1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тетоважите и религијата

Дискусија во 'Религија' започната од ЕденЧлен, 7 јули 2017.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    2.437
    Пол:
    Женски
    Никој на темава со ниеден збор не рече дека тетоважата покажува дали е некој добар или лош.
    Се обидуваш да ги банализираш мислењата на сите кои од религијски аспект се изјаснија.
    Штета, зошто си паметна и интересна и убаво знаеш да мислиш на други теми.
     
    На ЕденЧлен и Rama им се допаѓа ова.
  2. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.920
    Пол:
    Женски
    Јас си се изјаснив себеси, сакајќи да кажам дека луѓето не ги гледам по тетоважите, како шо теткиве го анализирале еденчлен според нив. Не реков ништо лошо и не се обидов ништо друго да направам.
    Штета, ТИ се обиде да се напрајш паметна ама не ти успеа. Затоа следен пат мисли си пред да кажиш нешто.
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  3. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Член не му се замарај брату верувај си ти во своето.
    Биди човек пријателе а тетоважата не те прави неверник,батали празни муабети.
    Никој не е доследен да суди освен Бог.
    На есен и јас ќе се тетовирам ако ти е за утеха п па според некој и јас ќе бидам неверник заедно може ќе бидеме во пеколот.
    Позз
     
    На Dadusicka, meganbaby, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  4. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.311
    Пол:
    Машки
    Хахахах :)

    Јас сум свесен дека има баш секакви луѓе на светот,и учени,и прости,и неписмени,и глупави,и паметни,будали,буквално секакви.Али неможеш на некој да му го земеш правото,ради некоја си х причина да верува во Гопод,ако гледаме така сите мафијаши се најпобожни,а секој ден прават опасни криминали,убиваат за пари,а се побожни.

    Еве што ако немам тетоважи а сум грешник голем,и идам секој втор ден во црква и се молам на Господ,а упорно и упорно правам гревови?тогаш е ок така?

    Ххаахха гориме приајтеле во пекоЛо :)
     
    На Gosh, "Zoki" и sj *O* им се допаѓа ова.
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    i jas znam deka e taka.
     
    На ЕденЧлен и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Луѓето се тетовираат со цел да остават белег или сеќавање за нешто што ќе биде трајно. Господ во Библијата вели дека го врезал (тетовирал) Ерусалим на својата дланка. Се разбира дека ова е симболично кажано бидејќи Бог нема телесни дланки, но сепак е еден вид тетоважа што Бог ја направил со ветување дека Ерусалим вечно ќе му биде пред очите, дека нема да го остави, ниту заборави.

    „Сион (ерусалимците) рече: „Господ ме остави, Господ ме заборави.”
    Може ли жена да го заборави своето доенче, да не му се смилува на чедото на својата утроба? Па кога некоја и би заборавила, Јас нема да те заборавам тебе. Ете, те врезав во Своите дланки, твоите ѕидови секогаш Ми се пред очите.“ (Исаија 49:14-16, Библијата)
     
    На meganbaby, theowndemon и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  7. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    1.478
    Со самиот чин на тетовирање, свесно си предизвикуваш болка а со тоа се здружуваш со сатаната. А тетовирање, а пирсање или пластични операции , Бог не сака човекот да трпи болки, и тоа свесно си ги нанесува, а уште помалце да го унаказуваш телото онакво какво Тој те создал. Со тоа му противречиш директно на Бога.
    Не очекувам ова да го разберете и одма да се откажете од желбата за тетовирање, исто како што атеист нема да поверува дека Господ постои и покрај сите Божји чуда што ќе ги посведочите. Ама кој има уши, ќе слуша, затоа што човек учи додека е жив, а никој не е безгрешен освен Бог. Луѓе на стари години прават грешки за банални работи во постење, па ќе научат ќе се поправат, а камоли да правеме муабет за ова.
    Секој ќе одговара за своите постапки на судниот ден, ама затоа постои и покајание и проштевање.
    Ова е off topic, не знам каде се најдоа попoвите и нивните пари во тема религија и тетовирање. Како прво, какви христијани сте вие, та да имате толкава омраза и гнев, према оние кои ве крштеваат, венчаат, исповедаат, причестуваат, и држат литургии за вас да ве научат да водите мирен и спокоен живот во верата во Христа, да бидете кротки, да помагате и да не осудувате, зашто како судите така ќе ви биде судено. Луѓето се делат на добри и лоши а не на попови и верници. Дури и не е мое да кажам добри и лоши, ама поентата ми е дека не треба никој да се дискриминира по ххх убедувања, како што нѐ учеа раса, вера, нација итн. Не ги ставајте сите попови у ист кош, еден куп си ја работат работата со многу љубов и вера, имаат еден куп ангажмани, ај вие работете за кој колку ќе ви даде може? на крај краева,да вози поп фичо, мирна ќе ви биде душата, па и тој е човек ко сите нас, со фамилија со све, ама не, за комшијата или колегата или роднината не би го имале истиот коментар, многу попови имаат кола како и секое македонско семејство, ама македонскиот менталитет има тесни хоризонти, или со др име ниско ниво на продуховеност. А таксистите, дерат сѐ живо и диво,да се украде некој денар у секој можен момент а сите знаеме тарифа, ништо против, ги земав само како компарација. И скоро прочитав еден интересен пост, вели, на келнерите им давате што поголем бакшиш, а со луѓето на пазар се ценкате за 20 ден. Тие имаат мало дворче, донеле на пазар малку јаболки, малку кромидче и салата, колку да се помине денот. Поуката извлечете си ја сами!
     
