1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тетоважите и религијата

Дискусија во 'Религија' започната од ЕденЧлен, 7 јули 2017.

  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    На моето тело јас сум Господ.


    Кај ви текнуваат вакви работи, кај одбирате да верувате во нив се чудам.
     
    На Golden, candy.cane, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Јас сум решена да се истетовирам,но ме кочи тоа што е грев :worried: а инаку сум голем верник. Па се плашам.
     
  3. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Љубовта кон Бог е да не го навредиш Бога.
    Стравот Господов - Почеток на Мудроста. Така му кажа духовникот некако на мојот пријател.
     
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    Искрено, баш ми е жал за сите вас што живеете во стегите на религијата. Правила, ограничувања, страв.

    Како што кажаа и погоре, јас сум господар на моето тело и ќе го украсувам како што сакам. Тоа се тетоважите, украс. Уживање за очи ако се добро изработени, убав спомен ако имаат некакво посебно значење.

    Јас имам три, планирам уште во иднина. Само ве молам не се плашете од мене, не сум толку лоша како што изгледам:)
     
    На senjorita-v, Golden, candy.cane и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Во Бог нема никаков страв. Стравот го има само во религијата за да ве држат под контрола. Само човекот може да се навреди. Човечкото его. Бог не може. Како се дрзнуваш ако си верник толку многу да го смалуваш Бог и да велиш дека тој се навредувал од било што? Уживај, Бог не сфаќа лично како ние што сфаќаме, само тој што сфаќа лично може да се навреди.
     
    На 1209 и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  6. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Гревот е навреда, а навредата повод за војна, а ако се освестиме и ако сватеме дека стравот Божји е добар да се има, значи, Бог ни се открил. Страв од Господ значи да не правеме работи што се неугодно на Бога. Гревови.
     
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    4.663
    Пол:
    Женски
    Со ова што си го напишал доле на друга тема денес самиот се опишуваш а не ни сваќаш е тоа е врхунац на испран мозок. И да не сум атеист колку за информација.

     
    Последна измена: 30 ноември 2019
  8. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    1. Потребно е да се има Страв Божји.
    2. Да не се лажеме тие беа избрани и затоа се најави дека Месијата ќе се роди во еврејскиот народ, беа искушувани со секакви искушенија за да виде Бог колку му се верни како омилени (сигурно и ти си ја искушувала најдобрата другарка за да видеш колку ти е верна).

    3. Да, поради лошото толкување некои Архангел Михаил го сметат за Исус Христос.
     
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Замисли, НЕ! Не си ги искушуваме ни пријателите, ни партнерите, ни најмалку еден ден планираме со децата тоа да го правиме ако ги имаме. Зашто не сме незрели деришта што живеат во шпанска сапуница (најблаго кажано), ниту токсични личности. Тоа може само да биде библискиот Господ сфатен озбилно како пример за функционирање - модел за токсичен партнер/родител, семеен насилник. Баш такви луѓе си ги ставаат на „тестови“ и страдање оние „избраните“ што најмногу ги „сакаат“.
    Затоа подалеку на километри од луѓе како тебе!
     
    На candy.cane, Lella, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    4.663
    Пол:
    Женски
    Oдлично напишано само би додала - нормален родител нема избрани и омилени деца сите му се исти и подеднакво ги сака.
     
    На candy.cane, Lella, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Fauhxy

    Fauhxy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Женски
    А ако истетовирам крст на бицепс?
     
    На candy.cane и Lella им се допаѓа ова.
  12. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Од тоа што сме добри родители овде затоа гледам духовните места се полни со детски души, деца од најразлични години 15,10,19,20,+20.
    А причина?
    -тато и мама секојдневно се карат и тепат
    -од мама и од тато никогаш не сум добил бакнеж и прегратка
    -од тато и мама добивам само навреди и ќотек
    -мама и тато си гледат само засебе
    -тато и мама секојдневно се пцујат
    -тато и мама ме ранат со да не кажам што...
    -од мама и тато не сум чул никогаш грижливи зборови замене.
    -тато и мама јадат пици и пијат пиво секоја ноќ в град а ние трпиме во училиште за ужинка.

    Појдете до некои од живите манастири и видете ги децата. Сите во солзи радосници зашто се првпат прегрнати, и тоа од монаси што првпат ги гледат. Повеќе има млади него возрасни. И сосила со глава ѕид рушите, стварно сте тврдокорни. Но штом атеист како мене се освести, и вие ќе се освестете.
     
  13. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.806
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Ти си ту мач.
     
    На CameliaMiller и Gosh им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Па и ти си ја толкуваш библијата како сакаш. Велиш да не се тетовираат зашто така пишува вп стариот завет а ова
    Ти е океј.
    Ај барем да речеше кој во што сала нека верува ама нее. Ние сме забегани, алчни по пари, лажно среќни и себични према блиските.

    Живееме слободно без стеги барем:)
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Ептен искушувате. Прочитај го пак постот неможам да се повторувам по 10 пати.
     
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Нема што да гледам деца по манастири, доволно имам примери и вака во секојдневниот живот на несреќни личности од 15-20 и кусур години. Сите родители од кои страдаат се токму православни христијани што постат, тераат обичаи, идат во црква, што атеизмот им е пропаст, „страста“ (посебно хомосексуална) им е болест - исто ко тебе.
    И навистина е доволно, мислам дека треба модераторите да реагираат на твојава агресивна и забегана пропаганда.
     
    На Lella, Doozy, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски

    Абе јас колку што се сеќавам не треба на светците да им се дава човечки лик, ако веруваш во библијата чему ти е аватаров?? Зошто користиш интернет? Не перете гревови солејќи памет на другите, глејте бидете подобри луѓе и помогнете колку можете. Ако сакаме духовно да се надоградиме и надополниме има каде, не на форум. За нашите дела има кој да суди, тоа не си ти. Поздрав и секое добро.
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Гледам дека често пишувате на форумот оваа реченица овој пасус она ова ве инспирирало па што лошо има тука да се пише? Со самото тоа треба и под форумот религија да се избрише.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Уште на почетокот си напишав админот да ме банира засекогаш ако мисли дека е тоа соодветно. И да ги избрише моите постови.
    Нема људба од моја страна.
     
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Ахам, мисли си:rofl: