнае правилно. Ама и застарени работи во библијата за тогашното време кои не се споредуваат со сегашноста. Следете ги 10-те Божји заповеди.:)

    На пример ова. Кај може да се гледа на кафе или тоа со очилата прв пат го слушам. Тогаш ни кафе имало ни очила :rofl:. Прајте си како чувствувате само бидете позитивни и добри. Не карајте се вие погоре :rofl::l::l::l::l::l::sun:(poolparty)(poolparty)(poolparty)(poolparty)(poolparty)
     
    На Rama и Jas! им се допаѓа ова.
  13. meganbaby

    meganbaby Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2017
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Неможете да кажете дали имаат или немаат врска со религијата, и залудно ја цитирате библијата, затоа што во тоа време не постоеле тетоважи, така да не може да постои ни правило за тоа дали треба или не треба да се тетовирате. А, тоа што луѓето го мешаат поимот тетовирање со неморалност е од проста причина што до пред некоја година само "неморални" и малку по темпераментните луѓе се тетовирале, па сега уште се чувствува последица од тоа застарено мислење дека ако си тетовиран, си лош човек. Во денешно време секој трет, да не речам секој втор човек има тетоважа и тоа си е најнормална работа, а овие глупости што ги поистоветувате со верата оставете ги. Кој си е верник си е верник, ако ти се плашиш од бога, пази да не наштетуваш на тие околу тебе, а дека ќе "гориш во пеколот" затоа што си се истетовирал.. малку е смешно, да не речам трагикомично.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ај, добро утро дека немале кафе и очила тогаш.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.729
    И зошто жените денес шетаат без покриена коса, и зошто облеката не им е од еден материјал само, итн.. ако почнеме, нема крај. Нема “вистински“ христијани да најдеш :)
    Еве јас за себе ќе ти одговорам. Тетоважата ми е многу значајна. Секогаш кога ми е тешко, ја погледнувам, и знам дека тоа суштество заради кое ја имам, ме сака повеќе од се` и колку и да ми е тешко, кога ќе се вратам дома тоа е тука за мене. А и ќе биде, уште долго откако него ќе го снема, додека сум јас жива.

    Мојата тетоважа е моја лична утеха, симбол на една моја лична борба, нешто што мене ми значи.

    Поинаква сум, ама не поради тетоважата, ниту поради тетоважите кои во иднина ќе ги имам.
    Поинаква сум затоа што преферирам да гледам надвор од кутијата, и да не се поистоветувам со некакво господово стадо.
    Во стадо овци, јас сум козата, така некако :)
     
    Последна измена: 11 јули 2017
    На senjorita-v, candy.cane, bile454 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    2.437
    Пол:
    Женски
    Да, потполно ми е јасно, тоа и сакав да го нагласам
    .
    И секако дека секој има право да си го бира патот по кој ќе чекори.

    Само ете се обидовме да дојдеме до причините поради кои религијата е против тетоважите.

    Ти благодарам на искреноста. :)
     
    На Rama, carangigia и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  17. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.046
    Пол:
    Женски
    До некаде знам дека не е дозволено, сквернавење на тело, нешто неприродно.
    Ама па ако е така тука е и шминката, фарбата за коса, лак за нокти, обетки.... Боја, неприродно се на нас.
    А и ова ме буни. Има доста попови со тетоважи. Не сум прашала никој конкретно.
    Немам и не планирам. Не сум тој тип.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Сметам дека си во право во поглед на цитираното. Ниту јас не верувам во нив. Сепак, забележувам дека ти со својата постапка во автобусот си противречиш на сопственото верување, велиш:
    Имено, ако си верник кој не верува на отци (според мене сосема правилно) тогаш зошто се прекрстуваш?! Па токму тие отци го имаат измислено тоа правило дека верниците (во случајов православните) требало да се прекрстат кога ќе здогледале црковен храм, како и серија други чудни правила за кои Исус Христос - спасителот и избавителот на сите луѓе и души, никогаш ништо не кажал!

    Разбирливо ми е секој кој сака да биде доследен верник на одредена религија дека треба да се запознае со учењето на дотичната религија - и ако така одбрал, да се држи до прописите на таа религија. Ама па ако не ни се допаѓаат прописите на одредена вера или правец, тогаш што бараме таму?

    За мене прописите на црквата се неспоиви со учењето на Исус и поради тоа не се држам до црковните прописи (освен од бон-тон, на пр. како турист при посета на Св. Јован Канео сигурно нема да влезам полу гол, или при посета на џамија или хинду или будистички храм како турист ќе соблечам кондури како и другите посетители).

    За мене е вистина она што Христос и христијанските мистици го подучувале: дека ние сме храм на Светиот Дух, ако сме ние храм тогаш нема потреба од изградба и одење во физички објекти наречени храмови за да го сретнеме или му се доближиме на Бога.

    За мене од суштинска важност е да се прави разлика помеѓу црквата како организација и градба од една страна, и верувањето и почитувањето на Бога од друга страна. Црквата вели дека е Божја - но дали Бог тоа го вели? Исто како што различните политичките партии можат да тврдат и да се нарекуваат демократски партии, тоа не мора да значи дека тие навистина се демократски.
    Смее да биде верник, но како верник кој верува во виша семоќна сила би требало да си го поставиме прашањето: А зошто да се запишуваат животните лузни трајно врз сопственото тело? Каква корист од тоа?

    Христос подучува за силата на молитвата и потребата од простувањето, молењето за прошка и поправањето на погрешно стореното. Христос е единствениот Небесен учител, спасител, избавител - Тој е разрешител на оковите на нашата судбина. Од Исус дознаваме дека во крајна линија човекот самиот е е ковач и предизвикувач на сопствената судбина (по смисла велел: Што човек сее, тоа тој ќе жнее). Зошто сакаме лузните на нашата судбина трајно да ги имаме во спомен? Тоа, зависно од околностите, можеби укажува дека некои работи не сме подготвени да ги надминеме, можеби не сме подготвени да простиме или да замолиме за прошка. Но со тоа остануваме неслободни, не му дозволуваме на Спасителот да дејствува и нè ослободи од оковите на судбината. Многу луѓе тогаш во незнаење го обвинуваат Бога или лошата среќа.

    Кај Бога нема забрани туку упатства како да се постигне трајната среќа и вечноста. Меѓу другото, тоа подразбира постојана искрена самоанализа и освестување: тоа што го правам, ЗОШТО го правам?
     
    Последна измена: 11 јули 2017
    На ЕденЧлен и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  19. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.311
    Пол:
    Машки
    Јас кога ке погледнам црква не се молам на цркавата,јас се прекрстувам и се молам на Господ,за здравје,среќа,љубов,мир,вера и итн.

    Мое тело мој избор,ваше тело ваш избор.Јас сакав да ги запишам мојте лузни на еден поинаков начин,а тој начин се вика УМЕТНОСТ НА КОЖА,мојте тетоважи неможе човек кога ке ги види да ги разбере,затоа што сите тие ги имам јас самиот измеслено и нацртано(не сум уметник),да не се сватиме погрешно,и се исцртани на мој начин.

    Зарем треба секогаш човек да има корист од нешто?
     
    На theowndemon, meganbaby, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  20. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.920
    Пол:
    Женски
    Ммм тетоважи си имал викаш....:l::devil:
    Се напалив упм...

    И јас се нервирам со вакви плитки, примитивни размислувања да речам, ама то е. Прави си ти што сакаш со твоето тело, се додека ти е убо ич нека не ти е гајле за другите.
    За мене тетоважите не се показател за то дали е некој добар или лош. Но делата негови се.
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.