    Последна измена: 11 октомври 2017
    На sjdgo и Rama им се допаѓа ова.
  8. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.311
    Пол:
    Машки
    Бог не сака човекот да трпи болки,па зашто тогаш ни ги одзема најмилите?зашто зима невини души?

    Дали ако јас се покаам за мојте тетоважи ке ми биде простено?

    Дали јас кој со цело срце и душа верувам во Бога и му се молам секој ден,му пеам молитви,и покрај тоа што ми ја зема мојата мајка на 40год кога имаше,јас не престанав да верувам во Бога,ради тоа што имам тетоважи сум неверник?

    А лоповите,криминалците,убијците,кој немаат тетоважи а се секој ден во црква ке им се опростат гревовите?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    1.478
    Сите ние имаме некој кој ни недостасува, на некои прашања едноставно не можеш да добиеш одговор, можеби се работи за некој кармички долг, твоја судбина, да изодиш некој пат за да се издигнеш духовно. Сѐ се случува со причина. На крај краева, и не треба да знаеме сѐ, затоа што Бог има план за секој од нас, и треба да препуштиме во негови раце. Доверба во пријатели, Верба во Бог.
    Со лопови и криминалци поарно не се мешај, секој си гледа за своето, тие нема да останат покуси, секој ќе си го наплати својот долг, на ваков или онаков начин порано или подоцна.
    Никој не вика дека ако имаш тетоважи си неверник. Земаш здраво за готово, тоа е детско размислување, и тоа е она што викам различен степен на духовност. Кој не знае, простено му е од Бога. А веќе кога знаеш, не мора да Продолжиш да се тетовираш. Има и други начини да си помнуваме за покојните, преку слики, збор, сеќавање, тие секогаш ќе бидат вмрежани во срцето. Остајте ги нека почиваат во мир. А тетоважите повеќе доаѓаат од западниот свет на извртени морални вредности, него ли од паганизмот.
     
    На sjdgo и Rama им се допаѓа ова.
  10. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.311
    Пол:
    Машки
    Зашто Бог ако не сака да имаме болка ни ги одзима најдрагите личности?Не збориме дали сите ние имаме некој што ни недостасува,збориме дека како што кажата самата Бог не сака да имаме болка,тогаш зашто им дава болест на малите дечиња болни од рак?од леукемија?нели не треба да се има болка?

    Кармички долг?сериозно?

    Доверба во пријатели во 21 век извини не фала,не постои повеќе вистинско пријателство.А верба во Бог до гроб.

    Јас не се мешам воопшто со криминалци и лопови,но неможе ако јас имам тетоважи сум неверник и грешник,а тој што нема тетоважи а секој ден прави зло,криминал,повредува,лопурди,убива,и оди во црква демек ке му се испере гревот да е поголем верник од мене затоа што имам тетоважи.

    Секој човек на планетава има различен степен на духовност во неговото тело.

    Зашто да не се тетовирам?тоа се симболи кој ми значат само мене и на никој друг,јас не правам зло на никој,не правам болка на никој,јас уживам во тетовирање и не осеќам болка,него осеќам уживање.

    Па не се само тетоважите дојдени од западниот свет,целата храна и начинот на живот е веќе тука од западот.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Не мешај хиндуизам :D

    Туку, бидејќи го спомнавте пирсот, демек се што намерно предизвикува болка, ме интересира за дупчењето уши и колку девојки од тука немаат дупки на ушите?
     
    На candy.cane, CameliaMiller, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    "Не правете рески и не цртајте букви по вашата снага (тело). Јас сум Господ. " Го пише во Стар завет.
     
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    26.540
    Па има тетоважи што не се букви ни пак рески (иако не знам што е тоа буквално).
    Библијата само го ограничува мозокот.
    Што лошо ќе направи тетоважата на другите луѓе?
     
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да ги сфатам овие дискусии. Не за џабе на многу места на социјалниве мрежи забрането е религоско верско дискутирање пошо никогаш не личи на дискутирање.

    Верниците се во еден ептен тежок срање филм дека со тоа што одат и им тупат на "неверниците и грешниците" за нешто, па мислат дека Бог ќе ги сака и обожава и дека ќе бидат наградени за тоа. Не. Бог сака луѓе што не осудуваат други и што ги прифаќаат сите. Кога сретнувам верник со толкава великодушност пред него се осеќам мала, пошо јас ја немам, сеуште ми работи осудувачкиот ум во мене. Постојат луѓе истетовирани што обожаваат животни, хуманитарни се, не фрлаат ѓубре, културни се, искрени, врските со саканите им се здрави исполнети со љубов, и постојат стоки од луѓе кои ги гледаме цело време на телевизија, не се тетовирани ама му ја расцепил главата на куче со секира, излегол на протест пошо не сакале центарот за деца со посебни потреби да им е блиску во населбата, фрла ѓубре на улица, ако може да те заебе ќе те заебе и после ќе дојдам и ќе прочитам СТЕ СЕ ЗДРУЖИЛЕ СО САТАНАТА, алооо! Камо сите нека се тетовирани и добри, кулирајте малце, време е да се изборите против македонско балканскиот синдром - пикање нос кај што не ми е местото.
     
    На Golden, Роберт 7, candy.cane и 9 други им се допаѓа ова.
  15. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Многу луѓе ги сметаат за опасни личности тие што се тетовирани. Исто и јас имам некој страв од тетовирани луѓе. А и не е баш добро мастило да си внесуваш во телото. Не дека сите се криминалци, има тетовирани но мирни луѓе.
    Библијата не е ограничување на умот и целото битие. Туку давање живот на нас самите и на тие околу нас што не сакат.
     
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Ај ти се молам. Имала страв од тетовирани. Тетовирањето ич нема везе дали е некој лош или добар. Тоа дали е добро или не да си ставаш мастило, тоа секој сам ќе си одлучи, нема што некој да коментира за тоа.
     
    На Golden, Роберт 7, candy.cane и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Во стар завет пише и дека вашето семоќно и совршено имагинарно другарче тера татко да си го убие сопствениот син, онака just for fun и за да ја тестира неговата верност, татково со цел памет тргнува стварно да му угоди, и овој го одвраќа во последен момент. Пише и дека при силување, жена треба да се омажи за својот силувач. Се оправдува и ропство, и трговија со луѓе, и што уште не. Кога разумни луѓе ви ги посочат овие гадости, некои од вас се правдате дека цел стар завет не е клучен за христијаните, па договорете се.
    Ти си се плашел од луѓе што одлучиле да си го украсат сопственото тело, јас па се плашам од такви ко тебе што може посебно стариот завет од Библијата да го прифаќаат како правилник што треба да се прави во животот. Еве не знам (уствари лажам, многу добро знам) чиј страв е пооснован.
     
    Последна измена: 30 ноември 2019
    На Lella, CameliaMiller, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.
  18. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Да ви кажам дека и јас едно време сакав тетоважи и сега не ги мразам поради религиски верувања него не ми се допаѓа лично мене.

    Друго.
    Стариот завет мене ми беше главна причина зошто бев атеист бидејки многу е суров.
    Но евреите бидејки биле избран народ омилен на Бог, тие беа и најмногу искушувани од Бога. Па и знаеме како се одрекува со златно теле и со неприфаќањето на Господ Исус Христос.

    Затоа трагите запишете ги на прашина за да можат да исчезнат а среќата на камен за да остане. Исто како кога Христос ги напиша со прст гревовите во прашина на оние што сакаа да ја каменуваат прељубницата. Значи покајание = бришење.
     
  19. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.311
    Пол:
    Машки
    Абе ајде што збориш??имам 8 Тетоважи,и уште ке правам,моето тело мој одлуки.Никогаш не сум бил осудуван,ниту криминалец,ни па нешто лошо сум нанел на некој (тепање,крадење,кршење на закон,проблеми со полиција).Верник сум и свесен дека правам гревови,затоа што непостои безгрешен човек.Ако гледаме така,за мене поневерник е човек што пуши цигари,него некој тетовиран,не сакам никого да навредам,само дадов мој пример.
     
    На Роберт 7 и Adorabela им се допаѓа ова.
  20. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Моето обраќање овде на форумот очигледно сите го чувствувате како да е исполнето со гордост, сила и гнев... Незнам зошто можеби така звучам.
    Значи немам ништо против вас. Речено е да не се мразат грешниците бидејки и ние самите сме грешници. И тоа што го пишав беше само давање на мислење а не на наметнување на нешто што не можете да го прифатите.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.